Гугутка
![]() | Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Гугутка | |
---|---|
![]() | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Columbiformes |
Семејство: | Columbidae |
Род: | Streptopelia |
Вид: | S. decaocto |
Биномен назив | |
Streptopelia decaocto (Frivaldszky, 1838) |
Гугутка (науч. Streptopelia decaocto) е птица од фамилијата на гулаби (Columbiformes). Во многу јазици има народно име „турски гулаб“ бидејќи на почетокот на XX век од Турција почнала да се населува во Европа.
Изглед[уреди | уреди извор]
Гугутката е слична на дивата гугутка. Горните пердуви од крилата на гугутките се со светлосива до кафена боја. Долга е од 31 до 33 cm, што значи дека е голема колку и градскиот гулаб, но е полесна и изгледа многу понежно. Распонот на крилјата достигнува од 47 до 55 cm, а тешка е од 150 до 200 грама. Двата пола изгледаат исто. Црвените очи им имаат мал бел рамка. Впечатлива карактеристика им е црниот прстен во близина на почетокот на вратот. Се одгласува со трослогвни гугукања, со нагласок на вториот слог, како и голем број други птици од оваа фамилија.
Исхрана[уреди | уреди извор]
Гугутките живеат во паркови и дворови, секогаш во близина на човечките населби. Не се многу плашливи. Се хранат со семки, житарки и овошје. Во зима понекогаш се собираат во јата и заедно бараат храна во парковите и селските имоти.
Размножување[уреди | уреди извор]
Како и голем дел од голубарките, така и гугутките имаат скромно и слабо изградено гнездо. Во гнездата најчесто има едно до две јајца на кои лежи мајката, а младите излегуваат после 13 или 14 дена. Гугутките лежат повеќепати по ред затоа што имаат големи губитоци на јајцата и младенчињата.
Распространетост[уреди | уреди извор]
Гугутката е распространета во Централна и Јужна Европа, а зимува во Северна Африка.
Гугутката како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]
- „Гугуче гука по двори“ — македонска народна песна.[1]
- „Гугучки“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески од 1988 година.[2]
- „Не гука гугутката“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.[3]
- „Гугутки“ — краток расказ на македонскиот писател Бошко Смаќоски.[4]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Антологија на македонската чалгија / Antology of Macedonian Chalgia, Македон мјузик, МАКМ 00106, 2006.
- ↑ Блаже Конески, Црква. Скопје: Арс Ламина - публикации, 2021, стр. 40.
- ↑ Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 11.
- ↑ Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 21-23.