Туминец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Туминец

Тuminec
Село
Tuminec.jpg
Туминец is located in Албанија
Туминец
Туминец
Координати: 40°53′58″N 20°56′21″E / 40.89944° СГШ; 20.93917° ИГД / 40.89944; 20.93917Координати: 40°53′58″N 20°56′21″E / 40.89944° СГШ; 20.93917° ИГД / 40.89944; 20.93917
Земја Албанија
ОбластКорча
ОпштинаПустец
Општ. един.Пустец
Население (2000)
 • Вкупно658
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)

Туминец е село во Мала Преспа, Република Албанија, Општина Пустец, Округ Корча.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Туминец (над. вис. 850м) се наоѓа на Пречна Планина, на самиот брег на Преспанското Езеро близу до граничниот премин Стење-Горица. Туминец е второ село по големина во Мала Преспа со околу 800 жители. Неговата местоположба е покрај бреговите на Преспанското Eзеро.

Историja[уреди | уреди извор]

Ова е релативно ново село. Порано имало друго, Старо Село, што се наоѓало јужно од сегашното, но поради надоаѓањето на водата, селото било потопено. Уште понајуг се наоѓа манастирот Св. Марена - единствена црква посветена на оваа светица. Жителите на ова село се староседелци и сите се Македонци со православна вероисповед.

Економија[уреди | уреди извор]

Населението од Туминец се занимава со риболов, сточарство, земјоделие, лозарство и правење ќумур.

Демографија[уреди | уреди извор]

Населението изнесува 800. Жителите на ова село се староседелци и сите се Македонци со православна вероисповед.

Родови[уреди | уреди извор]

Во селото живеат Македонци православни, а родовите во селото се следните:

  • Андоновци
  • Вурмовци
  • Јанкуловци
  • Кацериновци
  • Келепуровци
  • Митревци
  • Милевци
  • Мишовци(Трајчевци)
  • Поповци
  • Ставревци
  • Суљовци
  • Темелковци
  • Трифуновци
  • Шулевци

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]