Балевец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Балевец
Κολχικό
Балевец is located in Грција
Балевец
Балевец
Координати: 40°45.22′N 23°7.53′E / 40.75367° СГШ; 23.12550° ИГД / 40.75367; 23.12550Координати: 40°45.22′N 23°7.53′E / 40.75367° СГШ; 23.12550° ИГД / 40.75367; 23.12550
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОпштинаЛагадина
Надм. вис.&10000000000000160000000160 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно1,959
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Баловец (наречено и Баловец, Балавце, Балавча или Балавџа; грч. Κολχικό, Колхико) е село во подрачјето на Лагадина, Егејска Македонија (денес Грција). Населението брои 1.959 жители (2001).[2]

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Балевец е село на околу 7 км источно од градот Лагадина и на надморска височина од 130 м . До 1924 г. селото било населено исклучиво со Македонци.

Историja[уреди | уреди извор]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Балевец традиционално се смета за прилично богато село, произведувајќи големи количества тутун, памук, детелина, градинарски култури и овошје. Добиточниот фонд се состоел од 4.500 овци и 1.000 глави крупен добиток.

Демографија[уреди | уреди извор]

Сè до 1924 г, Балевец било сосем македонско село. Како такво Васил К’нчов го споменува со 360, а Бранков со 588 жители, додека во пописот од 1913 г. се води со 1.000, а во 1920 г. со 749 жители. По 1922 г. во селото се населил извесен број на грчки --- понтски --- доселенички семејства од Мала Азија, но и понатаму продолжил да преовладува македонскиот елемент. Заедно со доселениците, во 1928 г. селото се води со 846, во 1940 г. со 1.268, во 1951 г. со 1.655, во 1961 со 1.676, а во 1971 г. со 1.400 жители.[3]

Денес селото има 1.959 жители. Според Тодор Симовски, денес потомците на староседелските Македонци се побројни од потомците на грчките доселеници.[4]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf. 
  2. Статистичка управа на Грција - Моментална состојба на населението во 2001 г. (грчки)
  3. Симовски, Тодор (1978). Населените места во Егејска Македонија: географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 383. 
  4. Тодор Симовски „Населените места во Егејска Македонија“, Скопје 1998.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]