Долгонога шлука
Долгонога шлука | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Бекасови |
Семејство: | Recurvirostridae |
Род: | Himantopus |
Вид: | Долгонога шлука (disputed) |
Научен назив | |
Himantopus himantopus (Linnaeus, 1758) | |
Подвидови | |
1–7, види во текстот |
Долгоногата шлука, (науч. Himantopus himantopus) е широко распространета крајбрежна птица со многу долги нозе. Повеќето извори денес сугерираат дека постојат 2-4 вида.[2][3][4][5][6][7] Оваа птица ја има и во Македонија.
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Опис
[уреди | уреди извор]Возрасните долгоноги шлуки се долги 33-36 см. Имаат долги розови нозе, долг тенок црн клун и се црнкави одозгора и бели одоздола, со бел врат и глава. Мажјаците имаат црн грб, често со зеленикав сјај. Кај женките, пак, грбот има кафевкава нијанса која е во контраст со црните пердуви на крилјата. Младенчињата имаат сиво наместо црно и песочна нијанса на крилјата.
Таксономија и систематизација
[уреди | уреди извор]Таксономијата на оваа птица е сè уште проблематична. Некои издвојуваат најмногу 5 вида, а други, пак, сите ги сметаат за подвидови. Најприфатена таксономија е следната:
- Himantopus himantopus himantopus или H. himantopus) (Linnaeus, 1758) – вклучувајќи ги и предложените подвидови meridionalis (јужна Африка) и ceylonensis (Шри Ланка)
- распространет е во западна Европа и Средоземјето до Средна Азија и потсахарна Африка, како и Мадагаскар, јужна и југоисточна Азија[8][9][10]. Северозападните популации се селат на југ во зима.
- Главата и вратот варираат од целосно бели до бели со црна капа и црно на задниот дел од вратот, вообичаено со бела линија низ горниот дел на грбот.
- Himantopus himantopus mexicanus, Himantopus mexicanus mexicanus или H. mexicanus (P.L.S.Müller, 1776)
- Јужниот дел на Северна Америка преку Средна Америка и Карибите до северен Перу и североисточен Бразил.
- Главата и вратот се секогаш бели, со црна капа која досега до линијата на окото, бела точка под окото и црна линија на задниот дел од вратот. Обично нема бела линија на горниот дел од грбот.
- Himantopus himantopus melanurus, Himantopus mexicanus melanurus или H. melanurus (Vieillot, 1817)
- Јужна Америка од централен Перу и северен Чиле до југоисточен Бразил и Аргентина.
- Главата и вратот обично се бели со црна линија на задниот дел од вратот и црна линија од тилот до окото. Обично има отворена црна линија на градите и бела низ горниот дел од грбот.
- Himantopus himantopus leucocephalus или H. leucocephalus (Gould, 1837)
- Јава до Нова Гвинеја, Австралија и Нов Зеланд.
- Главата е обично целосно бела, вратот бел со црно одзади и со отворена црна лента на градите. Обично има бела дамка на горниот дел од грбот.
- Himantopus himantopus knudseni, Himantopus mexicanus knudseni или H. knudseni (Stejneger, 1887)
- Хаваи, каде е единствена крајбрежна птица.
- Во основа слична со H. mexicanus, но црното на главата и вратот е пораширено, обично до под окото.
Поведение
[уреди | уреди извор]Живеалиштето за размножување на долгоногата шлука се мочуриштата, плитките езера и вештачки езерца. Некои популации се птици преселници и се селат на океанските крајбрежја зиме, a оние од потоплите краишта се постојани жители и само посетители на некои региони.
Се хранат собирајќи ја храната од песокот или од плитката вода. Претежно јадат инсекти и ракчиња.
Се гнездат на оголено место на земја, во близина на водата, обично во помали групи.
Долгоногата шлука е еден од видовите на кои се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските водни птици-преселници.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Младенче
-
Младенче himantopus
-
Himantopus himantopus himantopus во лет
-
Во време на оперјување
-
Во Хаваи
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ BirdLife International (2012). „Himantopus himantopus“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
- ↑ „Himantopus himantopus“. IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. 2008a. Посетено на 2 January 2009.
- ↑ „Himantopus leucocephalus“. IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. 2008b. Посетено на 2 January 2009.
- ↑ „Himantopus mexicanus“. IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. 2008c. Посетено на 2 January 2009.
- ↑ BirdLife International (BLI) [2008d]: Black-necked Stilt Species Factsheet. Retrieved 2008-SEP-24.
- ↑ BirdLife International (BLI) [2008e]: Black-winged Stilt Species Factsheet. Retrieved 2008-SEP-24.
- ↑ BirdLife International (BLI) [2008f]: White-headed Stilt Species Factsheet. Retrieved 2008-SEP-24.
- ↑ VanderWerf, Eric A.; Wiles, Gary J.; Marshall, Ann P. & Knecht, Melia (2006): Observations of migrants and other birds in Palau, April–May 2005, including the first Micronesian record of a Richard's Pipit. Micronesica 39(1): 11–29. PDF fulltext Архивирано на 15 јуни 2011 г.
- ↑ Wiles, Gary J.; Worthington, David J.; Beck, Robert E. Jr.; Pratt, H. Douglas; Aguon, Celestino F. & Pyle, Robert L. (2000): Noteworthy Bird Records for Micronesia, with a Summary of Raptor Sightings in the Mariana Islands, 1988–1999. Micronesica 32(2): 257–284. PDF fulltext Архивирано на 23 април 2013 г.
- ↑ Wiles, Gary J.; Johnson, Nathan C.; de Cruz, Justine B.; Dutson, Guy; Camacho, Vicente A.; Kepler, Angela Kay; Vice, Daniel S.; Garrett, Kimball L.; Kessler, Curt C. & Pratt, H. Douglas (2004): New and Noteworthy Bird Records for Micronesia, 1986–2003. Micronesica 37(1): 69–96. HTML abstract Архивирано на 5 мај 2009 г.
Литература
[уреди | уреди извор]- Hayman, Peter; Marchant, John & Prater, Tony (1986): Shorebirds: an identification guide to the waders of the world. Houghton Mifflin, Boston. ISBN 0-395-60237-8
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Долгонога шлука“ на Ризницата ? |
„Долгонога шлука“ на Ризницата ? |
- Black-winged Stilt videos, photos & sounds Архивирано на 15 март 2015 г. on the Internet Bird Collection
- Black-winged Stilt – Species text in The Atlas of Southern African Birds.
- Ageing and sexing (PDF; 2.7 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze Архивирано на 28 јануари 2012 г.