Црква „Св. Никола“ - Орашац

Координати: 42°03′35″N 21°48′39″E / 42.05972° СГШ; 21.81083° ИГД / 42.05972; 21.81083
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Кумановско-осоговска
Архијерејско намесништво Кумановско-кратовско
Парохија Орашачка
Местоположба

Карта

Координати 42°03′35″N 21°48′39″E / 42.05972° СГШ; 21.81083° ИГД / 42.05972; 21.81083
Место Орашац
Општина Куманово
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Завршено XVI - XVII век
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна

Свети Никола — главна селска црква во кумановското село Орашац, Македонија.[1]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Ова е гробишен храм, сместен југоисточно од селото, во месноста Калиште. Црквата е скриена во подножјето на ридот. До нејзе води земјен пат од селото, кој е тешко возлив.

Историја[уреди | уреди извор]

Судејќи по градбата, црквата е доградена врз храм од XVI или XVII век,[2] веројатно на темели на постара црква.[3]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Во архитектонски поглед, се работи за еднокорабна градба, делумно вкопана во североисточната страна и засводена со полукружен лак. Изградена е од кршен камен и има покрив со ќерамиди на две води.[2]

На јужната фасада има правоаголен отвор со железна решетка. На западната фасада е главниот влез, над кој е насликан Исус Христос, а помошниот влез е од југ, и над него има слепа лунета на која е претставен Свети Никола. Обата живописа се многу оштетени. И двата влеза се врамени во камен.[2]

Фрескоживопис[уреди | уреди извор]

Единствениот фрескопис во внатрешноста е во апсидата, каде место традиционалната слика на Пресвета Богородица има допојасна претстава на Христос Велик Архијереј со круна на главата — единствен пример во Кумановско.[2]

Во олтарот за света трпеза служи римска мермерна стела со натпис на која е напишано дека храмот е изграден врз постара античка црква.[2]

Иконостас[уреди | уреди извор]

Црквата поседува висок дрвен иконостас, певница и владички престол од средината на XIX век.[2]

Иконостасот, певницата и владичкиот престол се од средината на XIX век.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 „Црква Св. Никола - Орашац“. Visit Kumanovo. Посетено на 2 јануари 2018. Занемарен непознатиот параметар |јазик= (help)
  3. Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје: САНУ. стр. 147.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]