Мала белочелна гуска
Мала белочелна гуска | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Гусковидни |
Семејство: | Патки |
Потсемејство: | Anserinae |
Племе: | Anserini |
Род: | Anser |
Вид: | Мала белочелна гуска |
Научен назив | |
Anser erythropus (Linnaeus, 1758) |
Малата белочелна гуска (Anser erythropus) е многу слична на обичната белочелна гуска и е распространета во Азија, но исто така ја има и во Европа и Македонија, како и во северниот дел на Скандинавскиот Полуостров.
Опис
[уреди | уреди извор]Малата белочелна гуска е долга од 53 до 66 см и има распон на крилјата од 120 до 135 см. Таа е позната по своите светлопортокалови нозе и глувчеста боја на горните делови од крилјата. Карактеристично за нејзе е тоа што таа има воочливо бело лице, широки црни ленти кои поминуваат низ стомакот и жолтите прстени кои се наоѓаат околу очите. Нивната раса се смета дека е една од загрозените видови, но има програми кои ги воведуваат овие животни во дивината за нивната популација да зајакне.
Размножување
[уреди | уреди извор]Малата белочелна гуска е моногамна птица. Гнездото го прави директно на земја, често скриено под некој даб. Несе 4-5 белокремасти јајца, со големина 76 х 49 мм и просечна тежина од 100 g. Ги инкубира само женката 25–28 дена. Малечките се испилуваат доволно развиени за да можат самостојно да се движат и хранат.
Популацијата на Скандинавскиот Полуостров
[уреди | уреди извор]Ова генетско различно население се проценува на околу 20 пара за размножување или од 60 до 80 од вкупниот број поединци. Тие се одгледуваат во Северна Норвешка, а зимуваат во Грција, Бугарија и Турција. Нивно собиралиште е место кое се наоѓа во Унгарија, каде птиците поминуваат до два месеца во есента и еден месец во текот на пролетната преселба.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Lengyel S, Tar J, Rózsa L (2012). „Flock size measures of migrating Lesser White-fronted Geese Anser erythropus“ (pdf). Acta Zoologica Academiae Scientiarum Hungaricae. 58: 297–303.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- „Anser erythropus“. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 2006. Посетено на 9 May 2006.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- BirdLife Species Factsheet.
- Cyberbirding – Lesser White-fronted Goose Архивирано на 21 февруари 2006 г.
- Portal to the Lesser White-fronted Goose by the Fennoscandian Lesser White-fronted Goose project
- Lesser White-fronted Goose videos Архивирано на 16 мај 2016 г. on the Internet Bird Collection