Галеацо I Висконти
Галеацо I Висконти | |
---|---|
Владетел на Милано | |
Портрет од 19 век | |
Грб | |
Роден(а) | 21 јануари 1277 |
Починал(а) | 6 август 1328 |
Spouse | Беатриса |
Татко | Матео I Висконти |
Мајка | Бонакоса Бори |
Галеацо I Висконти (роден на 21 јануари 1277 - починал на 6 август 1328) бил владетел на Милано во периодот од 1322 до 1327 година[1].
Животопис
[уреди | уреди извор]Тој бил син на Матео I Висконти. На 24 јуни 1300 година се оженил со Беатриса Де Есте. Следната година бил принуден да го напушти Милано и живеел во прогонство неколку години.
Во 1322 година бил именуван за capitano del popolo во Милано, но набргу морал да го напушти градот поради бунтот на неговиот роднина Лодрицио Висконти. Со поддршка на Луј IV тој ја победил армијата испратена против него од страна на папата. Во 1328 година бил затворен во Монца од страна на царот поради обвинување дека го предал својот брат Марко и дека го убил Стефано Висконти. Во 1328 година бил ослобоен а по неколку месеци починал.
Неговиот син Ацоне Висконти го наследил во Милано.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Tolfo, Maria Grazia; Colussi, Paolo (February 7, 2006). „History of Milan::: The Visconti“. Storia di Milano (италијански). Milano: Storiadimilano. Посетено на September 3, 2011.
Претходник Матео I Висконти |
Владетел на Милано 1322–1327 |
Наследник Ацоне Висконти |
|