Винона Рајдер
Винона Рајдер Winona Ryder | |
---|---|
Занимање | глумица, продуцент |
Активен | 1986— |
Винона Лора Хоровиц (англиски Winona Laura Horowitz, родена на 29 октомври 1971), подобро позната по нејзиното професионално име Винона Рајдер — американска глумица. Кариерата ја започнува во 1986. Иако Винона го направи своето прво филмско појавување во филмот Лукас (1986), нејзината прва официјална и голема улога ја одигрува во филмот Битлџус (1988) како Лидија Диц — тинејџерката со готски ментелитет. После неколку одиграни улоги и појавувања на телевизија, Рајдер ја продолжува својата кариера со филмот Хетерс (1989). Во 2000 година, таа добива ѕвезда на Патеката На Славните во Холивуд, Калифорнија.
Рајдер е позната и по врската со глумецот Џони Деп во раните деведесетти. Винона Рајдер добила светско внимание после нејзиното апсење на 12 декември 2001, поради крадење од бутик во Беверли Хилс, Калифорнија.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Винона Рајдер на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
|
- Winona Ryder News Channel Архивирано на 3 мај 2006 г. (англиски)