Ен Хатавеј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ен Жаклине Хатавеј (родена на 12 ноември, 1982 година) е американска актерка. По неколку улоги на сцената, таа се појавила во теливизиската серија „Биди вистински“ (Get Rеал) во 1999 година.Таа се истакна по улогата на Миа Термополис во филмот на Дизни „Дневникот на принцезата“ (2001 година) и во Дневникот на принцезата2:кралска веридба. Од тогаш, Хатавеј започнала да глуми во драматични филмови како што се „Анархија “ и „Кршенгрб планина“, во 2005 година. Таа исто така глумела во „Ѓаволот носи Прада“ со Мерил Стрип и во „Станувајќи Џејн“ како Џејн Остин.

Во 2008 година, таа доби неколку награди за нејзината изведба во „Рејчел се омажува“ и добива Филмска награда на академијата на САД, со назначување за најдобра филмска актерка. Во 2010 година, таа глумела во хитовите на билетарницата: „ Денот на заљубените“,„Алиса во земјата на чудата на Тим Бартон“ и „ Љубов и други дроги“и ја добила Еми наградата за нејзината изведба на „Симпсонови“. Во 2011 година, таа добила улога на глас во анимираниот филм „Рио“ и глумела во адаптацијата на „ Еден ден “ на Лоне Шерфиг. Во 2012 година, таа играла во улога на Селина Кајли во „ Враќањето на темниот витез на Кристофер Нолан и Фантин во „ Клетници“ на Том Хупер. Подоцна, нејзината изведба дала позитивни критики и неколку признанија, вклучувајќи ја наградата Златен глобус, Награда за најдобра актерка во споредна улога, и Оскар за најдобра споредна женска улога. Луѓето од весниците ја нарекле една од пробивните ѕвезди на 2001 година и таа се појавила на нивната листа на 50те најубави жени во светот во 2006 година.

Ран живот[уреди | уреди извор]

Ен Хатавеј била родена на 12 ноември 1982 година во Бруклин, Њујорк.Нејзиниот татко Гералд Томас Хатавеј, е адвокат, а нејзината мајка Катлин Ен „Кате“ (родена МкКаулеј) е актерка која ја инспирирала Хатавеј да ги следи нејзините стапки. Мајката на Хатавеј ја одигра улогата на Фантин на првата турнеја во САД во „Клетници“. Кога таа имала шест години, фамилијата се преселила во Милбурн, Њу Џерси, каде што таму пораснала. Хатавеј има постар брат, Мајкл, и помлад брат, Томас. Таа е претежно од ирско и француско потекло, со далечни американски и германски корени.

Хатавеј ја воздигнала Римокатоличката црква со тоа што таа ја сметала за „навистина силна вредност“ и изјавила дека таа сакала да биде калуѓерка за време на нејзиното детство.Сепак, таа одлучила да не го прави тоа на возраст од 15 години, по дознавањето дека нејзиниот брат Мајкл бил хомосексуалец. Таа изјавила „ Разбрав дека мојот постар брат бил хомосексуалец, и не би можела да ја поддржам религијата која не го поддржува мојот брат. Сега се нарекувам себеси дека имам не-христијанска вероисповед, бидејќи ја немам најдено религијата за мене. Во 2009 година, Хатавеј изјавила дека нејзините религиозни верувања се „работа во тек“.

Хатавеј слушала предавање во училиштето каде се изведувал методот Монтесори во Бруклин и во основното училиште Вајоминг во Милбурн. Хатавеј дипломирала на средното училиште во Милбурн, каде таа учествувала во многу училишни претстави; нејзината училишна изведба во „Си беше еднаш еден душек“ (Once Upon a Mattress) како Винифред  и доделиле награда со која била номинирана за најдобра изведба од средното училиште за актери. Во тоа време, Хатевеј играла во драмите вклучувајќи ги Џејн Ер и Жижи во театарот „Paper Mill Playhouse“ во Њу Џерси. Таа поминала неколку семестри учејќи за англискиот јазик и второстепени студии за женските права на колеџот „Васар“ во градот Поугхкепси ( Poughkeepsie), Њујорк, пред да се префрли во галантинското училиште за индивидуални студии на Универзитетот во Њујорк, којшто се однесува на нејзиното запишување на факултет како еден од нејзините најдобри одлуки, бидејќи таа уживала со другите кои пробале да „пораснат“. Таа исто така студирала на Американската академија на драмски уметности.

Сопран, Хатевеј пее во 1998 и 1999 година во почесни рефрени во сите источни средни училишта во САД во Карнеги Хол ( Carnegie Hall) и играла во претстави во подготвителните училишта во Сетон салите ( Seton Hall Preparatory School  ) во Вест Оринџ, Њу Џерси. Три дена по нејзината 1999 изведба во салата на Карнеги, и доделиле улога во краткотрајна серија  „Биди вистински“ (Get Real) на Фокс телевизијата на возраст од 16 години.

Хатавеј е квалификувана актерка на сцена и таа изјавила дека таа повеќе сака да изведува на сцената за филмски улоги. Нејзиниот стил на актерство било во споредба со оние на Џуди Гарланд и Одри Хепберн. Таа ја цитира Гарланд како една од нејзините омилени актерки и Мерил Стрип како нејзин идол.

Кариера[уреди | уреди извор]

2001-2004 година: развој на кариерата[уреди | уреди извор]

Првата улога на Хатавеј во кинематографијата била спротивно на улогата на Кристофер Горфам во драмата на Волт Дизни „Другата страна на небото“ (2001 година), кој бил инспирирана од мемоарите „Во окото на бурата“ на Џон Х. Гроберг. Пред обработката на филмот, и се доделува главната улога од Миа Термополис во друго производство на Дизни покрај Џули Ендруз во комедијата „ Дневникот на Принцезата“ врз основа на 2000 новела од исто име на Мег Каботс и во режија на Гери Маршал.

Хатавеј учествувала на аудиција за улогата на принцезата кога застанал летот на патот кон Нов Зеланд и и била дадена оваа улога за оваа аудиција.

Таа ја добила улогата над други 500 девојки. Ослободени од надежта дека успехот на „Другата страна на небото“ ќе го зголеми интересот за филмот, „ Дневникот на принцезата“ постигнал главен комерцијален успех, заработувајќи 165 милиони американски долари низ целиот свет.

Многу критичари ги пофалиле изведбите на Хатавеј, со критичар од БиБиСи, кој истакнал дека „Хатавеј сјае во главната улога и произведува голема хемија“. Исто така, објавен во 2001 година, „Другата страна на Небото“ во режија на Мич Давис, наиделе на претежно негативни критики, но тоа се глумеше во филм со теми поврзани со религија.

Во февруари, Хетвеј глумела во Центарот на градот Енкорес на концертот за изведба на „Карнивал“ на нејзиниот настап на сцената во градот Њујорк, примајќи позитивни критики за нејзината изведба на Лили. Исто така во 2002 година, Хатавеј започнала да работи на аудио книги со нејзиниот глас на „Дневникот на принцезата„ и оттогаш биле звучни првите три книги од серијата. Таа исто така го позајмува гласот на ликот Хару во англиската верзија „ Враќањето на мачката“ на Хиројуки Морита (Hiroyuki Morita).

Хатавеј продолжила да се појавува во филмови насочени кон семејството во текот на следните три години, подоцна станувајќи позната во главните медиуми како пример на децата. Во 2002 година, таа се појавила во драма-комедија „Николас Никлеби“ (Nicholas Nickleby) на Даглас МакГрат, наспроти Чарли Хунам и Џејми Бел, кои примаале позитивни критики. И покрај критичкото одобрување, фимот никогаш не се објавил нашироко и не успеал на билетарниците во Северна Америка, во вкупна вредност од помалку од 4 милиони долари ($ 4.000.000) на продажба на билетите. Следната филмска улога на Хетвеј била како заштитен лик во романтичната комедија „Елла Волшебната“ (2004 година), (Ella Enchanted), слабо прилагодување на романот на Гејл Карсон Ливајн во 1997 година со истото име на романот Елла Волшебната , кој отвори претежно неопределени коментари. Хатавеј испејала две песни во филмот, исто како и три песни на тонскиот запис, вклучувајќи дует со пејачот Џеси Мекартни.

Во 2003 година, Хетвеј се откажала од нејзината улога  во „Призрак на Операта“ (The Phantom of the Opera) (2004година) на Џоел Шумахер, бидејќи датата се поклопувала со снимањето на филмот „Дневникот на принцезата2: Кралска веридба“ (The Princess Diaries 2: Royal Engagement), што таа била должна да го сними. Дизни започнал со снимање на „Дневникот на принцезата 2“ во почетокот на 2004 година, а бил објавен во август истата година.Филмот бил критикуван негативно, но направил 95,1 милион долари (95.100.000 $) наспроти буџет од 40 милиони долари ($ 40.000.000).

2005-2007 година: промена на кариера[уреди | уреди извор]

Хетвеј почнала да се појавува во драмски улоги по „Дневникот на принцезата 2“. Таа вели дека „секој што сака да биде пример за деца е потребно одмор“, иако таа изјавила дека „тоа е убаво да се мисли дека мојата публика расте со мене“. Таа го глумела гласот на Црвенкапа во анимираната комедија  „Hoodwinked!“ (2005 година) која била врз основа на фолклорната Црвенкапа, и примила различни оценувања од страна на критичарите. Хатавеј го заменила оригиналниот глас на Ред со актерката Тара Стронг и ја пеела песната „Добриот голем свет“. Истата таа година, Хатавеј глумела во драмата „Анархија“ на Барбара Копле, во кој таа играла расипан светски човек, која се појавувала гола во некои од сцените. Иако, содржината на филмот била различна од нејзините претходни филмови, Хатавеј демантирала дека нејзината улога била обид да се види како позрела актерка, цитирајќи дека нејзините верувања дека се разголува во некои филмови е само дел од она што нејзините форми на уметност го бараат од неа; и поради тоа верување таа не смета дека појавувањето гола во соодветни филмови е морално непристојно.

По „Анархија“ на Хетвеј и доделуваат улога заедно со Хит Леџер и Џејк Џиленхол во драмата Кршенгрб планина (2005 година)на Анг Ли. Додека „Анархија“ не беше објавен во театрите во Соединетите Американски Држави поради неговото слабо критичко прифаќање, „Кршенгрб планина“ освои позитивни критики и доби неколку Оскар номинации. Хатавеј подоцна ќе изјави дека содржината на „Кршенгрб планина“ била поважна од количината на добивање на награди и дека снимањето на филм ја прави неа повеќе свесна за тоа каков вид на приказни таа сакала да ни ги каже како актерка.

Во 2006 година, Хатавеј се појавила во комедијата „Ѓаволот носи Прада“ на Дејвид Франкел во кој таа глумела како асистент на уредникот на влијателното модно списание на Мерил Стрип, што Хатавеј ја опишала како „само божествена “. Хатавеј вели дека кога го снимала филмот, и создал почит кон модната индустрија многу повеќе отколку што таа го имала претходно , иако таа тврдела дека нејзиниот личен стил е нешто што таа „не може да го има“. Во интервју со весникот „Ус Викли“(Us Weekly), Хатавеј дискутирала за начинот на губење на тежината поради филмот и нејзината партнерка Емили Блант која ја придружува, таа изјавила, „ Јас во основа се дружам со овошјето , зеленчукот и рибата ( за да ослабам). Јас не ви го препорачувам тоа. Јас и Емили Блант се држиме цврсто една до друга и плачиме бидејќи ние бевме многу гладни.“

На Хатавеј и беше доделена улога во 2007 година во комедијата „Knocked Up“, но, се откажала пред да започне снимањето и Кетрин Хајгл ја заменила. Писателот/Режисерот Џад Апатов изјавил заклучок за списанието “Њујорк Тајмс“ (The New York Times Magazine) во мај 2007 година дека ова се случило поради тоа дека „ таа не сакаше да ни дозволи да користиме вистинска должина на филмска лента на жена за да ја создаде илузијата дека таа дава живот“. Во август, 2008 година, на интервјуто со Мери Клер, Хатавеј коментирала дека„,не верувам дека тоа е потребно за приказната“.

Хатавеј глумела во драмата „ Станувајќи Џејн,“ во 2007 година, во која таа го претстави англиската писателка Џејн Остин. Тим Бартон ја сметал Хатавеј за делот на ликот Јохана Баркер во неговиот филм: „Свини Тод“ (Sweeney Todd: The Demon Barber of Fleet Street) во 2007 година, но улогата ја земала Џејн Виснер, некогаш- непозната актерка, бидејќи Бартон одлучил дека сакал непозната, помлада актерка за делот.

2008-2010 година: продолжен успех[уреди | уреди извор]

Во јануари 2008 година, Хатавеј се приклучила на големата луксузна козметичка куќа Ланком ( Lancôme) како заштитно лице на нивниот парфем Магнифик (Magnifique), и во октомври истата година, Хатавеј ја водела ноќната комедија „Сабота навечер во живо“ (Saturday Night Live) на телевизискиот канал Ен-Би-Си (NBC). Нејзиниот прв филм на годината била телевизиската серија „ Фати го Смарт“ (Get Smart) на Мел Брукс во кој таа глуми наспроти Стив Карел и Алан Аркин, во улога на Агент 99. Во режија на Питер Сигал, филмот бил хит на билетарниците, потикнувајќи разговори за продолжението. Таа исто така направила кратко појавување во врска со филмот :(Get Smart's Bruce and Lloyd: Out of Control). Исто така во 2008 година, таа имала премиера на драмата „Патници“( Passengers) заедно со Патрик Вилсон, како и драмата „Рејчел се мажи“ (Rachel Getting Married) наспроти Дебра Вингер.Филмот „Рејчел се мажи“ премиерно бил изведен во 2008 година на филмскиот фестивал во Венеција и Торонто и го освоил широко распространето критичко прифаќање за неговата изведба како „Kym“, вклучувајќи номинациии и за филмска награда на академијата на САД и за наградите Златен Глобус. Хатевеј рекла дека таа се жали за филмот поради својот вистински опис на врски и поради силните емоционални врски кои таа ги почуствувала со нејзиниот карактер.

Хетвеј се појавила во комедијата „ Војна на невестите“ (Bride Wars), кој бил објавен во 2009 година, која таа го опиша како „ужасно комерцијално- колку и славно“. Во прилог на обезбедување на нејзиниот глас за епизодите од серијата „Симпсонови“ (The Simpsons), ја освои Еми наградата во 2010 година за изведбата на нејзиниот извонреден глас и во серијата „Семеен тип“ (Family Guy) во 2010 година, Хетвеј исто така се појавила како Виола на Њујорк Шекспир Фестивал( New York Shakespeare Festival), летото во 2009 година во продукција на  комедијата „Дванаесетта ноќ“ (Twelfth Night) на Делакорте Театарот во Централниот парк во градот Њујорк, наспроти Ауда МакДоналд како Оливиа, Раул Есперза како Дук Орсино и Џули Вајт како Марија. Во истата година, Хетвеј била поканета да се приклучи на Академијата за филмски уметности и науки.

Во 2010 година, Хетвеј ја играла улогата на Снежната Кралица во „ Алиса во земјата на чудата“( Alice's Adventures in Wonderland) на Тим Бартон и во „Алиса од другата страна на огледалото“ (Through the Looking-Glass) заедно со Хелена Бохам Картер и Џони Деп. Таа го резимирала нејзиниот лик со насловот на магнетот на ликот „Среќниот Буни“ кој држел нож; „Привлечен но психопат. Работите излегуваат на надвор“. Хатавеј го опишала нејзиното толкување од Снежната Кралица како „панк-рокерски вегетаријански пацифист„, со инспирација која била добиена од Деби Хари, Грета Гарбо и уметничките дела на Дан Флавин.

Други проекти кои биле вклучени во романтичната комедија „ Вереник“(The Fiancé), прилагодување на новелата „Спротивно на Љуовта“(The Opposite of Love) на Џули Буксбаум, комедијата „Денот на вљубените“ (Valentine's Day) целосно го режирал Гери Маршал и прилагодување на биографијата „ Стани среќен;: Животот на Џуди Герланд“ на Гералд Кларк, во кој таа ќе игра главна улога на сцената и екранот.

Тоа било објавено на 8 декември, 2009 година, кога Хатавеј била во улогата на Фелиција Харди во филмот „Човек-пајак 4 “(Spider-Man 4) на Сем Рејми. Харди нема да се претвори во Црна мачка, како во комедијата; наместо тоа, улогата Фелиција на Рејми се очекувало да стане супермоќна нова-бренд фигура наречена „Грабливка“.

На 5 јануари, 2010 година , било објавено дека „Човекот-пајак 4“ повторно ќе се преработи и Хатавеј немала да се појавува во филмот, како што таа била „ премногу скапа“. На 29 ноември, 2010 година, било најавено дека Хатавеј и Џејмс Франко ќе присуствувале на 83-то доделување на Оскарите.

Заедно со актерот Дензел Вашингтон, Хатавеј присуствувала на концертот за нобеловата награда за мир во Осло, Норвешка на 11 декември, 2010 година. Во 2010 година, таа била именувана како една од најсексите ѕвезди на 2010 година според списанието „ Ентертејмент Викли“ (Entertainment Weekly).

2011 година - сегашност[уреди | уреди извор]

Во 2011 година, Хатавеј го глуми гласот на ликот на Џевел, женскиот мал син макао (Spix's Macaw) од Рио де Жанеиро, во анимираната авантуристичка комедија „Рио“ која била направена од „Твенти сенчри фокс“ (20th Century Fox) и „Студио Блу Скај“ (Blue Sky Studios). Филмот генерално примил позитивни критики од филмските критичари коишто ги пофалиле визуелните елементи, глумењето на гласот и музиката. Комерцијалниот успех пораснал во брутото над 143 милиони американски долари во САД и 484 милиони американски долари во целиот свет.

Исто така во 2011 година, Хатевеј глумела заедно со Џим Стургес ( Jim Sturgess) во романтиката „Еден ден“. Дејвид Николс ја преработил од неговата 2009 новела на исто име и во режија на Лоне Шерфиг, филмот ја кажува приказната за двајца млади луѓе кои се сретнуваат на ист ден, 15 јули, по дваесет години откако тие ќе останат една ноќ заедно на универзитетот. На Хатавеј и бил тајно даден текстот на „Еден ден“ кој бил поставен во Обединетото кралство, а Шерфиг не барала американска актерка за делот. По непродуктивната средба со Шерфиг, Хатавеј оставила листа на песни за да ги чуе Шерфиг, кои на крајот довеле Хатавеј да го добие тој дел. Сепак, изговорот на нејзиниот јоркшир акцент во улогата на Ема подоцна се сметало како под-нормала. Новинарката Сузан Мур, преиспитувајќи го филмот на радио програмата „Фронт Роу“ (Front Row) на „БиБиСи Радио4“ ( BBC Radio 4), вели дека акцентот бил „потполно за пазар“. Мур рекла: „Понекогаш таа е од Шкотска, понекогаш таа е од Њујорк, едноставно не можеш да утврдиш“. Филмот само по себе добил разни критики од филмските критичари, но постигнал успех на билетарниците, заработувајќи вкупно 56,7 милиони американски долари со буџет од 15 милиони американски долари.

Во 2012 година, аудио записот на Хатавеј од „Царството на волшебникот од Оз“ (The Wonderful Wizard of Oz) на Л.Франк Баум, бил објавен на интернет провајдерот- „Audible.com“.  Нејзината изведба била именувана за добивање на аудио награда во 2013 година за најдобар женски соло раскажувач.

Подоцна во 2012 година, Хатавеј ја одиграла улогата на итрата, моралната и двосмислена мачка Селина Кајли во „Враќањето на темниот витез“, конечната рата на Кристофер Нолан во неговата трилогија за Бетмен. Хатавеј учествувала на аудицијата, незнаејќи за тоа каква улога ќе и се даде, признавајќи дека таа имала еден лик во умот, но по разговорот со Кристофер Нолан за еден час, научила дека улогата ќе и била Селина Кајли.Таа ја опишала улогата како повеќе физичко напорна која таа некогаш ја играла, и признала дека додека таа мисли на себеси како ослабува, таа морала да ги засили нејзините напори во гимнастичката сала за да ги одржи барањата на улогата. Хатавеј значително тренирала боречки вештини за улогата, и се обѕрнала кон Хеди Ламар - која бил инспирацијата за ликот на жена-мачка - во развојот на нејзината изведба. При објавувањето на „Враќањето на темниот витез“, тој добил позитивни критички одзив и заработил над 1,081 билиони американски долари ширум светот ($ 1081000000), кој бил трет на врвот на филмови со најголема заработувачка во 2012 година. Хатавеј исто така ја освоила и Сатурн наградата за најдобра споредна улога за нејзината изведба како Селина Кајли.

Друг потфат на Хатавеј бил филмот „ Клетници“ (Les Misérables) на Том Хопер, кој се базирал на новелата од исто име во кој таа играла улога на Фантина. Нејзината мајка имала улога на сцената на првата национална турнеја во САД. Должината на фимската лента на пеењето на Хатавеј „ Сонував сон“ (I Dreamed a Dream), песна од филмот , била претставена во киното „Синема кон“  (CinemaCon)  на 26 април 2012 година. Хопер го опишал пеењето на Хатавеј како „ сурово“ и „реално“. За улогата, таа изгубила значителен износ од тежинатаа и ја скратила нејзината коса до пикси кратко (pixie cut), изјавувајќи дека должината на косата која таа ја имала за улогата не ја правело да се чуствува задоволна. Да се трансформираш е еден од најдобрите делови од глумењето. За нејзината изведба, Хатавеј добила позитивни критики и освоила над 30 различни награди, вклучувајќи ги: Филмска награда на академијата на САД, Златен Глобус, наградата за филмски актер (Screen Actors Guild Award) и наградата на Британската академија за филмски и телевизиски уметности  (BAFTA Award) за најдобра споредна женска улога. Кристофер Ор од списанието „Атлантик“(The Atlantic) пишувал дека „ Хатавеј дава се што има, почнувајќи со тивка суровост пред да се изгради на мрачната точка на кулминација : таа се бори, таа плаче, таа кашла. Ако си надуван на сцена—како што многумина би биле—ова може да биде филмот за тебе“. Ен Хорндеј на постот на Вашингтон напишал дека : Главниот дел од филмот се состои целосно од главни делови кои припаѓаат на Ен Хатавеј, која како трагична хероина пее други незаборавни музички нумери“. Во јануари, 2013 година, препевот на Хатавеј на „Сонив сон“ го достигнал бројот 69 на Билборд Хот 100 (Billboard Hot 100).

Во февруари, 2013 година, „Твенти сенчри фокс“ официјално изjaвил дека Хатавеј ќе ја повтори нејзината улога како Џевел (Jewel) во анимираниот филм „Рио 2“ одреден за објавување во САД на 11 април 2014 година. Во април 2013 година, било изјавено дека Хатавеј била верна на договорот за да игра главна улога во „Меѓуѕвезден“(Interstellar) на Кристофер Нолан , заедно со Метју Наконахеј (Matthew McConaughey). Научно фантастичниот филм ќе се однесува на теориите за црвја дупка на релативистот Кип Стивен Торн .Тој е поставен за да се објави во Соединетите Американски Држави на 7 ноември 2014 година.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Врски[уреди | уреди извор]

Во 2004 година, Хатавеј започнала романтична врска со Рафаело Фолиери кој бил италијански инвеститор за недвижен имот , за време кога таа учествувала во развојот на добротворната фондација на Фолиери, и како давател и како член на одборот на директори се до 2007 година. Фондацијата која е базирана на Менхетн, основана во 2003 година, се фокусирала на грижа како што се обезбедување на вакцини за децата во земјите од третиот свет. Во јуни 2008 година,  Службата за внатрешни приходи (IRS) го истражувала тоа за оштетување на непрофитните информациски форми. Наведувајќи ја загриженоста дека оваа испитување и други легални теми, во кои Фолери бил вмешан, можеле да ја повредат нејзината актерска кариера, Хатавеј ја завршила нивната врска во средината на јуни, 2008 година.

Фолери бил уапсен на 24 јуни, 2008 година, под обвинение за измама на инвеститори од милиони долари во скандалот во кој Фолери се претставувла како Ватикански човек со моќ на недвижен имот . Било објавено дека ФБИ (FBI) го запленил приватниот дневник од станот на Фолиери во градот Њујорк како дел од нивните тековни истраги во активностите на Фолиери; меѓутоа, Хатавеј не била вклучена во ниеден криминал. На 23 октомври 2008 година, откако претходно се изјаснил за виновен , Фолери бил осуден на четири и пол години во затвор.

Во ноември, 2008 година, Хатавеј почнала да се состанува со акторот Адам Шулман. Паровите се вериле во ноември 2011 година и се венчале на 29 септември 2012 година во Биг Сур, Калифорнија со меѓуверска еврејска и римокатоличка послуга.

Добротворна работа и други интереси[уреди | уреди извор]

Хатавеј била вмешана со добротворните цели, вклучувајќи Креативно здружување ( The Creative Coalition), „The Step Up Women's Network“, Болница за истражување на децата Св.Јуда (St. Jude Children's Research Hospital), Кампања за заштита на човечките права (The Human Rights Campaign), и „The Lollipop Theatre Network“. Во 2008 година, во списанието Ел (Elle), и било дадена пофалба за „Жена во Холивуд“, и исто така и била доделена награда за нејзината работа со  „Step Up Women's Network“. Во почетокот на 2007 година, Хатавеј зборувала за нејзиното искуство со депресија за време на нејзините тинејџерски години, велејќи дека таа конечно ја совладува болеста без лекување.

Во 2008 година, на шоу-програмата "Доцна навечер со Дејвид Летерман" (Late Show with David Letterman), Хетвеј вели дека таа еднаш престанала да пуши. Актерката, која почнала да пуши „многу“ додека го снимала филмот „Рејчел се омажува“ (Rachel Getting Married), „престанала за кратко“ , но повторно почнала да пуши во почетокот на нејзиното стресно лето, но и на крајот на нејзината врска со Рафаело Фолери. Таа го оддава признанието дека престанала да пуши на нејзиниот пад во нејзиното ниво на стрес и изјавила дека ќе биде вегетаријанец. Во почетокот на 2012 година, таа станала вегетаријанец. Хатавеј е активист за правата на лезбејките, геј мажите, бисексуалци, трансродни и квир личности( LGBT) и таа донирала пари за организации кои ги подржуваат бракот меѓу ист пол.