Владимир Пингов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 1883
Велес, Македонија
Починал 16 април 1903
Солун, денес Грција

Владимир Пингов (познат и како Владе Пингов и Ладе Пингов) е македонски револуционер - анархист, член на илегалниот терористички кружок Гемиџии, извршител на познатите Солунски атентати во 1903 година.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е во Велес. Се одликувал со весел дух и неверојатна ладнокрвност која ќе влијае смирувачки врз неговите другари во решавачките моменти.

Пред изршувањето на солунските атентати изнајмува дуќан-берберница во Солун, кој бил само камуфлажа на акцијата за прокопување на подземен тунел што водел до Отоманската банка.

Заедно со Марко Бошнаков на 29 април 1903 година, ќе се обидат да ги кренат во воздух Топането и хотелот „Вардар“.

Меѓутоа ненадејно ги пресретнуваат турски војници. Во престрелката Бошњаков е заробен, а тој загинува [1][2].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Кратки биографии на атентаторите
  2. Мариан Гяурски, „Анархизмът в македоно-одринското националнореволюционно движение: Солунските атентатори“

Литература[уреди | уреди извор]

  • Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски Факултет
  • К. Битоски, Солунски атентати, Скопје, 1985


Slogan na Gemidziite.svg
Гемиџии
Guadalkivir solun.jpg
Јордан Поп Јорданов - Орцето | Константин Кирков | Павел Шатев | Марко Бошнаков | Цветко Трајков | Георги Богданов | Милан Арсов | Димитар Мечев | Владимир Пингов | Илија Трчков | Димитар Коштанов