Лескоечка Пештера

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лескоечка Пештера
МестоЛескоец, Преспанско
Должина47 m

Лесковечката или Лескоечка Пештера претставува една од позначајните македонски пештери. Се наоѓа на источните падини на планината Галичица, Во непосредна близина на селото Лескоец , Преспанско. Пештерскиот влез се наоѓа на надморска височина од 1.090 m. Во пештерата, чија вкупна должина изнесува 47 m, изградени се три поголеми проширувања т.н. пештерски сали. Во одредени делови од пештерата се сретнуваат пештерски украси претставени со сталактити и саливи. Во неа живееи поголема колонија на лилјаци.. Според категоризацијата на македонските пештери, Лесковечката спаѓа во групата на Забележителни пештери.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Колчаковски, Драган (1993) (на македонски). Категоризација на позначајните пештери во Република Македонија. 1 (1 издание). Скопје: Институт за географија,ПМФ.