Џим Кери
Џим Кери Jim Carrey | |
---|---|
Роден(а) | Џејмс Јуџин Кери James Eugene Carrey |
Активен | 1981-сѐ уште |
Сопружник | Мелиса Вомер (1987-1995) Лорен Холи (1996-1997) |
Џејмс Јуџин „Џим“ Кери (анг: James Eugene "Jim" Carrey) (роден 17 јануари 1962) — канадски глумец и комедијант. Добитник е на 2 награди златни глобуси, а исто така е и номиниран во 4 прилики. Кери почнува да се занимава со комедија во 1979 година, настапувајќи во клубот Yuk Yuk's во Торонто. Откако станува познат во 1981, почнува да работи во The Comedy Store во Лос Ангелес, каде е приметен од комедијантот Родни Дангерфилд кој веднаш го вработува како отворач на неговото шоу. Кери подолго време бил заинтересиран за улоги во филмови и телевизиски настапи, со што се запознава и станува добар пријател со Дејмон Вејанс. Дејмон му нуди улога во шоуто In Living Colour, во кое Џим глуми неколку различни ликови за време на сезоната од 1990 година.
Здобивајќи се со мали успеси од нискобуџетни филмови, Џим Кери ја добива улогата на Ace Ventura во истоимениот филм Ace Ventura: Pet Detective, кој својата премиера ја има Февруари, 1994 година. Иако филмот ќе биде изложен на разни и измешани критички мислења, истиот ќе заработи 72 милиони долари, само на домашниот пазар. Филмот си заработи и продолжение, Ace Ventura: When Nature Calls (1995). Улоги од висок профил следеа за Кери откако презеде улоги како Stanley Ipkiss во филмот The Mask (1994) за којшто се здобива со златен глобус номиниран како најдобар глумец во Комедија или Мјузикал, и како улогата Lloyd Christmas во филмот Dumb and Dumber (1994).
Измеѓу 1996 и 1999 година, Џим Кери продолжува да нижи успеси откако ќе ги добие водечките улоги во неколку високопопуларни филмови, вклучувајќи ги и: The Cable Guy (1996), Liar
Liar (1997), во кои беше номиниран за наградата златен глобус и во критичките филмови The Truman Show и Man On The Moon, во 1998 и 1999 година. Кери си заработува ја заработува наградата златен глобус и за двата филмови. По добивањето на двете награди, Кери продолжува и понатаму со улогите во комедии, вклучувајќи ги и How To Grinch Christmas (2000) каде ја добива главната улога, Bruce Almighty (2003)каде ја толкува улогата на несреќен ТВ водител Bruce Nolan, Lemony Snicket's A Series of Unfortunate Events (2004), Fun with Dick and Jane (2005), Yes Man (2008), и A Christmas Carol (2009). Кери, исто така, се согласува и на посериозни улоги, како Joel Barish во Eternal Sunshine of the Spotless Mind (2004) заедно со Kate Winslet и Kirsten Dunst, што му донесе уште една номинација за наградата златен глобус, и Steven Jay Russell во I Love You Phillip Morris (2009) заедно со Ewan McGregor.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Џим Кери на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Биографија на Џим Кери - cinema.com
- Врвни 11 филмски улоги на Џим Кери Архивирано на 18 декември 2008 г. на Moviefone
„Џим Кери“ на Ризницата ? |
|