Филмски фестивал

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Филмски фестивал е организирана и широка презентација на филмови во еден или повеќе филмски театри или киносали сместени на една одредена локација . Филмовите можат да бидат нови и во зависност од структурата на самиот фестивал, тој може да вклучува филмови од меѓународни продукции како и филмови од домашната филмска индустрија. Понекогаш фестивалите се насочуваат кон одредени режисери или жанрови ( на пример film noir ) или кон содржинатаa на филмот (на пример филмски фестивали на кој се презентираат филмови со хомосексуални содржини). Голем број од филмските фестивали прикажуваат само кратки филмови, секој со однапред одредена максимална должина . Вообичаено филмските фестивали се настани кои се случуваат еднаш годишно .

Историја[уреди]

Првиот поголем филмски фестивал е одржан во Венеција во 1932 година. Меѓу поголемите и најстарите филмски фестивали во светот се вбројуваат: Филмскиот фестивал во Локарно (1946) , Меѓународниот филмски фестивал во Кралови Вари (1946) , Меѓународниот филмски фестивал во Единбург (1947), Канскиот филмски фестивал (1947) и Берлинскиот филмски фестивал (1951). Меѓународниот филмски фестивал во Единбург , Велика Британија е основан во 1947 година и воедно е филмски фестивал во светот непрекинато работи од самото свое создавање. Филмскиот фестивал „Реинденс” е најголемиот, британски филмски фестивал на независната кинематографија кој се одржува во Лондон , месец октомври. Првиот познат филмски фестивал во Северна Америка одржан во 1953 година е Меѓународниот фестивал на филм и видео – „Колубос” познат и под името „Крисавордс” . Според Фондацијата за филмски уметности во Сан Франциско овој фестивал е едно од најстарите и најпрестижните документарно, образовно, бизнис и информативно натпреварување од ваков тип во САД , кое постои веќе 54 години . Четири години подоцна во март 1957 година одржан е Меѓународниот филмски фестивал во Сан Франциско чијшто акцент беше ставен на долгометражните драматични филмови. Овој фестивал одигра главна улога во претставувањето на странските филмови на американската публика. Помеѓу филмовите кои беа прикажани во годината кога е основан фестивалот се најдоа „Тронот на крвта” на Акира Куросава и „Татко Панчали” на Реј Сатјажит . Денес постојат илјадници филмски фестивали ширум светот , од фестивали со висок профил како што е Филмскиот фестивал „Санденс” ( Сити Парк , Јута) па се до филмски фестивали на хоророт како што е Филмскиот фестивал на ужасот” кој се одржува во Филаделфија . Дистрибуирањето на дигиталните играни филмови започна во 2005 година, заедно со основањето на првиот електронски филмски фестивал во светот „Гринсин” спонзориран од ДИ- АЈ- ВИ-ИКС .

Плаќање на влезница[уреди]

Повеќето од филмските фестивали бараат од филмските студија да платат влезница за да можат да ги прикажуваат своите филмови . Ова е вообичаено за поголемите филмски фестивали како што се : Канскиот филмски фестивал, Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, Филмскиот фестивал „Санденс” , „Саут бај саутвест” но и за помалите ,,бутик`` фестивали како што се Меѓународниот филмски фестивал во Мајами и Британскиот урбан филмски фестивал во Лондон. Сепак , не мора да се плаќаат влезници на сите филмски фестивали . Н а пример Филмскиот фестивал во Ротардам не наплаќа влезница за доставените филмови. Истотака постојат и помали филмски фестивали во САД, како што се Филмскиот фестивал „Стони Брук” во Лонг Ајленд, Њујорк или „Сицилијанскиот филмски фестивал” во Мајами , Флорида кои не наплаќаат влезници , меѓутоа на овие фестивали прифаќањето на филмови е поограничено и тие не мораат да привлекуваат големи имиња во својата публика како што тоа го прават филските фестивали „Санденс” и „Телуррајд”. Некои филмски фестивали како на пример Филмскиот фестивал во Портланд бара плаќање на влезници но тоа не важи за режисерите од еден одреден регион , како што се режисерите од Северо-западните соединети држави .

Значајни и истакнати фестивали[уреди]

За три најпристижни филмски фестивали се сметаат Канскиот филмски фестивал (кој се смета за најпрестижен филмски фестивал во светот ), Берлинскиот филмски фестивал и Филмскиот фестивал во Венеција .Овие фестивали напати се нарекуваат ,,Големата тројка”. „Трилогијата на три бои” на полскиот режисер Криштоф Киесловски е направена за секој од овие фестивали: сината за Венеција , Белата за Берлин и Црвената за филмскиот фестивал во Кан . Најпопуларниот филмски фестивал во Северна Америка е Меѓународниот филмски фестивал во Торонто. „Тајмс” пишува дека овој фестивал од највлијателен есенски фестивал прерасува во највлијателен филмски фестивал на епохата . Филмскиот фестивал Санденс , Филмскиот фестивал во Трибека и Светскиот филмски фестивал во Монтреал спаѓаат во поголемите филмски фестивали во Северна Америка.

  • Филмски фестивали од А класа

Канскиот филмски фестивал, највлијателниот и најпрестижниот фестивал во светот како и филмските фестивали во Венеција, Торонто, Берлин, Шангај, Москва, Сан Себастијан, Монтреал, Локарно (од 2002 година), Карлови Вари, Мар дел Плата, Каиро, Токио и филмскиот фестивал во Варшава се наречени фестивали од А класа или фестивали од прва категорија од страна на Меѓународната федерација на здружени филмски продуценти .

  • Експериментални филмови

Филмскиот фестивал „Ен Арбор” е основан 1963 година.Тој е најстариот филмски фестивал за експериментални филмови во Северна Америка кој континуирано работи од самото свое создавање. Овој фестивал е еден од премиерните филмски фестивали за независни но , пред се за режисери на експериментални филмови каде тие можат да ја покажат својата работа .

  • Независни филмови

Американските филмските фестивали :„Теллуррајд” , „Санденс” , „Саут бај Саутвест” во Остин и „Трибека” во Њујорк Сити се најзначајните филмски фестивали на независни филмови . Најголемиот филмски фестивал на независни филмови во Велика Британија е Филмскиот фестивал „Реинденс” .

  • Значењето на Северна Америка

Меѓународниот филмски фестивал во Сан Франциско основан во 1957 година е најстариот филмски фестивал во Америка кој непрекинато работи од самото свое создавање. Тој ги истакнува актуелните трендови во меѓународната филмска и видео продукција кои Американската дистрибуција сеуште ги нема обезбедено. Меѓународниот филмски фестивал во Торонто (1971) е најголемиот, најпрестижниот филмски фестивал во Северна Америка , но и најпосетениот филмски фестивал ширум светот . „Торонтос хот докс” е водечкиот филмски фестивал на документарни филмови во Северна Америка. Исто така Торонто е седиште на најголем број на филмски фестивали на културни , независни и историски филмови во светот . Најголемиот филмски фестивал во однос на прикажаните играни филмови е Меѓународниот филмски фестивал во Сијател , со прикажани 270 филма и приближно 170 кратки филмови . Во исто време на Филмскиот фестивал во Њујорк се прикажуваат само неколку филмови секоја година , сепак овој фестивал има големо влијание во Сад. Филмскиот фестивал „Санденс” е најголемиот филмски фестивал на независни филмови.

  • Значењето на латинска америка

Филмскиот фестивал „Картагена” основан во 1960 година од страна на Виктор Њето е најстариот филмски фестивал во Латинска Америка. Нјважните филмски фестивали во Латинска Америка се „Фестивал де грамадо” во Грамадо , Бразил и „Филмскиот фестивал Гвадалахара” во Гвадалахара , Мексико кои за првпат беа одржани во 1973 година за доделување на награди на латиноамериканските филмови . Започнувајќи од 1975 година во шпански град Хуелва се одржува Ибероамериканскиот филмски фестивал „Хуелва”. Најголемиот конкурентен филмски фестивал во Мексико од областа на млади таленти е Филмскиот фестивал „Ехпресион де корто” кој се одржува секоја година во текот на последната недела од Јули во двата колонијални града Сан Мигел де Аљенде и Гуанахуато.Помеѓу земјите во кој шпанскиот јазик е службен јазик се вбројуваат и филмските фестивали како што се Доминиканскиот меѓународниот филмски фестивал кој се одржува еднаш годишно во Пуерто Плата , Доминиканската Република и Валдивскиот филмски фестивал кој се одржува еднаш годишно во градот Валдивија , Чиле . Се уште не е утврдено кој е најважниот филмски фестивал во Чиле.

  • Анимација

Меѓународниот филмски фестивал за анимирани филмови „Анеси” основан е во 1960 година и посветен е исклучиво на анимираните филмови. Други попознати филмски фестивали од ваков вид се Филмскиот фестивал на анимирани филмови во Загреб (1972), филмскиот фестивал во Отава(1976) , Филмскиот фестивал во Хирошима(1975) , КРОК (1989) и Анима Мунди (1992). Истотака постојат различни регионални фестивали во различни држави.

  • Филмски фестивали на Азискиот континент

Еден од најистакнатите азиски филмски фестивали е филмски фестивал Osian's-Cinefan, кој неодамна се прошири и на Ара Кинематографија ,покрај претходно споменатиов фестивал познат е и Меѓународниот филмски фестивал Пусан.