Цветко Трајков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Цветко Трајков
Роден ?
Ресен, Македонија
Починал 1 мај 1903
Солун, денес Грција

Цветко Трајков — македонски револуционер - анархист, член на Гемиџиите и учесник во Солунските атентати.

Животопис[уреди | уреди извор]

Трајков е роден во Ресен, тогаш во Османлиското Царство. Се вклучил во македонското револуционерно движење, дел од структурите на Македонскиот комитет во Софија и станал телохранител на Борис Сарафов.

Во 1900 година имал околу 40 или 50 години и бил тешко болен од туберкулоза.[1]

Дошол во Солун и им се придружил на Гемиџиите. Како нивни член учествувал во Солунските атентати. Тој добил задача да го ликвидира солунскиот валија Хасан Фехми Паша.

Според Павел Шатев, Цветков атентатот врз валијата сакал да го изврши пред главните напади но останатите атентатори го убедиле да почека, бидејќи убиството на валијата би можело да ја раздвижи полицијата и војската и со тоа да дојде до откривање на атентатите.

По главните напади, Цветко го следел валијата кој се обидувал да го убеди населението дека ќе биде воспоставен редот и мирот во Солун.

На 1 мај (нов стил)[2] во квартот „Пиргите”, Трајков прави обид за извршување на атентатот, но телохранителите на валијата го оттргнале од пајтонот и тој се оддалечил малку ја активирал бомбата седнал врз неа и се разнел пред очите на валијата.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Благов, Крум. 50-те най-големи атентата в българската история, Атентат № 2.
  2. Хр. Силянов „Освободителнитѣ борби на Македония“, том I, 259 стр.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Институт за историја - Филозофски факултет, Скопје.
  • К. Битоски, Солунски атентати, Скопје, 1985.
Гемиџии
Јордан Поп Јорданов - Орцето | Константин Кирков | Павел Шатев | Марко Бошнаков | Цветко Трајков | Георги Богданов | Милан Арсов | Димитар Мечев | Владимир Пингов | Илија Трчков | Димитар Коштанов