Жолта чапја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Жолта чапја
Жолта чапја на Мадагаскар
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Пеликановидни
Семејство: Чапји
Род: Ardeola
Вид: A. ralloides
Научен назив
Ardeola ralloides
(Scopoli, 1769)

     лето      постојан жител      зима

Жолтата чапја (Ardeola ralloides) потекнува од Стариот Свет и гнезди во јужна Европа и Средниот Исток.

Опис[уреди | уреди извор]

Жолтата чапја е мала чапја, долга од 44 до 47 см, од кои 20–23 см се тело, и имаат распон на крилата од 80 до 92 см.[2] Перјата на оваа чапја се жолтеникаво-окер. Стомакот, опашка и крилјата ѝ се бели. Долгите нозе ѝ се жолти, а краткиот дебел клун е зелено-жолт со црн завршеток. Вратот ѝ е многу кус. Лете, возрасните единки имаат долги пердуви на вратот. Кога летаат изгледаат како да се бели, заради бојата на долните пердуви и белите крилја. Младенчињата на жолтата чапја имаат потемни пердуви.

Живеалиште[уреди | уреди извор]

Жолтата чапја гнезди во слатководни мочуришта и мочурливи низини со трска во Медитеранот и југозападна Азија, Мароко и Етиопија. Таа е птица преселница, па во септември и октомври, лета во Африка, а само некои поединци остануваат да презимуваат во јужниот дел на Медитеранот. Како постојан жител е позната само во Унгарија.

Жолта чапја во лет

Гнездење[уреди | уреди извор]

Жолтата чапја гнезди секоја година од април до јуни во колонии, заедно со други видови чапји, ибиси и мали корморани. Гнездото од трева и трска го прави на стебла од трска или ниски дрвја. Снесуваат 3-4 јајца кои и двајцата родители ги инкубираат и заеднички се грижат за младенчињата откако ќе се испилат, додека по 45 дена не станат самостојни.

Исхрана[уреди | уреди извор]

Жолтите чапји се најактивни во самракот и тогаш ловат разни инсекти, жаби и мали рипчиња.

Јајца од жолта чапја

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BirdLife International (2012). Ardeola ralloides. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. David William Snow, Christopher Perrins (Eds) (1997). The Birds of the Western Palearctic [Abridged]. OUP. ISBN 0-19-854099-X.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]