Франкенвини (филм од 2012)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Франкенвини (англиски: Frankenweenie) - американски анимиран филм од 2012 година, во режија на Тим Бартон, кој е автор и на сценариото, заедно со Леонард Рипс. Гласовите во филмот ги позајмуваат: Кетрин О'Хара, Винона Рајдер, Мартин Шорт, Мартин Ландау, Чарли Техан итн.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Детето Виктор има куче (Спарки), кое умира откако го удира автомобил. Виктор е многу приврзан кон кучето и со помош на експеримент успева да го оживее, меѓутоа мора да го крие од луѓето. Неговите завидливи училишни другари сакаат да го победат Виктор во натпреварот по физика и, дознавајќи за неговиот експеримент, се обидуваат да направат нешто уште повпечатливо. Меѓутоа, нештата излегуваат од контрола и во градот се појавува наезда од лоши чудовишта кои ги малтретираат луѓето. Виктор, со помош на Спарки, се бори против чудовиштата, но во борбата погинува Спарки. Тогаш, луѓето (кои претходно го бркаат Спарки со цел да го убијат) се здружуваат за да му помогнат на Виктор повторно да го оживее Спарки.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]