Тим Бартон
Тим Бартон | |
---|---|
Роден(а) | Тимоти Вилијам Бартон |
Активен | 1971 - денес |
Сопружник | Лена Гиски (1989-1991) |
Вонб. другар | Лиса Мари (1992-2001) Хелена Бонхам Картер (2001-) |
Тимоти „Тим“ Волтер Бартон (роден 25 август 1958) — американски филмски режисер, филмски продуцент, писател и глумец. Тој е познат по мрачните филмови со ексцентрични тематики како што се: Битлџус, Едвард Сизорхендс, Кошмарот пред Божиќ, Заспаната долина, Мртвата невеста и Свини Тод: Демонот бербер од Флит улицата и за блокбастерите како што се: Големата авантура на Пи-Ви, Бетмен, Бетмен се враќа, Планета на мајмуните, Чарли и фабриката за чоколади и Алиса во земјата на чудата кој е втор филм со највисока заработувачка во 2010 година, како и шести на листата филмови со највисока заработувачка на сите времиња. Меѓу многуте соработници на Бартон се Џони Деп, кој е негов близок пријател уште од првиот заеднички филм, музичарот Дани Елфман (кој компонирал музика за 5 филма во режија и/или продукција на Бартон) и неговата партнерка Хелена Бонам Картер. Тој исто така ја напиша и илустрира книгата со поезија Меланхоличната смрт на момчето Оустер и други раскази, објавена во 1997 година и една компилација од неговите цртежи, насловена како Уметноста на Тим Бартон, издадена во 2009 година. Бартон режирал 14 филмови во 2010 година и бил продуцент на 10 филма во 2009 година. На списокот на неговите филмови спаѓаат и филмската адаптација на сапунската опера Темни сенки, анимираниот филм Франкенвини од 2012 година итн.
Млади години
[уреди | уреди извор]Бартон е роден во 1958 година, во градот Бурбенк, Калифорнија. Неговите родители се: Џејн Бартон (родена Ериксон), сопственичка на продавница за подароци со мачкина тематика и Бил Бартон, поранешен бејзбол играч во малата лига, кој подоцна работи во паркот Бурбенк и Одделот за рекреација.[1][2] Во младите години, Бартон снима кратки филмови во неговиот двор на улицата Евергрин при што користи лоши техники за снимање на стоп-анимација или ги снима на 8mm филмска лента без звук. (Еден од неговите најпознати филмови од детството е Островот на доктор Агор, кој го направил на 13 години.) Бартон студира во средното училиште во Бурбенк , но не е особено добар ученик. Тој е многу интроспективна личност и го пронаоѓа своето задоволство во сликарството, цртежите и гледањето филмови. Неговата идна работа е под силно влијание на делата на Едгар Алан По кои ги прочитал и од хорор-филмови и научно- фантастични филмови кои ги изгледал, како што е Гоѕила, потоа филмовите кои ги направиле Хамер Филм Продакшн, како и делата на Реј Херихаусен и Винсент Прајс. По завршување во средното училиште Бурбенк, Бартон се запишува на Калифорнискиот институт за уметност за да учи анимација на ликови. Некои од неговите соученици се: Џон Ласетер, Бред Берд, Џон Мускер и Хенри Селик. (Во иднина, Селик и Бартон работат заедно на филмовите Кошмарот пред Божиќ и Џејмс и огромната праска.) Како студент во тој институт, Бартон ги направи кратките филмчиња По стапките на чудовиштето Целер и Крал и октопод.[3] Денес од нив се сочувани само фрагменти.
Рана кариера: 1980-тите
[уреди | уреди извор]Бартон дипломира на Калифорнискиот институт за уметност во 1979 година. Успехот на неговиот краток филм По стапките на чудовиштето Целер го привлекува вниманието на Волт Дизни Анимејшн Студиос, кои му понудуваат на младиот Бартон стажирање во нивното студио[4]. Таму тој работи како аниматор, глуми во илустрирани прикази и е концептуален глумец во филмовите како Лисицата и песот, Црниот котел и Престол. Сепак, личниот стил на Бартон се судрува со сопствени стандарди на Дизни и тој одлучува да работи на свои сопствени проекти. Додека работи во продукцијата на Дизни, Бартон го режира својот прв краток филм, Винсент, во 1982 година, кој е шест минутен црно-бело филм снимен стоп-анимација и е направен врз основа на една песна напишана од страна на режисерот, а отсликува младо момче кое фантазира дека тој е неговиот (а воедно и на Бартон) јунак Винсент Прајс, а самиот Прајс е раскажувач во филмот. Филмот е во продукција на Рик Хенрих, со кого Бартон се спријателува кога работи во одделот за уметност на Дизни. Филмот е прикажан на Филмскиот фестивал во Чикаго и е објавен по две недели, заедно со тинејџерка драма Текс, во едно кино во Лос Анџелес. По ова следува првата акција во живо на Бартон за Хансел и Гретел продукција, една адаптација на јапонска бајка на Браќата Грим за Дизни Канал, која кулминира во кунг-фу борба помеѓу Хансел и Гретел и вештерка. Само еднаш ја емитувале во 10:30 часот на Ноќта на вештерките во 1983 година, но била веднаш прекината. Остатоци од овој филм можат да се пронајдат многу тешко, што ги поддржува гласините дека овој проект воопшто не постои. (Во 2009 година, краток дел беше изложен во Музејот на модерна уметност.) Следната кратка акција во живо на Бартон е Франкенвини, објавена во 1984 година. Се раскажува приказна за младо момче кое се обидува да го оживее своето куче откако ќе го прегази автомобил. Снимен е во црно-бело и во него глумат ѕвездите Барет Оливер, Шели Дивал (со кого ќе работи повторно во 1986 година, режирајќи една епизода од филмот во кој таа глуми Театар на бајките) и Даниел Стерн. По завршувањето на Франкенвини, Дизни го отпуштува Бартон, под изговор дека тој ги троши средствата на компанијата за снимање филм кој е премногу мрачен и страшен за децата. Барајќи можност да направи долгометражен филм, тој му пристапува на Грифин Дан барајќи да ја режира црната комедија Во касните часови. Сепак, откако проектот на Мартин Скорсезе Последното искушение на Христос се откажува, Скорсезе покажува интерес во режирање на тој филм и Бартон се повлекува од почит кон него.
Големата авантура на Пи-Ви
Не помина многу време откако глумецот Пол Рубенс го изгледал Франкенвини и го избира Бартон за да го режира филмското продолжение на својот популарен лик Пи-Ви Херман. Пи-Ви Херман стекнал голема популарност со успешно сценско шоу во The Roxy кој подоцна прераснува во посебно шоу на HBO (кабловска телевизија Home Box Office). Филмот Големата авантура на Пи-Ви(1985), е направен со буџет од 8 милиони долари, а заработи повеќе од 40.000.000 долари. Бартон, кој е обожавател на ексцентричната музичка група Оинго Боинго (Oingo Boingo), го прашува текстописец Дани Елфман да ја напише музиката за овој филм. Оттогаш, Елфман ги напишал песните на пет филмови во режија и производство на Бартон и тоа: Слуга на брод, Ед Вуд, Џејмс и џиновската праска, Бетмен засекогаш и Свини Тод: Демонот бербер од Флит улицата.
Битлџус
Откако ги режира епизодите за ревитализираните ТВ серии Алфред Хичкок ви претставува и Театарот Фери Тејл на Шели Дивал, Бартон го добива својот следниот голем проект Битлџус(1988год.), натприродната хорор комедија за една млада двојка принудена да се справи со животот после смртта, како и семејството на претенциозните јапи (деловни луѓе од ерата на компјутерите) кои се населуваат во нивната ценета Нова Англија заедно со нивната ќерка тинејџерка, Лидија (Винона Рајдер) чија опсесија со смртта и овозможува да ја види двојката. Улоги во филмот ги имаат Алек Болдвин и Џина Дејвис, како и Мајкл Китон кој се појавува како дрскиот био-егзорцист Бетелгез. Филмот заработи 80 милиони долари со релативно низок буџет и го освои Оскарот за дизајн на најдобра шминка. Подоцна е претворен и во цртан филм кој го има истото име, каде Бартон е извршен продуцент, а четрите сезони од цртанот се емитуваат на телевизиските компании ABC, а подоцна и во Фокс.
Бетмен
Способноста на Бартон да произведува хитови со ниски буџети ги импресионира директорите на студиото и тој го добива својот прв високо буџетен филм Бетмен. Меѓутоа производството е проследено со проблеми. Бартон повеќепати се судрува со продуцентите на филмот, Џон Петерс и Питер Губер, но најзначајната расправија се случува поради кастингот. За главната улога, Бартон го избира Мајкл Китон како Бетмен заради нивната претходна соработка во Битлџус, и покрај неговата просечна фигура, неискуството со акциони филмови и угледот како комичен глумец. Иако на крајот Бартон победи, бесот во текот на кастингот предизвика огромна нетрпеливост на обожавателите, до тој степен што се смалила цената на акциите на "Ворнер брадерс". Бартон смета дека е смешно улогата на Бетмен да му ја додели на набилданиот Химен, тврдејќи дека Борецот со наметка треба да биде обичен (и неверојтно богат) човек кој облекува изработен костум на лилјак за да ги плаши криминалците. Улогата на Џокер, Бартон му ја доделува на Џек Николсон (Тим Кари бил неговиот втор избор) со цел да го ублажи стравот на обожавателите, како и да привлече обожаватели од постарите генерации кои не се толку заинтересирани за суперхеројски филмови. По завршувањето на снимањето во јуни 1989 година, филмот беше поддржан со најголема маркетиншка и рекламна кампања на сите времиња во историјата на филмовите и стана еден од најголемите благајни хитови на сите времиња, со заработка на повеќе од 250 милиони американски долари само во САД и 400 милиони долари низ целиот свет (бројките не се прилагодени за инфлација), а доби и одлични критики за улогите на двајцата, Китон и Николсон, како и за филмското производство на филмот, кој го освои Оскарот за најдобра режија. Успехот на филмот му помогна на Бартон да се претстави како профитабилен режисер и исто така да остави големо влијание врз иднината на суперхеројските филмови, каде се избегнуваат веселите, американски херои како Супермен на Ричард Донер, а се претпочитаат помрачниот и пореален изглед, како и ликови со повеќе психолошка длабочина. Исто така, стана главна инспирација за успешниот цртан филм Бетмен:Анимираните серии во 1990-тите, кој бил исто толку мрачен како и неговото продолжение Бетмен на телевизија. Бартон тврди дека Убиствената шега има најголемо влијание врз неговата филмска адаптација на Бетмен:
"Никогаш не бев голем обожавател на стрипови, но секогаш ги сакав улогите на Бетмен и Џокер. Уште од мал не ги сакав стриповите, а причината за тоа е што никогаш не можев да знам кој дел од текстот беше следен за читање. Не знам дали тоа беше дислексија или нешто друго, но затоа го сакав Убиствената шега, бидејќи за првпат знаев кој дел од текстот треба прво да го прочитам. Тој ми е омилен. Тој е првиот стрип што некогаш сум го сакал. И успехот на тие графички новели ги направија поприфатливи нашите идеи."
1990-тите
[уреди | уреди извор]Едвард Сизорхендс
Во 1990 година, Бартон (заедно со Каролин Томпсон) го напиша, а потоа и го режира Едвард Сизорхендс, повторно земајќи ја во главна улога Винона Рајдер од Битлџус. Неговиот пријател Џони Деп, тинејџерски идол на крајот од 1980-тите, кој поради неговата улога во ТВ хит серијата Џамп-стрит 21, ја доби главната улога како Едвард, творба од ексцентричниот и старомоден пронаоѓач (кој го играше Винсент Прајс во едно од неговите последни појавувања на екраните). Едвард изгледа како човек, но наместо дланки на рацето има ножици поради прераната смрт на неговиот творец. Сниман во предградие (филмот е сниман во Луц, Флорида), овој филм се смета за автобиографија на Бартон, кој пораснал во предградие во Бурбанк. Прајс еднаш изјавил дека "Тим е Едвард." Деп напишал сличен коментар во предговорот на книгата на Марк Солсбери Бартон на Бартон (Burton on Burton), објаснувајќи ја неговата прва средба со Бартон во текот на кастингот за филмот. Голем број критичари Едвард го сметаат за најдобар филм на Бартон. По оваа соработка со Бартон, ѕвездата Џони Деп глуми и во Ед Вуд, Заспаната долина, Чарли и фабриката за чоколадо, Мртвата невеста, Свини Тод: Демонскиот бербер од Флит улицата и Алиса во земјата на чудата. Во 2004 година, Метју Борн отишол кај Бартон со идеја Едвард да го претвори во балет. Балетот за првпат е емитуван во 2005год. На турнејата уште е претставен и на публиката во Велика Британија, САД, Канада, Австралија и делови од Европа.
Бетмен се враќа
Бидејќи Ворнер брадерс одбиваат да направат многу поинтимен Сизорхендс дури и по успехот на Бетмен, Бартон конечно се согласува да го режира продолжението за Ворнер Брадерс, но под услов тој да ја има целосната контрола. Како резултат на ова, настанува Бетмен се враќа во кој глумат Мајкл Китон како Црниот Витез, како и новата тријада на негативци: Дени Девито (како Пингвинот), Мишел Фајфер (како Жената-мачка) и Кристофер Волкен како Макс Шрек, зол акционерски магнат и оригинален карактер создаден за филмот (сличен на Супермен 3 на Рос Вебстер). Помрачен и значително поинтимен од својот претходник, се смета дека филмот е премногу страшен за деца. Уште понепријатна се испоставила отворена сексуалност на филмот, олицетворена во елегантниот костим на жената-мачка, испириран и направен во фетиш стил. Еден критичар забележал: "премногу негативци го расипаа Бетмен", потенцирајќи ја одлуката на Бартон во приказната повеќе да се фокусира на негативците, отколку на самиот Бетмен. Филмот привлече клуб на обожаватели кои го сакаат мрачното и ексцентричното, додека други мислеа дека не се придржува до клучните аспекти на изворниот материјал. Бартон направи многу промени на Пингвинот, кои се применети на него и во стриповите и на телевизија. Додека во стриповите, тој е обичен човек, Бартон создаде еден лудак на природата кој личи на пингвин со споени, прсти како перка, кукест, нос како клун и тело како пингвин. Издаден во 1992 година, Бетмен се враќа заработи 2 828 милиони долари низ целиот свет и направи уште еден финансиски успех, но не до тој степен како неговиот претходник. Ова воедно е и последниот филм за Бетмен во соработка помеѓу Бартон како режисер и Китон како главен глумец. Пол Рубенс или Пи-Ви од Големата авантура на Пи-Ви има мала улога како татко на Пингвинот.
Кошмарот пред Божиќ
Следниот филм кој го напиша и продуцира Бартон (но не директно, поради пребукираниот распоред заради Бетмен се враќа) е Кошмарот пред Божиќ (1993г.), која првично требало да биде детска книга во рима. Филмот е во режија на Хенри Селик, а напишан од Мајкл Мекдауел и Каролин Томпсон, врз основа на оригиналната приказна, свет и ликови на Бартон. Филмот доби позитивни критики за анимацијата во филмот стоп-анимација, за партитурата и за оригиналната приказна и претставува голем успех за благајните, со заработка од 50 милиони долари. Бартон уште еднаш соработува со Селик за филмот Џејмс и џиновската праска (1996г.), каде Бартон бил ко-продуцент. Филмот помогна повторно да се обнови интересот за анимацијата стоп-анимација. Една сцена од филмот Кошмарот пред Божиќ е избришана. Во таа сцена група на вампири играат хокеј на замрзнато езерце со отсечената глава на Бартон. Во конечната верзија главата била заменета со тиква што свети.
Слуга на брод
Во 1994 година, Бартон и честиот негов ко-продуцент Денис Ди Нови ја продуцираат фантастичната комедија од1994 година наречена Слуга на брод, во кој улога има комичарот Крис Елиоти и е режирана и напишана од Адам Ресник. Првично, Бартон е тој кој требал да го режира филмот, откако го видел Елиот како глуми во Најди си живот, но му ја доделува режисерската одговорност на Ресник бидејќи веќе еднаш му била понудена за филмот Ед Вуд. Филмот е речиси целосно негиран од критичарите, што дури Крис Елиот во 1995г. ја добива и наградата Златна малина за Најлоша нова ѕвезда. Филмот исто така добива рејтинг на 45% "расипаност" на фестивалот Rotten Tomatoes.
Ед Вуд
Неговиот следен филм, Ед Вуд (1994г.), е на многу пониско ниво, опишувајќи го животот на Ед Вуд, режисер понекогаш нарекуван "најлошиот режисер на сите времиња ". Главната улога ја има повторно Џони Деп, а филмот е мешавина од ниско буџетни научно-фантастични и хорор филмови од детството Бартон и се справува со неговиот комичен протагонист и неговиот разновиден состав на соработници со изненадувачка нежност и чувствителност. Поради караниците за време на снимањето на Кошмарот пред Божиќ, Дани Елфмен одбива да го адаптира Ед Вуд и задачата ја добива Хауард Шор. И покрај комерцијален неуспех во времето на објавувањето, Ед Вуд е добро примен од страна на критичарите. Мартин Ландау доби Оскар во категоријата "Најдобра споредна машка улога" за неговата изведба на Бела Лугоси.Џин Сискел еднаш изјави дека двата филма, Ед Вуд и Граѓанинот Кејн, се филмови кои мора задолжително да се изгледаат.
Бетмен засекогаш
И покрај неговата намера и овој пат да добие право да раководи со Бетмен, Ворнер Брадерс го сметале Бетмен се враќа за премногу мрачен и опасен за деца. За да ја привлечат младата публика, одлучуваат третиот филм да го води, Џоел Шумахер,режисер на филмови како што е Клиентот, додека Бартон ја добива шансата само да го продуцира филмот во соработка со Питер Мекгрегор-Скот. По оваа промена и промените направени од страна на новиот директор, Мајкл Китон поднесе оставка од главната улога, а неговата улога ја добива Вал Килмер. Снимањето започнува кон крајот на 1994 година, а вклучени се и нови глумци како: Томи Ли Џонс, Никол Кидман, Крис О'Донел и Џим Кери. Единствени глумци кои ја продолжија соработка се Пет Хингл и Мајкл Гоф. Филмот кој е мешавина од мрак што ја карактеризира хрониката и од бои и неонски знаци кои ги предложи Шумахер, е огромен успех за благајните со заработка од 336 милиони долари и покрај контроверзноста помеѓу ликовите и содржината. Дури и како продуцент и како близок пријател со режисерот, Бартон не се согласува со одлуките донесени од страна на Шумахер, особено во снимањето на одредени сцени, кои се отстранети од финалната верзија, а подоцна додадени во ДВД издание од 2005 година како избришани сцени. Продукцијата на Ворнер Брадерс побара оние сцени да се избришат и да не се дава истиот тон како и на неговиот претходник Бетмен се враќа. Шумахер е повторно ангажиран да го води и другото продолжение на филмот, неславниот Бетмен и Робин, во кое Бартон од непознати причини не учествува.
Џејмс и џиновската праска
Во 1996 година, Бартон и Селик повторно се соединија за музичка фантазија Џејмс и џиновската праска, заснован според книгата на Роалд Дал. Во филмот меѓу другите глумат и Ричард Дрејфус, Сузан Сарандон, Дејвид Тјулис, Симон Келоу и Џејн Ливс. Бартон овде се јавува како продуцент, Селик како режисер. Филмот е пофален од критичарите и е номиниран за Оскар за "Најдобра музика", "Најдобар автентичен мјузикал" или "Комедија" (од Ренди Њуман).
Марс напаѓа!
Елфман и Бартон повторно се здружуваат за филмот Марс напаѓа! (1996г.). Го направиле врз основа на популарната научно-фантастична серија, а филмот е хибрид помеѓу научната фантастика од 1950-тите години и катасрофалните филмови на сите ѕвезди од 1970-тите години. Случајноста го претвори во една ненамерна пародија на блокбастерот, Денот на независноста, направен во тоа време и издаден пет месеци порано. Иако улогите во филмот ги имаат големи ѕвезди како: Џек Николсон, Пирс Броснан, Мајкл Џ. Фокс, Сара Џесика Паркер, Натали Портман, Лукас Хас, Глен Клоус, Мартин Шорт, Род Стајгер и Џек Блек, филмот доби разновидни критики од страна на американските критичари и е игнориран од страна на американската публика, но е поуспешен на другите места.
Заспаната долина
Филмот Заспаната долина, издаден кон крајот на 1999 година, се одликува со натприродно опкружување и уште една ексцентрична изведба на Џони Деп како Ишабод Крејн, детектив со голем интерес за форензичка наука, како замена на учителот од оригиналната приказна Вашингтон Ирвинг. Со овој филм, Бартон им оддава почит на хорор филмови на англиски компанија Хамер филмс. Кристофер Ли, еден од ѕвездите на Хамер, добива мала улога во филмот. Како и обично во филмовите на Бартон, споредни улоги добија меѓу другите и Мајкл Гуг, Џефри Џонс и Кристофер Волкен, а улогата на Катрина ван Тасел и ја доделува на Кристина Ричи. Претежно е добро примен од страна на критичарите и со посебно споменатиот готски резултат на Елфман, филмот доби Оскар за Најдобра режија, како и две награди од БАФТА (Британската академија за филмски и телевизиски уметности) и тоа за: Најдобра костимографија и Најдобро изработена продукција. Филмот Заспаната долина ги наполни благајните и претставува пресвртна точка за Бартон. Заедно со промените во неговиот личен живот (разделбата со глумицата Лиза Мари), Бартон радикално го променува и стилот на неговиот следен проект, оставајќи ги прогонувачките шуми и шарените изгнаници зад себе и се насочува кон режирање на филмот Планета на мајмуните за кој Бартон мора повеќепати да објасни дека "не е римејк" на претходниот филм.
Од 2000г. до 2010г.
[уреди | уреди извор]Планета на мајмуните
Филмот Планета на мајмуните има голем комерцијален успех и заработи 68 милиони долари уште самиот викенд на отворањето. Филмот доби разновидни критики и се смета за инфериорен за разлика од првата адаптација на романот. Една од критиките се состои во тоа дека филмот отишол во поублажена форма за разлика од мрачната, церебрална и нихилистичка атмосфера во филмот од 1986год. Филмот е значително отстапување од вообичаениот стил на Бартон и затоа подоцна настана дилема околу тоа дали филмот е навистина на Бартон, или тој е само "најмен пиштол", кој треба да работи како што ќе му побараат. Бартон, наводно, се карал со студиото во текот на снимањето на филмот, а еднаш толку многу се налутил што наеднаш го напуштил снимањето за тој ден. Исто така има и многу извештаи за промени во последната минута на филмот. Филмот оствари голем комерцијален успех и нема јасен завршеток така што јасно е посочена можноста за продолжение, но ни студиото, ни Бартон не даваат индикации за правење на друг филм за мајмуните (кој подоцна станува Востанието на мајмуните). Крајот е поблизок до оној на романот. За време на снимањето на филмот, Бартон се запознава со глумицата Хелена Бонам Картер, која долго подоцна добива улоги во неговите филмови.
Голема риба
Во 2003 година, Бартон го режира гилмот Голема риба, врз основа на романот Голема риба: Роман со митски пропорции на Даниел Волис. Филмот е за таткото кој му ја раскажува приказната за неговиот живот на својот син користејќи преувеличување и обоеност. Улогите ги добија Јуан Мекгрегор како младиот Едвард Блум и Алберт Фини како постариот Едвард Блум. Во филмот исто така глумат ѕвездите: Џесика Ланг, Били Крудап, Дени Девито, Алисон Ломан и Марион Котијар. Голема риба доби четири номинации за Златен глобус, како и номинација за Оскар за Партитура од Дени Елфман. Филмот Голема риба е исто така втората соработка помеѓу Бартон и Хелена Бонам Картер, која ги игра ликовите на Џени и на вештерката.
Чарли и фабриката за чоколадо
Чарли и фабриката за чоколадо(2005г.) е адаптација на книгата од Роалд Дал. Главната улога повторно ја има Џони Деп како Вили Вонка, потоа Фреди Хајмот како Чарли Бакет и Хелена Бонам Картер, како г-ѓа Бакет. Филмот доби пореален пристап кон изворниот материјал отколку адаптацијата од 1971год. Вили Вонка и фабриката за чоколадо, и покрај тоа што во одредени сцени е земена поголема слобода, како што е додадената караницата помеѓу Вонка и неговиот татко (кој го глуми Кристофер Ли). Чарли и фабриката за чоколадо подоцна е номиниран за Оскар за најдобра костимографија. Филмот само во САД заработи повеќе од 207 милиони долари.
Мртвата невеста
Филмот Мртвата невеста(2005г.) е првиот филм на Бартон како режисер направен во целосна должина снимен стоп-анимација, каде главни улоги кои ги позајмија гласовите се Џони Деп како ликот на Виктор и Хелена Бонам Картер (специјално за која беше замислен проектот) како Емили. Во овој филм, Бартон повторно има можност да ги користи познатите негови знаци и стилови, како што е сложената интеракција помеѓу светлината и мракот и заробеноста помеѓу две непомирливи света.
Свини Тод: Демонскиот бербер од Флит улицата
Продукцијата на Дрим Воркс/Ворнер Брадерс е објавена на 21 декември 2007 година. Филмот на Бартон Свини Тод ја освои наградата од Националниот совет за филмска критика за Најдобар режисер[5] и е номиниран за "Златен глобус" за најдобар режисер[6] и освои Оскар за најдобро остварување во режија. Хелена Бонам Картер ја доби британската филмска награда на Evening Standard за нејзиниот портрет на г-ѓа Ловет, како и номинација за Златен глобус. Филмот е неодолива мешавина од јасен масакр и песни во стилот на Бродвеј. Џони Деп е номиниран за Оскар за најдобар глумец за улогата на Свини Тод. Деп го освои Златниот глобус за "Најдобар глумец во мјузикл/комедија", како и наградата за "Најдобар криминалец" како Тод во 2008 година во МТВ наградите.
9
Во 2005 година, режисерот Шејн Екер го издава краткиот филм 9, приказна за една чувствителна кукла која живее во пост-апокалиптичен свет и се обидува да ги запре машините за да не ги уништат останатите нејзини осум другарки кукли. Филмот доби повеќе награди и е номиниран за Оскар за "Најдобар краткометражен анимиран филм". Откако го изгледаде краткиот филм, Бартон и Тимур Бекмамбетов, режисер на Wanted, покажа интерес за режирање на долгометражна адаптација на филмот. Филмот е во режија на Акер, напишан од Акер (приказната) и Памела Петлер (сценарио, соавтор на Мртвата невеста), а во него меѓу другите глумат Елајџа Вуд, Џон К. Рајли, Џенифер Конели и Кристофер Пламер. Ова е првиот анимиран филм на Бартон со исклучок на неговите филмови снимени стоп-анимација.
Од 2010г. па натаму
[уреди | уреди извор]Алиса во земјата на чудата
Во верзијата на Бартон, дејството се случува 13 години по оригиналната приказна на Луис Керол. Миа Васиковска, 19-годишна девојка која глуми во сериите на HBO во In Treatment и Defiance, се најде во улога на Алиса. Оригиналниот датум за почеток на дејствието е мај 2008. Филмот од 1 септември - октомври 14 се снима на две локации, Торпоинт и Плимут, а дејствието повторно се одвива во Викторијанската ера. Сцените во тоа време, се снимени во Antony House (куќа од 18 век) во Торпоинт. На почетокот на август се избрани 250 и локалните статисти. Другата продукциска работа се одржува во Лондон. Филмот првично треба да биде издаден во 2009 година, но се одложува за 5 март 2010. Џони Деп го игра Лудиот Шапкар, Мет Лукас, ѕвезда на Малата Британија, ги игра двајцата и Тралала и Трулала, Хелена Бонам Картер ја игра Црвената Кралица, Стивен Фрај е Чешарската Мачка, Ен Хатавеј е Белата кралица, Алан Рикман е гасеницата Абсолем, Мајкл Шин е Белиот Зајак и Криспин Гловер е Џандарот во срце. Тим Бартон во 2009год. се појави на конгресот за стрипови во Сан Диего, Калифорнија, за да ги промовира и двата филма, 9 и Алиса во земјата на чудата. Кога го запрашале за процесот на правење на филмовите, тој го спомнал својот "имагинарен пријател" кој му помогнал, поттикнувајќи го Џони Деп да излезе на сцената на аплаузот на публиката.
Мрачни сенки
Мрачни сенки е следниот филм на Тим Бартон каде уште еднаш Џони Деп ја има главната улога. Овој филм е режиран врз основа на оригиналната сапунска опера Мрачни сенки. Други членови кои се најавени како дел од глумецската екипа се Мишел Фајфер, Ева Грин, Џеки Ерл Хејли, Бела Хиткот, Томас Мекдонел, Гуливер Мекграт и Клои Грејс Морец. Снимањето треба да започне во април 2011 година, а филмот ќе биде објавен во 2012 година. Дани Елфман ќе ја прави адаптацијата, како и музиката за филмот, а Колин Атвуд ќе биде костимограф.
"Тим Бартон" во Музејот на современата уметност Од 22 ноември 2009 година до 26 април 2010, Бартон имаше ретроспектива во Музејот на современата уметност во Њујорк со повеќе од 700 "цртежи, уметнички слики, фотографии,табли со приказни, рамки со подвижни слики, марионети, макети, костими и филмски ефемерид, вклучувајќи и многу од лична колекција на Бартон. Шоуто вклучува и аматерски и студентски филмови, музички спотови, реклами и дигитални слајдови, како и комплетен сет на долгометражни и краткометражни филмови.
"Тим Бартон" на Австралискиот центар за подвижна слика (ACMI) Од Музејот на современата уметностизложбата на "Тим Бартон" ќе патува директно на Австралискиот центар за подвижна слика во Мелбурн. Почнува од 24 јуни и трае до 10 октомври 2010год. Изложбата во австралискиот центар за подвижна слика ќе вклучи дополнителни материјали од филмот Алиса во земјата на чудата, кој е објавен во март 2010год.
Идни проекти Бартон планира да направи римејк на неговиот краткометражен филм од1984год. Франкенвини како долгометражен филм стоп-анимација, порачан од Волт Дизни Пикчрс. Филмот треба да биде готов на 5 октомври 2012 година. Тој исто така треба да направи филмска адаптација според телевизиската серија Мрачни сенки. Џони Деп ќе биде ко-продуктор на филмот, а воедно ќе го глуми Варнава Колинс, додека пак Сет Грахам-Смит во моментов го пишува сценариото. Сепак, се очекува снимањето на филмот Мрачни сенки да се оддолжи, поради обврските на Деп и Бартон во други проекти. За време на конгресот за стрипови 2009 година, Бартон потврди дека Мрачни сенки ќе биде неговиот следен филм. На 19 јануари 2010 година, најавено е дека по Мрачни сенки, следниот проект на Бартон ќе биде адаптација на Заспаната убавица во еден помрачен стил, а ќе бидат вклучени делови од оригиналната приказна како што е главниот негативец - Лошата вила. Во интервјуто за Фанданго објавено на 23 февруари 2010год., сепак, тој негираше дека ќе го режира претстојниот филм за Заспаната убавица. Сепак, на 23 ноември 2010 година, во интервју за МТВ, Бартон потврди дека тој навистина пишува сценариото за Лошата вила. Бартон, исто така, изјави дека постои можност тој да биде ко-продуцент на новиот филм Абрахам Линколн, вампирот ловец на Тимур Бекмамбетов, со кој заедно го продуцираа филмот 9. Филмот Абрахам Линколн, вампирот ловец ќе биде направен врз основа на романот од Сет Грахам-Смит, автор на Гордост и предрасуди и зомби. Исто така, се смета дека Бартон ќе режира 3-D адаптација на филмот Фамилијата Адамс во стоп-анимација анимација, а тоа беше потврдено и од Кристофер Меледандри. На 19 јули 2010 година, тој беше најавен како директор на претстојната филмска адаптација на Монструпокалипса.
Личен живот
[уреди | уреди извор]Бартон беше две години во брак со Лена Гисек, глумица родена во Германија, која ја остави за да биде со моделот и глумица Лиса Мари, која глумеше во филмови кои тој ги направи за време на нивната врска од 1992год. до 2001год., посебно во Ед Вуд и Марс напаѓа!. Откако ја напушти, Бартон се впушти во романтична врска со Хелена Бонам Картер, која ја сретна за време на снимањето на филмот Планета на мајмуните. Лиса Мари за ова му врати кога во 2005 година организираше аукцијата на лични предмети на Бартон што тој ги оставил кај неа кога се иселил, само за да го вознемири. Бартон и Бонам Картер имаат две деца: Били Реј, роден 4 октомври 2003 година и Нел, роден 15 декември 2007год. Неговиот близок пријател Џони Деп е кум на синот на Бартон. Во Бартон на Бартон, Деп го напиша воведот велејќи: "Што можам да кажам за него? Тој ми е брат, пријател, татко ми на мојот крштеник. Тој е единствна и храбра душа, некој за кој би одел до крајот на земјата и за кој знам и сум сигурен, дека тој ќе го стори истото за мене. " Бартон беше претседател на жирито на 63-годишниот Канскиот филмски фестивал, кој се одржа од 12 Мај до 24 мај 2010 година во Кан, Франција. На 15 март 2010 година, Бартон ги доби ознаките од Chevalier of Arts and Letters од министерот за култура, Фредерик Митеран.
- ↑ Morgenstern, Joe (April 9, 1989). „Tim Burton, Batman and The Joker“. NYTimes.com. Посетено на March 12, 2010.
- ↑ Gray, Sadie. „Tim+Burton“. The Times. London. Посетено на May 25, 2010.[мртва врска]
- ↑ „Tim Burton's early short: 'King and Octopus' Clip“. YouTube. December 5, 2009. Архивирано од изворникот на 2011-05-10. Посетено на June 4, 2010.
- ↑ Kashner, Sam (2014). „The Class That Roared“. Vanity Fair. Посетено на February 13, 2014.
- ↑ „Tim Burton (i) – awards“. Imdb.com. May 1, 2009. Посетено на March 12, 2010.
- ↑ „65th Annual Golden Globe awards“. Imdb.com. May 1, 2009. Посетено на March 12, 2010.