Лескоец (Ресенско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лескоец
Викиекспедиција Преспа 41.jpg

Поглед на сретселото

Лескоец се наоѓа во Македонија
Лескоец
Местоположба на Лескоец во Македонија
Координати 40°57′59″ СГШ 20°52′59″ ИГД / 
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски регион
Општина Coat of arms of Resen Municipality.svg Општина Ресен
Област Горна Преспа
Население 12[1] жит.
Пошт. бр. 7310
Повик. бр. 047
Надм. вис. 1000 м
Слава Ѓурѓовден
Commons-logo.svg Лескоец на Ризницата


Лескоец — село во Општина Ресен, во областа Горна Преспа, во околината на градот Ресен, сместено во близина на брегот на Големото Преспанско Езеро.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Во врска со името на селото, Влоѓимјеж Пјанка пишува дека произлегува од зборот „леска“ (вид шумско растение).[2] Ваквиот заклучок ја потврдуваат и преданијата на денешните лескочани. Кај некои од жителите, провејува и друго мислење, дека нивното село го добило името од некој си Леско, кој прв дошол на ова место и изградил своја куќа.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед во селото

Селото се наоѓа на околу 2 километри западно од Големото Преспанско Езеро и одморалиштето „Царина“, сместена во длабока долина на планината Галичица, оградена со ридовите Осој и Стрнана, на надморска височина од околу 1000 метри.[2]

Се претпоставува дека селото не ја менувало својата местоположба во текот на својата историја.[2]

Лескоец се граничи со следниве села: со Отешево и подрачјето на Општина Охрид (со селото Пештани) на север, со Стење на исток, со територијата на Албанија на југ, а во тој склоп со селото Горна Горица и повторно со подрачјето на Општина Охрид на запад (овој пат со селата Трпејца, Љубаништа, Елшани и Коњско).[2]

Атарот на Лескоец зафаќа површина од 2491 (околу 25 км²) и зафаќа исклучително ридско-планинско карсно земјиште обраснато со листопадна шума од најразлични видови и тревнати терени. Во близина на селото постојат три помали месности, кои се користеле како обработлива површина. Од вкупната површина на атарот: 117,5 хектари се обработливо земјиште, 1003 хектари пасишта и 957,2 хектари шума.[2]

Атарот на Лескоец не поседува доволно вода за сите потреби. Вода се пиело од единствената селска чешма, чиј водотек во летниот период значително се намалува, како и од неколкуте селски бунари. Во 1938/39 година, во месностите Горно и Долно Суво Поле биле направени „локви“, вештачки базени, за напојување на стоката.[2]

Лескоец е село од собран тип со околу 30 домаќинства куќи, ѕидани од камен и земја, повеќето на приземје, без оградени дворни места во кои се наоѓаат и други објекти (штали, плевни, зимници, фурни, бунари и др.).[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Лескоец е старо христијанско село во кое секогаш живееле православни Македонци. Под различни облици на денешното име (Лесково, Лесковац, Лескоец, и Лесковец) неговото постоење е забележано во повеќе извори од различни периоди.[2]

Во 19 век, Лескоец се наоѓало во Битолската каза, нахија Долна Преспа, во Отоманското Царство.

До 1912 година, Лескоец било под турска власт, во тој склоп и беговски чифлик. Во текот на подготовките за Илинденското востание земало активно учество со своја востаничка чета од 12 луѓе под раководство на Јоше Глобочки (од Подмочани). Во текот на востание, селото било ограбено и запалено. Загинале 6 жители.[2]

Во Првата Балканска војна (ноември 1912), селото се нашло под српска власт, а во текот на Првата светска војна под бугарска окупација. Подоцна, со поместувањето на фронтот, низ селото поминале и војските на Антантата. Во еден момент, селото се нашло на самиот Македонски фронт, поради што од 1916 до 1918 година лескочани биле евакуирани во селото Горна Горица. Во овие војни, способните лескочани биле мобилизирани во војските на спротивставените страни. Загинале двајца мобилизирани војници.[2]

По завршувањето на Првата светска војна, Лескоец повторно се нашло под српска власт. Во овој период, во селото постоела жандармериска станица и штаб на пограничните единици, а селото било во состав на општината Стење.[2]

Во Втората светска војна селото паднало под окупација на фашистичка Италија (мај 1941 година), со што се нашло во составот на т.н. Голема Албанија. По капитулацијата на Италија (8 септември 1943 година) паднало под окупација на фашистичка Бугарија, под која останало до ослободувањето на 5 септември 1944 година.[2]

Во овие војни, стенчани биле мобилизирани во војските на спротивставените страни, а во 1917 и во 1918 година, цивилното население било евакуирано во селото Горна Горица. Селото било целосно разурнато.[2]

Со своја прва училишна зграда селото се здобило во 1945 година, а дотогаш децата учеле во соседното село Стење. Електрична енергија добило во 1960 година, а асфалтен пат во 1988 година. Во 1985 година во месноста Умиште била изградена краварска фарма.[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Туристичко-информативна табла од НП „Галичица“ на сретселото

Населението главно се занимавало со поледелство, сточарство и печалбарство. Најмногу се произведувало жито (’рж, пченица, пченка, јачмен) и градинарски култури (грав, леќа, кромид, пипер, домати, праз, лук), додека во рамките на сточарството се одгледувале волови, овци, кози и коњи. На печалба најмногу се оделе во времето на турското владеење и по ослободувањето на земјата од фашизмот.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Во текот на своето постоење, Лескоец го бележело следниот демографски развој: во 1889 година селото имало 16 куќи, 22 семејства и 117 жители (С. Верковиќ).[2]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Лескоец имало 92 жители, сите Македонци христијани.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лескоец имало 64 жители.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Лескоец живееле 12 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 92 64 279 298 239 160 87 17 12 12
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Родови[уреди | уреди извор]

Лескочани пренесуваат предание дека првите луѓе кои се населиле на ова место биле од Чукус крај Елбасан, Албанија, а за нивни потомци се сметаат денешните семејства Стерјовци, Мијаловци и Ивановци. Подоцна се населиле Ничовци од Нивици, Римановци од Туминец и Симолевци од Горна Горица.[2]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Ресен, една од малкуте општините, која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Ресен.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Ресен. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Ресен.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Царев Двор, во која покрај селото Лескоец, се наоѓале и селата Волкодери, Горно Дупени, Дрмени, Евла, Коњско, Лавци, Отешево, Перово, Покрвеник, Прељубје, Стење, Стипино, Царев Двор и Шурленци. Во периодот 1950-1952 година, селото било дел од некогашната Општина Стење, во која влегувале селата Коњско, Лескоец и Стење.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Поглед на црквата „Св. Никола“, околу која се наоѓаат и селските гробишта
Археолошки локалитети[8]
Цркви[9]
Пештери[10]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf. конс. 25 октомври 2016 г. 
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 2,12 2,13 2,14 2,15 2,16 Јовановски, Владо (2005) (на македонски). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа. стр. 194–198. ISBN 9789989920554. https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/f/f8/%D0%9D%D0%B0%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B2%D0%BE_%D0%9F%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%BF%D0%B0.pdf. конс. 22 октомври 2016 г. 
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 241.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 168-169.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__PopisNaNaselenie__PopisiNaseleniMesta/Popisi_nm_1948_2002_NasPoVozrPol_mk.px/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef. 
  8. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  9. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  10. Колчаковски, Драган (1993) (на македонски). Категоризација на позначајните пештери во Република Македонија. 1 (1 издание). Скопје: Институт за географија,ПМФ. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]