Пештани
Пештани | |
Глетка од Пештани | |
Координати 41°0′55″N 20°48′32″E / 41.01528° СГШ; 20.80889° ИГДКоординати: 41°0′55″N 20°48′32″E / 41.01528° СГШ; 20.80889° ИГД | |
Општина | Општина Охрид |
Население | 1.326 жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 6323 |
Повик. бр. | 046/285-xxx |
Надм. вис. | 966 м |
![]() |
Пештани — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид.
Содржина
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото е сместено во подножјето на планината Галичица на источниот брег на Охридското Езеро, 12 км јужно од градот Охрид, и се наоѓа на патот од Охрид за Свети Наум.
Историja[уреди | уреди извор]
Б. Нушиќ во 1894 година за Пештани запишал дека во селото постоел еден чифлик кој припаѓал на Мухамед бег и во селото имало 80 куќи.[1].
Стопанство[уреди | уреди извор]

Во текот на вековите жителите на Пештани се занимавале со риболов и сточарство, но во последниве неколку децении овие стопански гранки се пред замирање.
Во денешно време, населението на Пештани е свртено кон развојот на туризмот и други сродни гранки. Добро се развиени услужните дејности: трговијата, угостителството, сообраќајот. Се градат нови приватни капацитети за сместување гости, како и приватни хотели.
Население[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Пештани живееле 610 жители, од кои 560 Македонци христијани и 50 Македонци муслимани.[2]
Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Пештани имало 720 Македонци, егзархисти.[3]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.326 жители, од кои:[4]
Националност | Вкупно |
македонци | 1.319 |
албанци | 0 |
турци | 0 |
роми | 0 |
власи | 0 |
срби | 1 |
бошњаци | 0 |
други | 6 |
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 610[2] | 720[3] | 913 | 1.024 | 1.147 | 1.222 | 1.334 | 1.418 | 1.346 | 1.326 |
Родови[уреди | уреди извор]
Селото Пештани од секогаш во целост било населено само со Македонци од православна вероисповед. За стари родови во Пештани се сметаат: Азевци (20 к.), Палевци (15 к.), Клишевци (10 к.), Кикевци (10 к.), Макачовци (12 к.), Симоновци (12 к.) и Бакулески (8 к.).[1] Сите овие родови слават Свети Никола. Доселени македонски родови се: Башовци (15 к.) и Толевци (20 к.) (слават Духови) и двата рода од с.Црвена Вода во Дебрца, Зимовци (24 к.), Блажевци (10 к.), Гуговци (13 к.), Пецовци (13 к.), Душмановци (12 к.) сите слават Света Петка и не го знаат местото на својата старина[1].
Општествени институции[уреди | уреди извор]
Во Пештани се наоѓа и централното основно училиште „Св. Наум Охридски“ од 1-9 одд. во кое доаѓаат ученици од околните села.[6] Во училиштето има околу 300 ученици.
Инфраструктура[уреди | уреди извор]
Низ Пештани минува патот за Св. Наум кој преку граничниот премин кај Св. Наум е поврзан со Република Албанија. Пештани е поврзано со автобуска линија Охрид - Св. Наум, со чести поаѓања.
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Пештани е опкружено со прекрасна природа. На запад се наоѓа Охридското Езеро, а над населбата се издигнува планината и национален парк Галичица.
Многу значајна е пештерската црква Света Богородица(пештанска), а Св. Богоридица е заштитничка на селото. Во самото село Пештани и во неговата околина има седум цркви:Св. Врачи, Св. Ѓорѓија, Св. Никола, Св. Петка, Св. Никола, Св. Троица и Св. Богородица. Од уметнички аспект најзначајна секако е Св. Богородица која воодушевува со својот фрескоживопис. Во близината на Пештани се наоѓало и наколно живеалиште од неолит.
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Св. Јован Крстител (Водици) на 19 јануари.
Личности[уреди | уреди извор]
Борци во НОБ[уреди | уреди извор]
- Ѓорче Димитров Папазоски - роден на 23 август 1926 година. Доброволно стапува во НОБ на 29 август 1944 година. Во составот на Првата македонска ударна бригада, учествува на Сремскиот фронт и загинува на Стрижовојна на 14 април 1945 година.[7]
- Насте Томев Бакулески - роден на 25 март 1923 година. Доброволно стапува во НОБ на 29 н август 1944 година. Како борец на Првата македонска ударна бригада учествува на Сремски фрон каде е тешко ранет во борбите кај Станишиќ. Се лекува и умира во воената болница во Загреб на 9 јуни 1945 година.[7]
- Никола Пандев Џалески - роден на 28 септември 1923 година. Во НОБ стапува на 2 февруари 1945 година. Како борец на Првата македонска ударна бригада учествува на Сремски фронт, каде што е ранет. Умира во воената болница во Загреб од добиените рани на 31 декември 1946 година.[7]
- Пере Томев Кикески - роден на 15 април 1925 година. Во НОБ стапува есента 1944 година. Како борец на Првата македонска ударна бригада учествува на Сремски фронт. Од здобиените повреди во борбите се лекува во воената болница во Белград, каде подлегнува на повредите во јуни 1945 година.[7]
- Стеван Климев Иљоски - роден на 23 мај 1924 година. Доброволно стапува во НОБ на 29 август 1944 година. Во составот на Првата македонска ударна бригада учествува на Сремски фронт и како водник загинува на позиција кај Врпоље на 15 април 1945 година.[7]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
- Пештерската црква
Во близината на селото во карпите на источниот брег на Охридското Езеро, се наоѓа познатата пештерна црква посветена на Св. Богородица.
Денес, поради продирање на атмосферските влијанија во внатрешноста на оваа црква, се отежнува нејзината посистематска анализа. Исто така, отсуствуваат пишани документи за неа. Сепак, со стилска анализа на сликарската постапка, се доаѓа до сознание дека ова сликарство поседува повеќе карактеристични одлики на Охридската сликарска школа од шеесеттите години на 14-тиот век и е сродно со сликарството во Марковиот манастир.
Секоја година во Пештани се одржува меморијалниот турнир во мал-фудбал „Стефан Толески“ во чест на прерано заминатиот фудбалер Стефан Толески. На турнирот учествуваат екипи од регионот. Турнирот започнува на крајот на јули, а завршува на 13 август - роденденот на Стефан Толески.
Туризам[уреди | уреди извор]
Пештани располага со бројни сместувачки капацитети меѓу кои најголем е хотелот „Десарет“.
Постојат голем број ресторани во кои може да се пробаат врвни национални јадења и риба подготвена на автентичен локален начин, да се ужива во специјалитетите на врвните кулинарски мајстори и сето тоа залеено со квалитетни домашни вина. Бројните кафе барови го прават ноќниот живот на туристите во Пештани богат и интересен и нудат добра забава и во доцните ноќни часови.
Извори[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 1,2 Ф. Трифуноски, Јован (1992) (на српски). Охридско-струшка област. Српска академија наука и уметности. стр. 154.
- ↑ 2,0 2,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.252
- ↑ 3,0 3,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.162-163.
- ↑ http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
- ↑ „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика.
- ↑ Мишо Јузмески: „Елшани - живот меѓу каменот и водата“, Елшани, 2009
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 Охрид и охридско во борбата против фашизмот. ЗБОРНИК на паднатите борци во народно-ослободителната борба и револуција и жртвите на фашистичкиот терор во Охрид и охридско 1941-1945 година. Охрид. 1976.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|