Даниела Илиевска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Даниела Илиевска (Ресен, 1983) е македонска вајарка. Работи и како професор.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Илиевска е родена во Ресен во 1983 година.. Средно образование завршила во ДСУПУ „Лазар Личеноски“ во Скопје, а дипломирала на ФЛУ –вајарски одел во класата на доцент Беди Ибрахим во 2007 година.

Изложби[уреди | уреди извор]

Илиевска учествувала на неколку групни изложби и ликовни колонии и тоа:

  • 2006, Ресенска керамичка колонија
  • 2005, Скопје Чивте Амам изложба на студенти од 3 и 4 година вајарски оддел при ФЛУ
  • 2006, скопје, Сули АН „Звуците на Старата чаршија“
  • 2006, МНТ изложба на студенти при ФЛУ-Скопје
  • 2006, Ресен изложба на Керамичка колонија-Ресен во Дом на култура „Драги Тозија“
  • 2008, Ресен,36 изложба на Керамичка колонија Дом на култура „Драги Тозија“
  • 2008, Ресенска Керамичка колонија
  • 2008, Сликарска колонија Босна,Сребреник
  • 2009, Струга НУ Музеј Др. Никола Незлобински-Во слава на земјата,водата,огнот,во слава на керамиката
  • 2010, Словенија на 5-та Интернационална колонија на керамичари[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Стефановски, Пеце (10.08.2008 23:36). „Керамичка колонија во Отешево“ (македонски). А1. конс. 2010-10-09. 
  2. „Даниела Илиевска од Ресен ќе учествува на Интернационална колонија на керамичари во Словенија“ (македонски). Преспана. конс. 2010-10-09.