Тенкоклунест трскар
Тенкоклунест трскар | |
---|---|
![]() | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчевидни |
Семејство: | Трскари |
Род: | Acrocephalus |
Вид: | Тенкоклунест трскар |
Биномен назив | |
Acrocephalus melanopogon (Temminck, 1823) |
Тенкоклунестиот трскар (науч. Acrocephalus melanopogon) е мала врапчевидна птица од семејството на трскарите (Acrocephalidae). Се размножува низ јужна Европа и јужна умерена Азија со неколку популации во северозападна Африка. Ја има и во Македонија. Таа е делумно птица преселница. Југозападните европски популации се постојани жители, источноевропските зимуваат во средоземниот опсег, а Азиските се селат на Арабискиот Полуостров и во Пакистан[2]. Ретко се појавува северно од својот опсег, но како многу редок скитник е забележана во Полска и Данска.
Опис[уреди | уреди извор]
Тенкоклунестиот трскар е со средна големина од неговото семејство, долг 12-13.5 см. Нема изразен полов диморфизам, мажјаците и женките се исти. Од горната страна се црвеникавокафеави прошарани со црно, а одоздола се бели. Главата им е црна прошарана, и имаат силна бела линија над окото. Тилот и кај опашката не се прошарани, еднобојни им се. Опашката им е кафеава, обрабена со црвеникави краеви на пердувите[3]. Клунот им е долг, тенок, остар и силен.
Поведение[уреди | уреди извор]
Живеалиштето на оваа птица се влажните места крај реките, речните канали, езера, бари со трски и другите водни растенија. Рамнините се најсоодветни за овој вид, иако се среќава и во планините, до 1900 метри надморска височина. Се храни исклучуво со инсекти, а многу ретко со пајаци и мали мекотели.
Песната на тенкоклунестиот трскар е брзо чрчорење со некои додатоци од свиркање и имитации на други птици. Неговата песна е помека и помелодична отколку на неговите роднини и заличува на песната на славејчето. Не пее во лет.[4]
Гнездото го прави во грмушки, но почесто меѓу трските над вода. Вообичаено се моногамни и имаат едно легло годишно со 3-6 јајца кои ги несат во средината на април. Ги инкубираат 14-15 дена.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ BirdLife International (2012). „Acrocephalus melanopogon“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
- ↑ Snow, David W.; Perrins, Christopher M.; Doherty, Paul & Cramp, Stanley (1998): The complete birds of the western Palaearctic on CD-ROM. Oxford University Press. ISBN 0-19-268579-1
- ↑ http://www.ibercajalav.net/img/354_MoustachedWarblerAmelanopogon.pdf[мртва врска]
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2016-10-01. Посетено на 2013-09-05.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Возраст и пол (PDF; 1.9 MB) од Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze[мртва врска]
- Тенкоклунест трскар, опис и звук Архивирано на 1 октомври 2016 г.(руски)
- Avibase