Горно Дупени

Координати: 41°03′43″N 20°58′31″E / 41.06194° СГШ; 20.97528° ИГД / 41.06194; 20.97528
Од Википедија — слободната енциклопедија
Горно Дупени
Горно Дупени во рамките на Македонија
Горно Дупени
Местоположба на Горно Дупени во Македонија
Горно Дупени на карта

Карта

Координати 41°03′43″N 20°58′31″E / 41.06194° СГШ; 20.97528° ИГД / 41.06194; 20.97528
Регион Горна Преспа
Општина Ресен
Население 33 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 23008
Надм. вис. 865 м
Горно Дупени на општинската карта

Атарот на Горно Дупени во рамките на општината
Горно Дупени на Ризницата

Горно Дупенисело во Општина Ресен, во околината на градот Ресен.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Горно Дупени е село во областа Преспа. Од градот Ресен селото е оддалечено 6км. Околни села се Стипона од запад, Евла и Ресен од север, Царев Двор од исток и од југ со Дрмени.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Името Дупени е добиено со топонимизација на етникот во множина 'дупјани', луѓе што доаѓаат од местото дупа, со значење вдлабнато место, дупка.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век селото било дел од нахијата Горна Преспа на Битолската каза на Отоманското Царство.

Три лица, односно Танас Георгиевски, Ѓорѓи Тасевски и Славе Цветковски загинале како партизани за време на НОБ во Втората светска војна.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948345—    
1953366+6.1%
1961349−4.6%
1971304−12.9%
1981232−23.7%
ГодинаНас.±%
1991153−34.1%
1994104−32.0%
200259−43.3%
202133−44.1%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Дупени живееле 242 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горно Дупени имало 480 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[5]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 103 домаќинства и 59 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 33 жители, од кои 30 Македонци и 3 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 242 480 345 366 349 304 232 153 104 59 33
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови[уреди | уреди извор]

Горно Дупени е македонско село.

Родови во селото се: Албанци (доселени од Горица, Албанија во 1936 година), Балтовци, Бибевци, Бојчевци, Веслијановци, Гуневци, Гештаковци, Ѓургиновци, Илиовци, Јошевци, Јошкановци, Кричевци, Камшиговци, Кукуловци, Личовци, Мркачовци, Настовци, Оџаковци, Поповци, Прдиковци, Петрашиновци, Ристановци, Рабушевци, Србиновци, Стипонци (доселени од Стипона), Симовци и Ќировци.[12]

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Србиновци (4 к.), Оџаковци (2 к.), Кричевци (1 к.), Чучуковци и Чамановци (4 к.), Гуневци (1 к.), Црцановци (3 к.), Настовци (1 к.), Ѓурчиновци (1 к.), Поповци (2 к.), Веслијановци (1 к.), Цурановци (1 к.), Рабушовци со Симовци, Низамовци и Крстевци (8 к.) и Илијовци (1 к.)
  • Доселеници: Чифчиовци (2 к.) доселени се од селото Свиништа кај Охрид; Личовци (1 к.) доселени се од селото Покрвеник, а таму од селото Туминец во Мала Преспа; Јошевци (1 к.) доселени се од селото Шурленци; Камшиговци (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Кривени, таму припаѓале на родот Марчевци; Албанци (1 к.) доселени се во 1934 година од селото Туминец; Прдиковци или Јошнаковци (9 к.) доселени се од некое место во Тиквеш; Ќировци (1 к.) доселени се од селото Бела Црква; Славевци (1 к.) доселени се од селото Перово; Балтовци (1 к.) доселени се од селото Велгошти кај Охрид; Шушевци (1 к.) доселени се од Бела Црква; Кукуловци (6 к.) доселени се од селото Туминец, каде имале роднини; Ѓештаковци (2 к.) доселени се од Горица во Мала Преспа, каде имале роднини, Ѓештаковци; Бибевци (1 к.) доселени се во 1938 година од селото Скребатно кај Охрид; Чабиловци (3 к.) доселени се кон крајот на XIX век од селото Шурленци; Стипонци (1 к.) доселени се во 1928 година од селото Стипона; Петрашиковци (1 к.) доселени се однекаде кон крајот на XVIII век.[13]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1625 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на продавница. Во ова избирачко место е опфатено и селото Стипона.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 67 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Гробјанската црква.
Гробиштата.
Цркви[2]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

До 1949 година од селото иселеници има во Ресен (7 семејства), Аргентина (11 семејства), САД (16 семејства), Канада, Бугарија, Турција и во Битола.[13]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Катин, Славе. „Во печалбарскиот крај од Болно до Стипона“. Македонско сонце. Архивирано од изворникот на 12 мај 2019. Посетено на 5 август 2022.
  3. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 241.
  4. Македонски Алманах, издава ЦК на МПО, уредник Петар Ацев, издание на „The Macedonian Tribune“, Indianapolis, 1940, стр.41.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа.
  13. 13,0 13,1 Русиќ, Бранислав. Преспанска област. Архивски Фонд на МАНУ, к-2, АЕ 87.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  17. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  18. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  19. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]