Мал пескар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мал пескар
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Семејство: Блатарки
Род: Charadrius
Вид: Мал пескар
Научен назив
Charadrius dubius
Scopoli, 1786
Charadrius dubius Јајце

Малиот пескар или малиот свиркач (науч. Charadrius dubius) е мала блатарка која живее во отворени области со чакал во близина на слатки води, вклучувајќи и јами со чакал, острови и крајбрежја на реките во Европа и западна Азија. Оваа птица ја има и во Македонија.

Опис[уреди | уреди извор]

Возрасните птици имаат сивокафеав грб и крилја, бел стомак, бели гради со една црна линија како ѓерданче. Имаат црна капа, челото им е бело и црна маска околу очите обрабена со бело. Клунот им е краток и темен. Нозете се месо боја, а прстите се поврзани со ципа.

Се разликува од малку поголемиот среден пескар во бојата на нозете, нијансите на главата и присуството на јасниот жолт прстен околу очите.

Живеалиште и поведение[уреди | уреди извор]

Малиот пескар живее во близина на слатки води, крај реки, езера, во чакалести предели. Зимно време се селат во Африка. Гнездото го сместуваат на земја, поточно во чакалот, со малку или без растенија. Обата родитела се менуваат при инкубацијата. Се хранат пасејќи во мочурливата земја, обично јадејќи тоа што можат да го видат. Јадат инсекти и црви.

Малиот пескар е еден од видовите на кои се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските водни птици-преселници.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BirdLife International (2012). Charadrius dubius. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]