Константин Кирков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Kostadin Kirkov.jpg
Роден Велес, Отоманска империја
Починал 18 април 1903
Солун, Отоманска империја

Константин Кирков (познат и како Костадин Кирков; 1882 - 18 април 1903) — македонски револуционер - анархист, член на тајниот терористички кружок Гемиџии кој ги извел познатите Солунски атентати кон крајот на април 1903 година во Солун.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е во Велес, во видно македонско трговско семејство. Го сметале за инкарнација на „возвишен идеализам“, за голем индивидуалист и фанатичен приврзаник на анархизмот. Надворешно важел за младич со префинет изглед.

На 28 април 1903 година (нов стил) Кирков прво ги минира цевките низ кои поминува вода и гас кај т.н. серска железничка станица во Солун, а потоа фрла една бомба помеѓу луѓето пред „Гранд Хотел“.[1]

На 18 април загинал при обидот да ја крене во воздух телеграфската станица во текот на Солунските атентати, а тоа воедно бил и последен атентат.[2][3][4]

Кирков бил вљубен во убавата внука на сопственикот на тогашната Отоман банк, Алис.

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Институт за историја - Филозофски факултет, Скопје.
  • К. Битоски, Солунски атентати, Скопје, 1985.


Slogan na Gemidziite.svg
Гемиџии
Guadalkivir solun.jpg
Јордан Поп Јорданов - Орцето | Константин Кирков | Павел Шатев | Марко Бошнаков | Цветко Трајков | Георги Богданов | Милан Арсов | Димитар Мечев | Владимир Пингов | Илија Трчков | Димитар Коштанов