Голем орел кликач

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Голем орел кликач
Great spotted Eagle I2 IMG 8358.jpg
Голем орел кликач на презимување во Баратпур, Индија
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Поткласа: Нови птици
Инфракласа: Нововилични
Ред: Јастребовидни
Семејство: Јастреби
Потсемејство: Глувчари (спорно)
Род: Орел
Вид: Голем орел кликач
Биномен назив
Aquila clanga
Pallas, 1811
Размножување (светлозелено), зимување (сино)

Големиот орел кликач (науч. Aquila clanga) е голема граблива птица. Како сите типични орли припаѓа на семејството јастреби.

Опис[уреди | уреди извор]

Младенче

Големиот орел кликач е долг 59-71 см, со распон на крилјата 157-179 см и телесна тежина 1,6 - 2,5 кг, а понекоагаш женката може да биде многу голема и да тежи над 3,2 кг.[2][3] Овој средно голем орел е многу сличен на неговиот близок роднина мал орел кликач (A. pomarina), со кого споделува дел од својата распространетост. Главата и горниот дел од крилјата се многу темно кафеави во контраст со другото посветло кафеаво перје. Малиот орел кликач има посветла глава и крилја од него. Главата му е мала за орел. Разликувањето на овие два вида е тешко, а уште поотежнато поради нивното мешање и создавање хибриди.[4]

Често има помалку впечатливи бели дамки на горните делови од крилјата, но посветлите горни делови на крилјата се добар знак за распознавање. Белиот V знак кај опашката е помалку видлив кај возрасните птици отколку кај малиот орел кликач. Повикот му е како кучешко јип.

Систематизација и еволуција[уреди | уреди извор]

Оваа птица порано се сметала за подвид на постојаниот жител на индискиот вид - индиски орел кликач (Aquila hastata), кој во суштина многу се разликува според морфологијата, однесувањето, животната средина и ДНА анализата. Европскиот вид, всушност е многу поблизок до малиот орел кликач, чиј претходник дивергирал некаде во средниот плиоцен, пред 3.6 милиони години [5] од предците на индиските птици. Прото-орелот кликач, најверојатно живеел во регионот на Авганистан, и се разделил на северна и јужна линија кога започнало последното ледено доба. Северната линија се разделила на источните и западните денешни видови.[6]

Како група, орлите кликачи доста се разликуваат од типичните, „вистинските“ орли.

Денешниот вид понекогаш се хибридизира со малиот орел кликач. Ваквите хибриди речиси е невозможно да се идентификуваат ако не се погледнат убаво одозгора.[7]

Распространетост и живеалиште[уреди | уреди извор]

Големиот орел кликач живее во шумските предели каде лови мали цицачи и главно копнен плен. Се парат од северна Европа преку Азија и мигрираат во југоисточна Европа, Среден Исток и јужна Азија. Овие орли снесуваат 1-3 јајца во гнездата кои се наоѓаат на дрвја. Генерално, овие птици се територијални, па младите го поминуваат времето со нивните родители додека не достигнат сексуална зрелост, а потоа бараат територии за да се парат меѓусебно. Зиме птиците се подружељубиви и формираат мали јата од десетина птици кои заедно ја облетуваат областа.

Статус[уреди | уреди извор]

Големиот орел кликач е класифициран во категоријата ранлив[1], зашто популацијата му е помалку од 4.000 двојки. Основна закана за видот е унижтување на неговата животна средина, како и човековото вознемирување за време на сезоната на парење.[8]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 BirdLife International (2012). Aquila clanga. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 јули 2012.
  2. Raptors of the World by Ferguson-Lees, Christie, Franklin, Mead & Burton. Houghton Mifflin (2001), ISBN 0-618-12762-3.
  3. CRC Handbook of Avian Body Masses by John B. Dunning Jr. (Editor). CRC Press (1992), ISBN 978-0-8493-4258-5.
  4. See Väli & Lõhmus (2004) for details
  5. The estimate in Väli (2006) is certainly incorrect; it uses a molecular clock that is appropriate for small passerines with half the generation times of eagles.
  6. Parry et al. (2002), Rasmussen & Anderton (2005), Väli (2006)
  7. Väli & Lõhmus (2004)
  8. Väli & Lõhmus (2000)

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Bishop, K. David (1999): Preliminary notes on some birds in Bhutan. Forktail 15: 87-91. PDF fulltext
  • Meyburg, Bernd-U.; Eichaker, Xavier; Meyburg, Christiane & Paillat, Patrick (1995): Migrations of an adult Spotted Eagle tracked by satellite. Brit. Birds 88: 357-361. PDF fulltext
  • Parry, S.J.; Clark, W.S. & Prakash, V. (2002): On the taxonomic status of the Indian Spotted Eagle Aquila hastata. Ibis 144(4): 665-675. doi:10.1046/j.1474-919X.2002.00109.x (HTML abstract)
  • Rasmussen, Pamela C. & Anderton, John C. (2005): Birds of South Asia - The Ripley Guide. Lynx Edicions, Barcelona. ISBN 84-87334-67-9
  • Töpfer, Till (2007): Nachweise seltener Vogeltaxa (Aves) in Sachsen aus der ornithologischen Sammlung des Museums für Tierkunde Dresden [Records of rare bird taxa (Aves) in Saxony from the ornithological collection of the Zoological Museum Dresden]. Faunistische Abhandlungen 26(3): 63-101 [German with English abstract]. PDF fulltext
  • Väli, Ülo (2006): Mitochondrial DNA sequences support species status for the Indian Spotted Eagle Aquila hastata. Bull. B.O.C. 126(3): 238-242. PDF fulltext
  • Väli, Ülo & Lõhmus, Asko (2000): The Greater Spotted Eagle and its conservation in Estonia. Hirundo Supplement 3: 1-50. HTML abstract
  • Väli, Ülo & Lõhmus, Asko (2004): Nestling characteristics and identification of the lesser spotted eagle Aquila pomarina, greater spotted eagle A. clanga, and their hybrids. J. Ornithol. 145(3): 256-263. doi:10.1007/s10336-004-0028-7 PDF fulltext

Дополнителна литература[уреди | уреди извор]

  • Svensson, Lars (1987) Underwing pattern of Steppe, Spotted and Lesser Spotted Eagles, pp. 12–14 in International Bird Identification: Proceeedings of the 4th International Identification Meeting, Eilat, 1st - 8 November 1986 International Birdwatching Centre Eilat

Надворешни врски[уреди | уреди извор]