Прејди на содржината

Наде Проева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Наде Проева
Родена 9 септември 1949
Ресен, НР Македонија, ФНРЈ
Починала 7 ноември 2024(2024-11-07) (возр. 75)
Скопје, Македонија
Занимање историчар, професор, автор

Наде Проева (Ресен, 9 септември 1949 - Скопје, 7 ноември 2024) — македонска историчарка и класицист, редовна професорка на Катедрата за историја при Филозофскиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје. Нејзиниот научен интерес првенствено бил насочен кон историјата на Античка Македонија, со своите научни трудови придонел за развојот на историската наука, особено во делот за антиката кој долго време бил пренебегнуван од разни причини.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Родена е на 9 септември 1949 година во Ресен, каде завршила средно образование, поточно гимназија. Дипломирала на античка археологија во 1973 година, на Филозофскиот факултет во Белград, со темата „Четири необјавени доцноантички некрополи од околината на Прилеп“.

Од 1 декември 1973 до 1 март 1975 година, таа работела како кустос во Народниот музеј во Прилеп. Во јуни 1978 година, на Филозофскиот факултет во Белград, таа ја одбранила магистерската тема: „Типологија на надгробните споменици во југословенскиот дел во римската провинција Македонија“, а во декември 1992 година, на групата за историја и докторската теза: „Влијание на доселениците на развојот на културните прилики во римската провинција Македонија“.

Од 1979 до 1981 година, Проева била на специјализација во Париз, на Универзитетот Сорбона, каде што се здобила со диплома за продлабочени студии од областите епиграфика, нумизматика и религија.

Од 01.03.1984 година, таа била избрана е со звање – предавач на Филозофскиот факултет во Скопје (Институт за историја) за предметот Историја на стариот век, а од 1993 година, и за доцент на предметот Историја на античките Македонци, a се пензионирала како редовен професор.

Повеќе пати била на студиски престои во странство: Полска (1977), Француска археолошка школа во Грција (од 1992 речиси секоја година), француски институт во Истанбул (1993), Австриска академија на науките (1998), Универзитети во Нанси и во Нантер-Paris X и др.

Настапувала на меѓународни научни собири во Франција, Канада, Србија, Бугарија, Хрватска, Естонија, Русија, Романија, Италија, Полска. Проева држела предавања во Хрватска, Словенија, Франција, Холандија.

Уредник е на две изданија: Miscellanea Byzantino-macedoniaca (1.1 и 1.2); Historia Antiqua Macedonica (HAM no 11, при што за сите напишала предговор, забелешки, индекси, изработила карти). Во едицијата Historia Antiqua Macedonica, биле објавувани книги за историјата на античките Македонци при што за сите напишала предговор, забелешки, индекси, карти, a „Историја на Аргеадите“ (2004) е прв учебник за историјата античките Македонци и  прв напишан учебник за студентите при Катедрата за историја. За Експо 2000 во Хановер, таа ја подготвила книгата Natural and cultural monuments, Скопје, 2000. Има преведено три книги преведени од француски на македонски јазик.

Член е на редацијата на две меѓународни списaнија што излегуваат во Белград (Зборник на Народниот Музеј Белград) и Загреб (Трудови на Институтот за хрватска историја, Филозофски факултет).   Учествувала во ископуањата на антички и средновековни наоѓалишта во Македонија, Србија, Полска и Грција, во проекти на Археолошки институт во Белград, на МАНУ, на САНУ и на Берлинската академина на науките. Како посетувачки професор, таа има одржано предавања на универзитетите во Франција (Нанси, Нантер-Париз X), како и низа јавни предавања за разни прашања за античките Македонци.

Работела на популарицација на историската со учество во бројни радио и ТВ емисии, како и написи, прикази на книги и интервјуа во дневниот печат.

Добитник е на Орденот Витез за академски палми (Chavalier de palmes academiques) од владата на Република Франција.

Научни трудови

[уреди | уреди извор]
  • „Студии за античките Македонци“ (1997)
  • „Историја на Аргеадите“ (2004)
  • „Александар Македонски: живот и дело“ (2013)
  • „Религијата на античките Mакедонци“ (Скопје, 2014)
  • „Триптих за македонскиот идентитет“ (Скопје, 2018)
  • „Natural and cultural monuments“ (Skopje, 2000)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]