Алиса во земјата на чудата (филм од 2010)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Alice in Wonderland“
Theatrical poster
РежисерТим Бартон
ПродуцентRichard D. Zanuck
Joe Roth
Suzanne Todd
Jennifer Todd
Главни улогиJohnny Depp
Anne Hathaway
Helena Bonham Carter
Crispin Glover
Mia Wasikowska
With the Voices of:
Stephen Fry
Alan Rickman
Michael Sheen
Timothy Spall
МузикаDanny Elfman
КинематографијаDariusz Wolski
МонтажаChris Lebenzon
СтудиоRoth Films
The Zanuck Company
Team Todd
ДистрибутерWalt Disney Pictures
Премиерафевруари 25 2010 (2010-02-25) (London)
март 5 2010 (2010-03-05)
Времетраење108 minutes
ЗемјаПредлошка:Film US Предлошка:Film UK
ЈазикEnglish
Буџет$150[1][2]
Бруто заработка$1,024,299,904

Алиса во земјата на чудата (англиски: Alice in Wonderland) е американска компјутерска анимација/акционен, фантастично-авантуристички филм режиран од Тим Бартон, напишан од Линда Вулвертон и објавен од „Волт Дизни Пикчрс“. Главните улоги ги играат: Миа Васиковска, Џони Деп, Хелена Бонам Картер, Ен Хатавеј, Криспин Гловер, Мајкл Шин, Лео Бил и Стивен Фрај.[3] Филмот е заснован врз романите на Луис КаролАлиса во Земјата на чудата“ (1865) и „Алиса во огледалото и што таа пронајде таму“ (1871). Премиерата на филмот се одржала во Odeon Leicester Square во Лондон, на 25 февруари 2010 година; во Австралија, филмот премиерно бил прикажан на 4 март 2010 година; а неговата дистрибуција во САД и во Велика Британија започнала на 5 март 2010 година, преку „IMAX 3D“ и „Disney Digital 3D“, како и во традиционалните кино-сали. Притоа, филмот постигнал голем комерцијален успех, со заработка од над милијарда долари низ целиот свет. На 83. доделување на наградите „Оскар“, филмот победил во две категории: најдобра режија и најдобра костимографија.

Содржина[уреди | уреди извор]

Вознемирена од некој чуден сон што постојано го сонува и тажна поради загубата на својот сакан татко, деветнаесетгодишната Алиса оди на забава во градината на имотот на Лорд Аскот, каде што е подложена на несакана понуда за брак и задушувачките очекувања на општеството во кое таа живее. Збунета и незнаејќи што да одговори, таа тргнува да го брка зајакот во син елек и случајно паѓа во голема зајачка дупка. Тогаш, таа сфаќа дека се наоѓа во светот наречен Подземје, каде што ја пречекуваат Белиот Зајак, Смрдулката, птицата-Додо и децата Тралала и Трулала. Сите тие се обидуваат да го откријат нејзиниот идентитет, односно дали е „вистинската Алиса“, за која што е претскажано дека на судниот ден ќе го убие Змејот на Црвената кралица и дека ќе ѝ ја врати моќта на Белата Кралица. Групата тогаш паѓа во заседата на еден Ѕвер, помошник на Црвената кралица и на војници од карти за играње, предводени од Џандарот во срце. Сепак, Алиса успева да побегне и да се скрие во шумата.

Џандарот ја известува Црвената Кралица дека Алиса се вратила во Подземјето и дека може да го доведе во опасност нејзиното владеење. Во меѓувреме, Алиса скитајќи ја среќава Чеширскиот Мачор, која ја одведува до Мартовскиот Зајак и Лудиот Шапкар. На патот кон замокот на Белата кралица, Шапкарот ѝ раскажува за теророт на владеење на Црвената кралица и заклучува дека Алиса не е истата од порано. Шапкарот успева да помогне за да не ја уапсат Алиса, но сепак војниците го заробуваат него. Подоцна, Алиса ја пронаоѓа Бајард, куче од расата Бладхаунтери, кој сака да ја однесе кај Белата кралица, но Алиса сака прво да му помогне на Шапкарот, па така тие се упатуваат кон замокот на Црвената Кралица.

Бидејќи Црвената кралица не го знае вистинскиот идентитет на Алиса (верува дека таа е девојка наречена „Хм“), таа ја прима во својата палата како гостинка. Таму, Алиса дознава дека Смртниот меч (единственото оружје со кое може да се убие змејот) е заклучено во куфер во дувлото на ѕверот што ѝ помага на Црвената Кралица. Во меѓувреме, Џандарот се обидува да ја заведе Алиса, но таа го одбива. Таа подоцна успева да го најде мечот и се спријатели со суштеството што го чува. Џандарот ја наоѓа со мечот и се обидува да ја уапси, но таа успева да побегне качена на грбот на ѕверот и да ѝ го однесе мечот на Белата кралица. Чеширскиот Мачор успева да го спаси Шапкарот од погубување и Шапкарот организира бунт против Црвената Кралица. Бунтот се раширува до замокот во Белата кралицата и двете војски се подготваат за борба. Алиса не е сигурна за очекувањата кои Белата Кралица ги има за неа и затоа ја посетува гасеницата Абсолем. Тој ја потсетува на нејзината мината посета во Подземјето (кое, во то авреме, таа по грешка ја нарекува „Земјата на чудата“) тринаесет години порано и ѝ дава храброст да се бори против змејот.

Кога судниот ден конечно доаѓа, Белата и Црвената Кралица ги собираат нивните војски на бојнота поле, кое изгледа како шаховска табла, и ги испраќаат нивните одбрани четворица витези (Алиса и и Змејот носат оклопи) за да ја одлучат судбината на Подземјето. Поттикната од зборовите на нејзиниот покоен татко, Алиса успева да го убие змејот. Белата Кралица тогаш ги протерува Црвената Кралица и Џандарот во далечната земја и ѝ дава на Алиса чаша полна со крв од змајот, што ќе ја одведе дома. Шапкарот ѝ предложува на Алиса да остане во Подземјето, но таа одлучува да се врати назад, со ветување дека ќе се врати. Алиса се враќа дома, каде што се спротивставува на своето семејство и си ветува дека ќе го живее животот според своите услови. Импресиониран, Лорд Аскот ја зема Алиса како негова ученичка, со идеја да направи океански трговските патишта кои водат до Кина. На крајот од филмот, Алиса се подготвува да тргне на патување со трговскиот брод, а Абсолем (претворен во пеперутка), слетува на нејзиното рамо. Алиса го препознава и го поздравува пред тој да одлета.

Ликови и улоги[уреди | уреди извор]

Филмот има повеќе ликови, а многу од нив се создадени според делата на Луис Карол.

  • Миа Васиковска ја глуми Алиса. При создавање на ликот, сценаристката Линда Вулвертон истражувала како се очекува од младите жени да се однесуваат во Викторијанската ера, а потоа го направила сосем спротивното. Васиковска ги прочитала книгите на Керол уште како дете, а сега ги препрочитала за да се подготви за својата улога. Таа, исто така, ја изгледала Алиса на Јан Шванкмајер. Според нејзините зборови: „Кога бевме деца, мојата мајка ми го вклучуваше филмот во видеото. Ние бевме немирни и не го разбиравме, но не можевме да не го гледаме бидејќи беше многу интересен. Па го зачував тоа чувство, тоа прогонувачко чувство за Алиса. Иако се соочив со притисокот за тоа дали ќе ги исполнам очекувањата на општеството, Алиса прерасна во самостојна хероина со силна волја, која е спремна да го избере својот сопствен пат“. Независниот колумнист Лиз Хогард ја посочил Алиса како пример за девојките, опишувајќи го нејзиниот лик како „тврдоглава, храбра и неженствена“. Мери Ела Чален ја глуми Алиса во сцените во кои таа има шест години.
  • Џони Деп го глуми Лудиот Шапкар. Васиковска изјавила дека и „двата лика се чувствуваат како да не припаѓаат таму, се чувствуваат сами во нивните два одделни света и имаат посебна врска и пријателство“. Бартон објаснува дека Деп „се обидувал да се поврзе со ликот ... а не само да биде луд“. Бартон, исто така, изјавува: „Во многу верзии тој е единствен лик и целта на Џони му е да се обиде да ја изнесе човечката страна на овој чуден лик“. Портокаловата коса ја добива поради труење со жива кое го претрпеле шапкарите кои ја користителе живата за да ги искажат чувствата, а Деп верува дека ликот „бил отруен ... и дека тоа се познавало по неговата коса, преку неговите нокти и неговите очи“. Деп и Бартон одлучиле дека облеката на лудиот шапкар, како и неговата кожа, коса, личност и акцентот ќе се менуваат во текот на филмот за да ги покажат неговите вистински емоции. Во едно интервју, Деп ликот го споредува со „...прстен на расположението, бидејќи неговите емоции се многу блиску до површината“. Лудиот Шапкар е „составен од повеќекратна личност со многу спротивни особини“, на една страна ликот со благ глас и поблаг карактер, многу сличен на ликот на Луис Керол, а на друга страна ликот со шкотски акцент, кој се зборува во градот Глазгов (каде како модел на Деп му служел главниот лик од ситуациската комедија Rab C.Nesbitt на Грегор Фишер), и помрачен и поопасен карактер. Илузионерскиот танчар Дејвид Бернал го заменил Деп во сцените кога Шапкарот го игра својот танц некаде при крајот на филмот.
  • Хелена Бонам Картер се јавува во улога на Црвената Кралица, која е комбинација од Црвената Кралица и Кралицата срце. Нејзиното име го содржи зборот избувлив, бидејќи таа е лесно се иритира и брзо го искажува гневот. Главата на Бонам Картер на екранот е дигитално зголемена за трипати од нејзината оригинална големина. Овој лик мрази животни и ги користи како слуги и мебел. Глумицата се инспирирала од нејзината млада ќерка Нел, која рече: „Црвената кралица е како детенце, бидејќи има голема глава и е тиранин. Децата немаат симпатии за ниедно живо суштество“, додавајќи: „Нел само ни наредува без никакво „молам“ или „благодарам“.
  • Ен Хатавеј ја има улогата на Белата Кралица. Таа е една од ретките ликови во овој филм за кој не е потребно дигитално поправање. Хатавеј нејзиниот лик го опиша со дел од насловот на „Хепи Бани“ каде што држи нож „Симпатична, но луда. Делува дури и надвор“. Според Хатавеј, „таа ги има истите гени како и Црвената кралица. Таа навистина ја сака мрачната страна, но многу се плаши работите да не отидат предалеку, па прави сè да изгледа многу лесно и среќно. Но, таа живее на тоа место од страв дека нема да може да се контролира“. Хатавеј ја опишува нејзината интерпретација на Белата кралица како „вегетаријански панк-рок пацифист“, кој црпи инспирација од Блонди, Грета Гарбо и уметничките дела на Ден Флавин. Бартон вели дека изгледот на Белата кралица го направил инспириран од Ниџела Лосон.
  • Криспин Гловер е Џандарот срце. Овој лик е арогантен и незгоден и извршувајќи ја секоја заповед на Црвената кралица, тој е единствениот кој може да ги смири нејзините драматични промени на расположението. Гловер изјавува: „Црвената кралица има еднаква количина на краткорочни темпераментни реакции на она што луѓето го прават и затоа Џандарот мора да биде голем дипломат“. Телото на Џандарот е целосно дигитално, а само главата е снимена во живо.
  • Мет Лукас ги глуми ликовите на Тралала и Трулала. Бартон предложува вмешувањето на анимацијата, а Лукас изјавува: „Тоа е чудна мешавина на повеќе работи што го дава вознемирувачкиот карактер на неговите ликови, што тие потполно го заслужуваат“.
  • Леo Бил го глуми Хамиш Аскот, синот на Лорд Аскот.
  • Френсис де ла Тур ја глуми Имоџин, тетката на Алиса.
  • Мартон Чокаш го глуми Чарлс Кингсли, таткото на Алиса.
  • Линдзи Данка ја глуми Хелен Кингсли, мајката на Алиса.
  • Тим Пигот-Смит е Лорд Аскот.
  • Џералдин Џејмс е Г-ѓа Аскот.

Гласови[уреди | уреди извор]

  • Мајкл Шин го позајмува гласот на Белиот Зајак. Шин изјавува дека ликот „... е исконски лик затоа не чувствува дека треба да експериментира премногу“. Бартон вели дека најмногу од своето зајаче со часовник сака тресење и исто така коментира дека „во некоја следна инкарнација на Белиот зајак во текот на годините, има некој вид на нервоза во него“.
  • Алан Рикман го позајмува гласот на гасеницата Абсолем. Иако Рикман го снимале во живо додека истовремено му го снимале гласот во студиото, сепак неговото лице не е ставено на лицето на ликот како што првично планирале.
  • Барбара Виндзор го позајмува гласот на Смрдулката. Бартон вели дека гласот на Виндзор е пресудниот елемент заради кој таа ја доби улогата за овој лик.
  • Стивен Фрај својот глас го позајмува за Чеширскиот Мачор. Бартон изјавува дека ликот имал гаден карактер поради неговата омраза кон другите мачки.
  • Пол Вајтхаус гласот го позајмува на Мартовскиот Зајак. Бартон изјавува дека поради тоа што Вајтхаус е голем комичен глумец, тој импровизирал во многу делови од неговиот текст.
  • Тимоти Спол гласот го позајмува на кучето Бајард.
  • Мајкл Гоф (во неговата последна филмска улога) го позајмува гласот на птицата - Додо. Бартон изјавува дека Гоф е првиот човек за улогата на додо на кого тој се сетил кога ги делел ликовите, бидејќи тој има комплетно квалитетен глас.
  • Господинот Кристофер Ли го позајмува гласот на Змејот за неговиот краток говор. И покрај тоа што се работи за неколку редови, Бартон изјавува дека чувствува дека Ли е најпогоден за овој исконски карактер затоа што тој е исконски човек.
  • Имелда Стонтон и Тревор Персон својот глас го позајмуваат на цвеќињата што зборуваат.
  • Џим Картер го позајмува гласот на егзекуторот.
  • Френк Велкер и Тревор Персон ги глумат дополнителните гласови и вокални ефекти.

Продукција[уреди | уреди извор]

Тим Бартон потпишал договор со Дизни, при што треба да режира два филма во Дизни дигиталната 3D, каде се вклучени „Алиса во земјата на чудата“ и неговиот „римејк“ на „Френкенвини“. Бартон ја одбрал оваа приказната, бидејќи никогаш не чувствувал емотивна врска кон оригиналната книга, каде се нафрлени серија настани и една девојка лута од еден чуден карактер на друг. Тој објаснил дека целта му е да се обиде да направи еден занимлив филм каде што ќе ја внесе психологијата на ликовите и ќе внесе свежина, но исто така ќе ја зачува оригиналната природа на Алиса. За претходни верзии, Бартон изјавил: „Алиса секогаш беше една девојка која лута наоколу од еден до друг луд лик и јас всушност никогаш не почувствував вистинска емоционална поврзаност“. Неговата цел била на новиот филм да му даде „рамка на емотивна основа“ и „да се обиде да го направи филмот повеќе како приказна, а не серија на настани“. Бартон се фокусира на песната „Змејот“ како дел од неговата структура и ова суштество го нарекува според името на песната. Бартон исто така изјавил дека тој не ја гледа неговата верзија како продолжение на некој од постоечките филмови за Алиса или како повторно измислување на веќе постоечката приказна.

Овој филм првично требало да биде издаден во 2009 година, но се одложил до 5 март 2010. Главната фотографија била закажана за мај 2008 година, но снимањето не започнало до септември, а завршило дури по три месеци. Сцените кои се снимани во Викторијанската ера се снимени во Торпоинт и Плимут од 1 септември до 14 октомври. Биле избрани уште двесте и педесет локалните статисти на почетокот на август. Во локациите за снимање се вклучени Antony House во Торпоинт, Чарлстаун, Корнвол и Барбикан, сепак, не се искористила ниту една снимка од Барбикан. Снимањето со фаќање на сликата започнало на почетокот на октомври во студиото на Сони Пикчрс во Калвер Сити, Калифорнија, иако снимките подоцна се избришани. Некои сцени исто се снимени во Студио Калвер.

Бартон вели дека тој користи комбинација од акција во живо и анимација, без фаќање на движењето. Тој исто така истакнал дека ова е првпат тој да сними на зелен екран. Снимањето на деловите на зелен екран, кои сочинуваат 90% од филмот, ги завршил по само 40 дена. Многумина од глумците и членови на екипажот чувствувале гадење, како резултат на долгите часови опкружени со зеленило, а Бартон имал леќи од лаванда кои биле вградени во неговите очила за да го неутрализира ефектот. Поради целовремената потреба за дигитални ефекти кои служат за поправање на физички изглед на глумците, како што се големината на главата на Црвената кралица или висината на Алиса, раководителот со визуелни ефекти Кен Ралстон изјавил дека филмот освен што е исцрпувачки, туку е и најголемото шоу кое тој некогаш го направил, како и филм во кој тој бил вклучен покреативно од било кога.

Секвенците со визуелни ефекти ги дизајнирале Сони Пикчрс Имиџворкс. Бартон сметал дека 3Д е најсоодветно за природата во приказната. Бартон и Занук избрале да снимаат со конвенционалните камери, а потоа да ги претворат тие снимки во 3Д за време на пост-продукцијата. Занук сметал дека 3Д камерите се премногу скапи и невешти за користење, а и заклучиле дека немало никаква разлика помеѓу претворените снимки и оние снимени со таква камера. Џејмс Камерон, кој го издаде својот 3Д филм Аватар во декември 2009 година, не се согласил со изборот, велејќи дека: „Нема никаква смисла да се снима во 2Д и потоа да се претвораат тие снимки во 3Д“.

Музика[уреди | уреди извор]

Музиката од филмот, дело на долгогодишниот соработник на Бартон, Дени Елфман бил објавен на 2 март 2010 година. Притоа, албумот се нашол на 89. место на списокот на Топ 200 албуми.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Verrier, Richard; Fritz, Ben; Eller, Claudia (February 17, 2010). „Trouble at the tea party: Alice in Wonderland faces theater owner revolt in U.K.“. Los Angeles Times. Архивирано од изворникот на 2010-05-10. Посетено на August 19, 2010.
  2. Grover, Ronald (March 5, 2010). „Joe Roth, Back in Wonderland“. Bloomberg Businessweek. Архивирано од изворникот 2010-07-30. Посетено на September 4, 2010.
  3. IMBd, Alice in Wonderland (2010) (пристапено на 1 октомври 2017)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Наводи[уреди | уреди извор]