Невропсихологија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Невропсихологијата ја проучува структурата и функционирањето на мозокот поврзани со одредени психолошки процеси и однесувања. Терминот невропсихологија се однесува на истражувањата за повреди (рани) кај луѓето и животните. Исто така, се применува и во снимање на електричната активност на поединечните клетки (или групи клетки) кај приматите на повисоко ниво (вклучувајќи и некои студии за пациенти кои се луѓе). Таа според својот пристап е наука и заедно со когнитивната психологија и когнитивните науки споделува прикази за обработка на информациите во мозокот.

Во пракса невропсихолозите имаат тенденција да работат во клинички услови (како што е проценка или лекување на пациенти со невропсихолошки проблеми), да даваат судски извештаи или во индустријата (честопати како консултанти каде невропсихолошкото знаење се применува во изработка на производ или во раководството на фармацевтските истражувања за лекови кои би можеле да имаат потенцијално влијание врз функционирањето на централниот нервен систем - ЦНС).

Пристапи[уреди | уреди извор]

Експериментална невропсихологија е пристап кој ги користи методите од експерименталната психологија, за да ја открие врската помеѓу нервниот систем и когнитивните функции. Поголемиот дел од работата вклучува проучување на здрави луѓе во лабораториски услови, иако мал број истражувачи може да вршат експерименти и на животни. Работата со луѓе во оваа област често носи предности за специфичните одлики на нашиот нервен систем, односно се прават врски помеѓу невроанатомијата и психолошката функција.

Клиничка невропсихологија е примена на невропсихолошкото знаење во проценка (видете невропсихолошки испитувања и невропсихолошки проценки), насочување, и рехабилитација на луѓе кои претрпеле болест или повреда (особено на мозокот) која предизвикува неврокогнитивни проблеми. Значајно е што таа воведува психолошка гледна точка за третманот, за да се разбере начинот како одредена болест и повреда можат да влијаат и да бидат под влијание на психолошките фактори. Таа исто така може да понуди мислење за тоа дали некое лице покажува потешкотии поради мозочна патологија или тие се последица на емоционални или други причнини. Ваквите невропсихолози често работат во болнички услови во интердисциплинарен медицински тим, а други пак работат во приватни пракики и може да обезбедат експертско мислење во медицинско-законски постапки.

Когнитивната невропсихологија е релативно нова по својот развој и се појави како дестилација на комплементарните приоди од експерименталната и клиничката невропсихологија. Таа се обидува да ги разбере умот и мозокот преку проучување на луѓе кои претрпеле повреди на мозокот или невролошки заболувања. Еден модел на невропсихолошкo функционирањe е познат како функционална локализација. Ова се заснова на принципот дека ако одреден когнитивен проблем може да се открие по повреда на одредена област на мозокот, тогаш се појавува можност дека овој дел од мозокот е вклучен на некој начин. Сепак, можеби има причина да се верува дека врската помеѓу менталните функции и нервните региони не е толку едноставна. Алтернативен модел на врската помеѓу умот и мозокот, како што е паралелната преработка на податоци, може да има поголема моќ на објаснување за работата и дисфункцијата на човечкиот мозок. Сепак, друг пристап истражува како модел на грешки произведени од оштетен мозок на поединци може да го ограничи нашето разбирање за менталните процеси и претстави. Понов, но поврзан пристап е когнитивната невропсихијатрија која се обидува да ја разбере нормалната функција на умот и мозокот со проучувањето на психијатриски или ментални болести.

Конекционизам е употреба на вештачки нервни мрежи како модели за карактеристични когнитивни процеси кои користат поедноставени, но прифатливи модели за работата на невроните. Откако еднаш ќе се подготват за извршување на одредена когнитивна задача овие мрежи често се оштетуваат и не можат да симулираат повреди на мозокот или нарушувања во обид да се разберат и да се споредат резултатите со ефектите од повреди на мозокот кај луѓето.

Функционалната невровизуелизација користи специфични невровизуелни технологии со кои се земаат отчитувања на мозокот, обично кога едно лице извршува одредена задача, во обид да се разбере како активирањето на одредени делови на мозокот е поврзано со задачата. Поточно, растот на методологии за употреба на когнитивното тестирање во рамките на утврдените техники за слики од функционалната магнетна резонанца (ФМРИ) за истражување на односите на начинот на работа на мозокот е да се има значајно влијание врз невропсихолошкото истражување.

Во практика овие пристапи не се исклучуваат меѓусебно и повеќето невропсихолози го избираат најдобриот пристап или пристапи за извршување на задачата.

Методи и алатки[уреди | уреди извор]

  • Користење на стандардизирани невропсихолошки испитувања. Овие задачи се дизајнирани така што изведбата на задачата да може да се поврзе со одредени неврокогнитивни процеси. Овие тестови обично се стандардизирани, што значи дека тие биле спроведени на одредена група (или групи) луѓе пред да бидат употребени во поединечни клинички случаи. Податоците што произлегуваат од стандардизацијата се познати како нормативни податоци. Откако овие податоци ќе се соберат и анализираат, тие се користат како споредбен стандард според кој поединечните резултати може да се споредат. Примери за невропсихолошки испитувања ги вклучуваат: Векслер скалата за меморија кај возрасни (WMS), Весклер скалата за интелигенција кај возрасни (WAIS), Векслер скалата за интелигенција кај деца (WISC) итн.
  • Честа е употребата на скенери за мозокот за да се испита структурата или функцијата на мозокот, било како едноставен начин за подобра проценка на повреда на мозокот преку слики со висока резолуција, или преку испитување на релативното активирање на различни делови на мозокот. Ваквите технологии може да вклучуваат ФМРИ (слики од функционална магнетна резонанца) и позитрон емисија томографија (ПЕТ), кои даваат податоци во врска со функционирањето, како и МРИ (магнетна резонанца) и компјутерска осна томографија (СТ или CAT), што дава структурни податоци.
  • Користење на електрофизиолошки мерки за да се измери активација на мозокот преку мерење на електричното или магнетното поле кое го произведува нервниот систем. Ова може да вклучува електроенцефалограф (ЕЕГ) или магнетоенцефалограф (МЕГ).
  • употреба на дизајнирани експериментални задачи, кои често ги контролира компјутер и обично го мерат времето на реакција и точноста на конкретни задачи за кои се верува дека се поврзани со специфични неврокогнитивни процеси.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]