Бранко Мицевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Бранко Мицевски (Свето Тодори, Битолско, 19 октомври 1958) е македонски зоолог и универзитетски професор[1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Мицевски, основно и средно образование завршил во Битола. Од 1977 година студирал на ПМФ во Скопје, група биологија, на кој дипломирал во 1981. Во 1982 година е примен како приправник на Зоолошкиот завод при ПМФ во Скопје. Магистерскиот труд го одбранил во 1985 година. За помлад асистент бил избран во 1987, а докторирал во 1990 година. Во звањето доцент е избран во 1991, во 1996 е избран за вонреден и во 2001 година за редовен професор.

Библиографија[уреди | уреди извор]

Објавил 43 научни трудови од областа на урбаната орнитологијата и синекологијата, орнитологијата, екологијата, фаунистиката и биогеографијата, енергетиката на птиците, валоризацијата и заштитата на природните и урбаните екосистеми. Најзначајни трудови на д-р Мицевски се:

  • Micevski, B., 1990. Ptice Skopje. Larus, 41/42:101-119, Zagreb.;
  • Micevski, B., 1990. Sinantropizacija i klasifikacija sinantropnih prostora ptica. Larus, 41/42:121-133;
  • Мицевски, Б., 1991. Социјален живот на птиците во доминантните шумски заедници на планината Галичица. Прилози, 12,1-2:39-53;
  • Micevski, B., 1992. Faunistics, ecology, structure and energetics of the ornithocenosis in Macedonian oak ecosystem (Quercetum trojanae em. et Ht.) in the NP Galichica (Macedonia, Yugoslavia). Ed: Teller, A. et all.:Responses of forest ecosystems to environmental changes, Elsevier applied science, London & New York;
  • Micevski, B., 1992. O metodi Pojasnog Mapiranja u ornitologiji. Glasnik prirodnjackog muzeja u Beogradu, B-47:101-106. Zagreb;
  • Мицевски, Б., 2005. Нови видови птици за орнитофауната на Р. Македонија. Год. Зб., Биол., 55-56.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Во Македонија живеат само три вида отровни змии“, Дневник (посет. 19 ноември 2009 г). (на македонски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]