Прејди на содржината

Златно блатарче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Златно блатарче
Возрасен со перје во сезона на парење
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Семејство: Блатарки
Род: Pluvialis
Вид: Златно блатарче
Научен назив
Pluvialis apricaria
(Linnaeus, 1758)

Златното блатарче или европското златно блатарче (науч. Pluvialis apricaria) — вод птица од семејството на блатарките, малку поголема од сличните на неа, американско златно блатарче Pluvialis dominiica и тихоокеанското златно блатарче Pluvialis fulva, кои освен што се помали се и потенки и со малку подолги нозе. Исто така, пердувите за летање им се сиви, а не бели (се гледаат само при лет). Оваа птица е распространета низ посеверните делови на Европа и западна Азија. Таа е птица преселница која зимува во јужна Европа и северна Африка. Ја има и во Македонија.

Со зимско перје

Возрасните единки во сезоната на парење се со златни и црни точки на круната, грбот и крилјата. Ликот и вратот им е црн обрабен со бело, градите им се црни и имаат темна опашка. Нозете, исто така, им се црни. Зимно време, црната боја им се губи и тогаш ликот и градите им се жолтеникави, а одоздола се бели.

Живеалиште

[уреди | уреди извор]
Јато со зимско перје лета во Шпанија

Живеалиштето на златното блатарче се мочурливите и влажни предели на Европа и Азија. Тие гнездат на земја, на сув и отворен простор. Птици преселници се, кои зимуваат во јужна Европа и северна Африка. Околу 500.000 птици зимуваат во Ирска и Велика Британија. Иако е вообичаена птица, поради нарушувањето на животната средина во минатото, таа во некои земји повеќе не гнезди, како на пример, во Полска, каде се појавува само како заскитана.

Размножување

[уреди | уреди извор]
Pluvialis apricaria altifrons

Гнездото претставува плитка дупка во земјата покриена со малку растителен материјал. Обично се наоѓа на отворена земја, многу ретко заштитено во трева. Несат 4 јајца во период од 2-3 дена, со големина од 52 мм и жолтокафеава боја со потемни точки. Обата родитела наизменично ги квачат јајцата триесетина дена. Откако ќе се испилат, малите веднаш го напуштаат гнездото и се способни да се хранат самостојно, но остануваат под надзор на своите родители. Ако до гнездото се приближи грабливец, возрасните им го одвлекуваат вниманието и ги оддалечуваат од него.

Овие птици ја пасат храната во тундрите, полињата, крајбрежјата, обично она што ќе го здогледаат. Се хранат и на месечева светлина. Јадат инсекти, ракчиња и бобинки.

Златното блатарче е еден од видовите на кои се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските водни птици-преселници.

Во Исланд
  1. BirdLife International (2012). Pluvialis apricaria. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  • Tomek, T. & Bocheński, Z. (2005). Weichselian and Holocene bird remains from Komarowa Cave, Central Poland. Acta Zoologica Cracoviensia, 48A(1-2), 43-65. PDF fulltext

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]