Сергеј Игнатов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сергеј Игнатов
Sergei Ignatov.jpg
Министер за образование
На должноста
19 ноември 2009 – 28 јануари 2013
Премиер Бојко Борисов
Претходник Јорданка Фандакова
Наследник Стефан Воденичаров
Заменик-министер за образование
На должноста
август 2009 – 19 ноември 2009
Премиер Бојко Борисов
Лични податоци
Роден(а) 6 август 1960 (1960-08-06) (59 г.)
Видин, Бугарија
Партија ГЕРБ

Сергеј Игнатов (роден на 6 август 1960 во Видин) е бугарски политичар и министер за образование на Бугарија во периодот од 19 ноември 2009 до 28 јануари 2013 година.

Игнатов завршил на Ленинградскиот универзитет, со смер Египтологија во 1985 година. Во истиот универзитет докторирал по историја во 1994. Во Оксфорд бил на специјализација.

Игнатов се служи со руски, англиски, француски, староегипетски, коптски, старогрчки и акадски јазик.

Во 2009 година станал заменик-министер за образование, а од 19 ноември 2009 година станал министер.