Прејди на содржината

Дислексија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дислексија
СпецијалностНевропсихологија, Педијатрија Уреди на Википодатоците
    Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).
Поглед на корпус калозум, предниот дел на врвот на сликата

Дислексија е состојба каде што постојат тешкотии при читањето и разбирање на прочитаното. Децата кои страдаат од оваа болест, имаат тешкотии и при интерпретацијата на визуелните симболи. Иако имаат нормален вид и слух, како и навики за пишување, тие имаат тешкотии при пишувањето на букви или зборови по саканиот редослед или некогаш ги мешаат некои букви, така на пример како "б" и "д" или "п" и "н". Често мешаат и блиски зборови, не обрнуваат внимание на интерпункцијата и читаат со монотон глас. Многу често ги пишуваат зборовите како што и ги изговараат. Децата кои страдаат од дислексија, не заостануваат во менталниот развој од своите врсници па дури и во некои случаи ги надминуваат. Но, ако дијагнозата не се постави на време и не се спроведе потребното лекување, детето ќе заостанува во училишните активности и ќе почне да пројавува отстапувања во однесувањето.

Вообичаени симптоми:

[уреди | уреди извор]
  • Преместување на буквите;
  • Тешкотии во читањето;
  • Детето тешко може да ги запомни зборовите, дури и оние кои штотуку ги прочитало.

Што може да се преземе?

[уреди | уреди извор]

Дислексијата не треба да пречи во образованието на детето. Ако болеста се открие доволно рано и детето добива помош во училиштето од психолог и педагог, тоа ќе може да ги надмине тешкотиите. Со такво дете најдобро е да се обрнува внимание на неговите способности кои се неповрзани со писмените знаци. Поддржувајте го творечкиот и конструктивниот карактер на другите активности, за да не ја загуби детето самодовербата што подоцна може да предизвика и нарушување во неговото однесување. Децата кои страдаат од дислексија, имаат потреба од поддршка и совет. Исклучително важно е да не мешаат нивните тешкотии во читањето со заостанување во менталниот развој или со какви било оштетувања на слухот и видот.