Свиларче
Свиларче | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчевидни |
Семејство: | Cettiidae |
Род: | Cettia |
Вид: | Свиларче |
Научен назив | |
Cettia cetti (Temminck, 1820) |
Свиларчето (науч. Cettia cetti) е мала кафеава птица што живее во грмушки, низ јужна и централна Европа,[2] северозападна Африка и југоисточна умерена Азија до Авганистан и северозападен Пакистан. Ја има и во Македонија. Ова е единствена птица од ова семејство што е распространета надвор од Азија. Taa e многу прикриена птица, односно тешко може да се види, како славејчето, и се покажуваат само еден краток момент.[3]
Опис
[уреди | уреди извор]Свиларчињата се мали птици, долги 13-14 см,[4] тешки 12-15 грама.[5] Имаат заоблена глава со тенка бледо сива лента што минува над впечатливо црните очи, и кратки заоблени крилја. Богатите костенливи или темноцрвенокафеави бои ги има на крилјата, и на горните делови: главата и грбот. Однапред се светлосиви, на грлото и стомакот. Опашката им е подолга и поширока од повеќето други трскарчиња и грмушарчиња.[6]
Мажјаците и женките се слични. Мажјаците се 26% до 32% потешки од женките. Исто така, мажјаците имаат подолги пердуви на крилјата.[7][8]
Поведение
[уреди | уреди извор]Живеалиштето на свиларчето се влажните подрачја, вклучувајќи ги барите, езерата, мочуриштата и реките. Тие се хранат со инсекти, помали за полесно да ги свари.[9]
Свиларчето го сигнализира своето присуство со многу гласна, и со висока честота, песна.[4] Пеење на свиларчето на YouTube Преку лето, мажјаците голем дел од времето го минуваат создавајќи ја својата територија, а многу помалку за грижа околу јајцата и пилињата. Откако ќе ја означат територијата, мажјаците обично привлекуваат повеќе од една женка со своето пеење.[10] Песната игра важна улога. Таа е карактеристична и им дозволува на своите видови да се пронајдат и да се спречи меѓувидово парење.[11]
Статус
[уреди | уреди извор]Во Европа има околу 600.000-1.600.000 пара свиларчиња.[12] Популацијата е стабилна и во благ пораст, па затоа според Црвениот список на МСЗП е класифициран како вид со најмала загриженост.[13]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ BirdLife International (2012). „Cettia cetti“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
- ↑ Robinson, Robert A; Stephen N. Freemen, Dawn E. Balmer and Mark J. Grantham (2007). „Cetti's Warbler Cettia cetti: analysis of an expanding population“. BTO. 54: 230.
- ↑ Seago, Michael J (31). „Cetti's Warbler, Cettia Cetti“. Архивирано од изворникот на 2015-05-08. Посетено на 2013-09-05. Наводот journal бара
|journal=
(help); Проверете ги датумските вредности во:|date=, |year= / |date= mismatch
(help) - ↑ 4,0 4,1 „The RSPB: Cetti's Warbler“. 1. Наводот journal бара
|journal=
(help); Проверете ги датумските вредности во:|date=, |year= / |date= mismatch
(help) - ↑ „BTO BirdFacts | Cettiâs Warbler“. BTO BirdFacts. 31. Проверете ги датумските вредности во:
|date=, |year= / |date= mismatch
(help) - ↑ „Videos- Cetti's Warbler“. Наводот journal бара
|journal=
(help) - ↑ Colin J., Bibby; Derek K. Thomas (1984). „Sexual dimorphism in size, moult and movements of Cetti's Warbler Cettia cetti , Bird Study“. 31 (1): 28–34. Наводот journal бара
|journal=
(help) - ↑ Zumet, Javier Blasco; Gerd Michael Herinze. „Cetti's Warbler“. Laboratorio Virtual Ibercaja: 1–5.
- ↑ Molin, Javier, and Ismael Camach (1998). „Deit of Cetti's Warblers Cettia Cetti (Temmink, 1820) in a Locality of Southern Spain“ (PDF). Ardeolo. 2. 45: 217–220. Недостасува
|author1=
(help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ↑ „Bird Guides-Cetti's Warbler“. Архивирано од изворникот на 2008-04-12. Посетено на 31 Oct 2012.
- ↑ Hamao, Shoji, Maria J. S. Veluz, Takema Saitoh, and Isao Nishiumi (2008). „Phylogenetic Relationship And Song Differences Between Closely Related Bush Warblers (Cettia Seebohmi And C. Diphone“. The Wilson Journal of Ornithology: 268–276.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ „Species: Cetti's Warbler“. Посетено на 1 Nov 2012.
- ↑ „Cettia Cette-Cetti's Warbler“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-01-04. Посетено на 2 Nov 2012.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Свиларче“ на Ризницата ? |
- Возраст и пол (PDF; 2.9 MB) од Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze Архивирано на 12 ноември 2013 г.
- Свиларче (француски)