Кристофер Нолан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кристофер Нолан
Christopher Nolan, London, 2013 (crop).jpg
Нолан во 2013 на премиерата на Човекот од челик во Лондон
Роден(а) Кристофер Џејмс Нолан[1]
Установа Универзитетски Колеџ во Лондон
Занимање Филмски режисер, продуцент и сценарист
Активен 1989–денес
Сопруга Ема Томас (1997–)
Деца 4
Роднини Џонатан Нолан (брат)
Џон Нолан (чичко)

Кристофер Џонатан Џејмс Нолан (англиски: Christopher Jonathan James Nolan) (роден на 30 јули 1970)[2] е британско-американски филмски режисер, сценарист и продуцент.

По неговото режисерско деби со филмот Следење (1998), Нолан бил забележан како режисер на филмот Мементо (2000), за кој бил номиниран за бројни признанија, вклучувајќи и Оскар за најдобро оригинално сценарио. Потоа ја добил можноста да го режира големиот буџетски трилер "Инсомнија" (2002) и мистериозната драма "Престиж" (2006). Понатамошен популарен и критички успех доживеал со трилогијата Темниот витез (2005-2012), Почеток (2010), кој добил осум номинации за Оскар, вклучително за најдобар филм и за најдобро оригинално сценарио, Интерстелар (2014) и Денкирк (2017). Неговите десет филма заработиле над 4,7 милијарди долари ширум светот и освоиле вкупно 26 номинации за Оскар со седум победи. Нолан заедно со брат му Џонатан Нолан и со сопругата Ема Томас ја води продукциската компанија Syncopy Inc. Тајмс го прогласил за еден од 100-те највлијателни луѓе во светот во 2015 година.

Филмовите на Нолан имаат епистемолошки и метафизички теми, истражување на човечкиот морал, конструкција на времето, природата на меморијата и на личниот идентитет. Неговото дело е проткаено со материјалистички перспективи, нелинеарно раскажување на приказните, специјални ефекти, иновативни звучни снимки, филмска фотографија во голем формат и аналогни врски помеѓу визуелниот јазик и наративните елементи.

Биографија[уреди | уреди извор]

Детство и почеток на кариерата (1970-1998)[уреди | уреди извор]

Нолан студирал на Универзитетскиот Колеџ во Лондон а Галерија Флаксман ја употребил во сцена на Почеток (2010).[3]

Нолан е роден во Лондон. Татко му, Брендан Џејмс Нолан, бил Британец и работел како извршен директор за рекламирање, а мајка му, Кристина (со моминско презиме Џенсен), била Американка која работела како стјуардеса и професор по англиски јазик.[4][5][6] Тој има британско и американско државјанство и детството го поминувал на релација Лондон и Еванстон, Илиноис.[7][8][9][10] Постариот брат на Нолан, Метју Френсис Нолан, е осуден криминалец,[11] а негов помлад помлад брат е сценаристот Џонатан Нолан.[12] Тој почнал да снима филмови на седумгодишна возраст со 8 мм камера на татко му, снимајќи кратки филмови со своите акциони фигури.[13][14] Додека растел, Нолан бил под влијание на "Војна на ѕвездите" (1977). На единаесетгодишна возраст, веќе знаел дека сака да биде професионален режисер.[12]

Кога семејството на Нолан се преселило во Чикаго за време на неговите студентски години, тој почна да прави филмови со Адриен и Роко Белиќ. Ја продолжил соработката со браќата, учествувајќи во документарниот филм номиниран за Оскар, Џингис Блуз (1999)[15] Нолан работел со Роко и со понатамошниот добитник на Пулицерова награда Џефри Џетлмен на документирање сафари низ 4 африкански земји, организирано од починатиот фото репортер Ден Елдон во раните 1990-ти.[16][17] Нолан се школувал во Хајлејбери и Империјал Сервис Колеџот, независно училиште во Хертфорд Хит, Хертфордшир, а подоцна слушал англиска книжевност на Универзитетскиот колеџ во Лондон (УКЛ). Тој го избрал УКЛ специјално заради филмските капацитети, кои се состоеле од монтажен пакет Steenbeck и 16 мм филмски камери.[18] Нолан бил претседател на Филмското друштво[18] и со Ема Томас (неговата девојка и идна сопруга) снимал 35 милиметарски играни филмови во тек на учебната година а заработените пари ги користел за правење 16 мм филмови во тек на летото.[19] За време на годините во колеџот, направил два кратки филма. Првиот бил надреалниот 8 mm Тарантела (1989).[20] Вториот бил Ларсени (1995), снимен за време на викендот во црно-бело со ограничена техника и мала актерска и филмска екипа.[21]

Кариера: 1998–2004[уреди | уреди извор]

Кристофер Нолан и сопругата Ема Томас во 2010

Во 1998 година Нолан го режирал својот прв филм, Следење, кој лично го финансирал и го снимил со пријателите. Филмот Следење имал скромен буџет од 3.000 фунти и бил сниман за време на викендите во период од една година.[22] Копродуциран со Ема Томас и Џереми Теобалд, Нолан самиот го напишал, го снимил и го монтирал филмот. Тој добил неколку награди на фестивалот[23] ибил добро прифатен од критиката. На 11 декември 2012, филмот Следење бил објавен на DVD и на Blu-ray.[24]

Како резултат на успехот на Следење, на Нолан му била дадена можност да го направи својот успех со "Мементо" (2000). За време на патот пат од Чикаго до Лос Анџелес, брат му Џонатан ја спомнал идејата за "Мементо мори", за човек со антероградна амнезија, кој користи белешки и тетоважи за да го фати убиецот на неговата жена. Нолан развил сценарио што ја раскажало приказната обратно. Арон Рајдер, извршен директор на "Њумаркет Филмс", изјавил дека тоа "веројатно е најиновативното сценарио што некогаш го видел".[25] На филмот му бил доделен буџет од 4,5 милиони долари.[26] Премиерата на Мементо, во кој настапуваат Гај Пирс и Кери-Ен Мос, била во септември 2000 на Венецијанскиот филмски фестивал.[27] Голем број критичари го сметале Мементо за еден од најдобрите филмови на 2000-те.[28] Во 2017 година, филмот бил избран од Библиотеката на Конгресот за чување во Националниот филмски регистар на Соединетите Американски Држави, заради неговата "културна, историска или естетска важност".[29]

Успехот и серијалот за Бетмен[уреди | уреди извор]

На почетокот на 2003 година, Нолан на Ворнер Брос им ја понудил идејата за создавање на нов филм за Бетмен.[30] Тој започнал со снимање на првиот дел од трилогијата со филмот Бетмен почнува[30] чија премиера била во јуни 2005 а филмот добил одлични критики и доживеал комерцијален успех.[31] Во главната улога бил Кристијан Бејл, заедно со Мајкл Кејн, Гери Олдман, Морган Фриман и Лиам Нисон.[32][33] Филмот ја раскажува приказната за потеклото на стравот на Брус Вејн од лилјаци, смртта на неговите родители, неговото патување да стане Бетмен и борбата против заговорот на Ра-Ал Гал да го уништи Готам Сити. Филмот бил пофален за неговата психолошка длабочина и современа релевантност[34] Бил номиниран за Оскар за најдобра кинематографија и три награди БАФТА.[35][36]

Нолан (лево) со актерската екипа на Темниот витез на европската премиера во 2008 во Лондон.
Актерската екипа на Почеток на премиерата во 2010.

Во јули 2006 година Нолан објавил дека делот по Бетмен почнува ќе се вика Темниот витез.[37] Прикажан во 2008 година со добивање на големо критичко признание, Темниот витез се наведува како еден од најдобрите филмови на 2000-тите години и еден од најдобро направените филмови за суперхерои.[38][39] Режисерот Кевин Смит го нарекол „Кум II на филмовите снимен според стрип".[40] Темниот витез заработил $534,858,444 во Северна Америка и $469,700,000 во останатиот дел на светот, забележувајќи вкупна заработувачка од $1,004,558,444.[41] Филмот билснимен во 15/70 мм IMAX формат.[42] На 81-то издание на Оскарите, филмот бил номиниран за осум Оскари, освојувајќи два: Оскар за најдобро сценско уредување и постхумен Оскар за најдобар актер за Хит Леџер.[43]

По успехот на Темниот витез, Ворнер Брос потпишал договор со Нолан за снимање на Почеток. Нолан го напишал и го копродуцирал филмот. Филмот бил прикажан во јули 2010 а главната улога ја играл Леонардо ди Каприо.[44] Ричард Роер од Чикаго СанТајмс му доделил на филмот совршен резултат од "А +" и го нарекол "еден од најдобрите филмови на 21 век",.[45] Тој заработил 820 милиони долари ширум светот[46] и бил номиниран за осум Оскари, вклучувајќи и за најдобар филм. Добил наградата за најдобра кинематографија, најдобра мешавина на звук, најдобра обработка на звук и најдобри визуелни ефекти.[47] Нолан, исто така, ги добил номинации за БАФТА, Златен глобус.

Нолан на снимањето на Подемот на темниот витез август 2011

Во 2012, Нолан го режирал својот трет и последен филм од серијалот за Бетмен, Подемот на црниот витез.[48][49], прикажан во јули 2012, добивајќи многу позитивни критики.[50] Филмот имал огромна заработка од над милијарда долари.[51][52] Во тек на прикаувањето на филмот во Аурора, Колорадо, во киното човек отворил оган со пушка, убивајќи 12 луѓе и повредувајќи 58 други жртви.[53] Нолан на прес изразил сочувство до жртвите на оваа, според неговите зборови, „бесмислена трагедија“.[54]

За време на дискусиите за приказната на Подемот на темниот витез во 2010 година, Гојер му ја кажал на Нолан идејата да го претстави Супермен во модерен контекст.[55][56] На Нолан му се допаднала идејата и истата им ја претставил на Warner Bros,[55] коишто го ангажирале Нолан да го продуцира а Гојер да го напише филмот Човек од челик (2013).[57][58] Нолан му понудил на Зак Снајдер да го режира филмот, врз основа на неговите стилизирани прилагодувања од 300 (2007) и Чувар (2009) и неговата "вродена способност за справување со суперхероите како тие да се вистински ликови".[59] Човекот од челик каде главните улоги ги играат Хенри Кавил, Ејми Адамс, Кевин Костнер, Расел Кроу и Мајкл Шенон, заработил повеќе од 660 милиони долари.[60][61]

Братот Џонатан Нолан, кој бил и еден од сценаристите на Интерстелар.

Поновите успеси: 2014-2018[уреди | уреди извор]

Нолан го режирал, го напишал и продуцирал научно-фантастичниот филм Интерстелар (2014). Првите нацрти на сценариото ги напишал Џонатан Нолан, а првично филмот бил во режија на Стивен Спилберг.[62] Врз основа на научните теории на реномираниот теоретски физичар Кип Торн, филмот прикажува "херојско меѓуѕвезденото патување до најоддалечените граници на нашето научно разбирање".[63] Актерската екипа на Интерстелар била составена од Метју Мекконахи, Ен Хатавеј, Џесика Частејн, Бил Ирвин, Мајкл Кејн и Елен Бурстин, и тој бил првата соработка на Нолан со кинематограферот Хојте ван Хојтема. Парамаунт и Ворнер Брос го кофинансирале и ко-дистрибуирале проектот, прикажан на 5 ноември 2014 година кој заработил над 670 милиони долари ширум светот.[64][65][66]

Во 2017 година, Нолан го режирал и продуцирал Денкирк, врз основа на негово оригинално сценарио. Приказната е за Втората светска војна и евакуацијата на сојузничките војници од плажите на Денкирк, Франција, во 1940 година. [67] Филмот се состои од три приказни, кои се одвиваат на копно, море и во воздух. Во првата британски војник се обидува да најде превоз до Британија, во втората група цивилни морепловци со своите јахти спасуваат војници преку каналот Ла Манш, а третата се одвива во воздух кога група пилоти од британското воздухопловство се обидуваат да ги стопираат нападите од германската авијација на британските бродови.

„Данкирк“ е познат како исклучително скап и амбициозен проект на продуцентската куќа „Ворнер Брос“ и во него глумат млади актери заедно со Том Харди, Килијан Мерфи, Кенет Брана, Марк Рајленс и др[68].

Признание[уреди | уреди извор]

Отисок од рацете и чевлите на Нолан пред кинескиот театар Грауман во Холивуд.

Режирајќи некои од највлијателните и популарни филмови на своето време,[69] делото на Нолан е "интензивно прифатено, анализирано и дебатирано од љубителите на филмови, но и од критичарите и филмските академици".[70] Филмскиот аналитичар Дејвид Борвел го споредил Нолан со Стенли Кјубрик, наведувајќи ја неговата способност да ги претвора жанровските филмови во уметнички и филмски настани. Скот Фаундас од Варајети го прогласил за "најдобриот раскажувач на приказни од неговата генерација".[71] Дискутирајќи за разликата помеѓу уметничките филмови и големите студиски филмови, Стивен Спилберг се осврнал на серијалот на Нолан за Бетмен, наведувајќи го како пример за двете[72] а Мементо и Почеток ги опишал како филмски "ремек-дела".[73] за Нолан воедно коментирале филмски имиња како Џејмс Камерон,[74] Гијермо дел Торо,[75]Стивен Содерберг,[76] Сем Мендес,[77] Вернер Херцог,[78] Метју Вон,[79] и други.[80] Во 2007 година Тотал Филм го прогласил Нолан за 32. најголем директор на сите времиња,[81] а во 2012 Гардијан го рангирал на 14 место на нивниот список "23 најдобри филмски режисери на светот".[82] Во 2013 година, истражувањето на седумнаесет филмски академици покажало дека Нолан бил меѓу најзначајните режисери во Британија. А неговата работа извршила влијание и врз видео игрите.[83][84] Во 2015 Тајмс го прогласил Нолан за еден од 100-те највлијателни луѓе на светот.[85]

Филмографија[уреди | уреди извор]

Година Наслов Потврда за Белешки
Продуцент Писател Друго
1989 Тарантела да да Н/П Неприкажан краток филм
1995 Ларсени да да Н/П Неприкажан краток филм
1997 Ларва да да да[I][II] Краток филм
1998 Следење да да да[I][II]
2000 Мементо да
2002 Инсомнија Без потврда за учество во сценариото[86]
2005 Бетмен почнува да
2006 Престиж да да
2008 Темниот витез да да
2010 Почеток да да
2012 Подемот на темниот витез да да
2014 Интерстелар да да
2015 Кеј да да[I][II][III] Краток документарен филм
2017 Денкирк да да

  I Потврда за монтажа
  II Потврда за филмска кинематографија
  III Потврда за композиција

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. IMDB. Biography for Christopher Nolan
  2. "Christopher Nolan". British Film Institute (BFI). 
  3. Nolan's Mind Games“, Film London, 14 јули 2010 (конс. 11 август 2010 г).
  4. „Batman, robbin' and murder“. The Sunday Times. 27 јуни 2010. http://www.thesundaytimes.co.uk/sto/Magazine/Features/article320917.ece. конс. 15 јуни 2013 г. 
  5. "Can't get him out of our heads" The Age; retrieved 10 April 2011.
  6. Feinberg, Scott. „Christopher Nolan on 'Interstellar' Critics, Making Original Films and Shunning Cell Phones and Email (Q&A)“, 3 јануари 2015 (конс. 1 февруари 2017 г).
  7. „Christopher Nolan injects his sci-fi with soul“. Chicago Tribune. http://www.chicagotribune.com/entertainment/movies/ct-interstellar-christopher-nolan-20141030-column.html. конс. 7 март 2017 г. 
  8. Boucher, Geoff. „Christopher Nolan's 'Inception' — Hollywood's first existential heist film“, „Los Angeles Times“, 11 април 2010 (конс. 28 јануари 2011 г).
  9. Itzkoff, Dave. „The Man Behind the Dreamscape“, „The New York Times“, 30 јуни 2010 (конс. 1 јули 2010 г).
  10. Christopher Nolan's Inception tops British box office“, „BBC“, 22 јули 2010 (конс. 5 јули 2016 г).
  11. „Nolan sentenced for escape attempt“. Chicago Tribune. 7 јули 2010. http://articles.chicagotribune.com/2010-07-07/news/ct-met-escape-sentencing-20100707_1_costa-rica-fake-british-passport-extradited. конс. 24 септември 2016 г. 
  12. 12,0 12,1 Lawrence, Will. „Christopher Nolan interview for Inception“, 19 јули 2012 (конс. 3 јануари 2014 г).
  13. Timberg, Scott (15 март 2001). „Indie Angst“. New Times Los Angeles. http://cinefiles.bampfa.berkeley.edu/cinefiles/DocDetail?docId=49987. конс. 4 јуни 2013 г. 
  14. "Nolan's move from Highgate to Hollywood", Evening Standard (London); retrieved 10 April 2011.
  15. „Genghis Blues“. Musicdoc.se. http://www.musicdoc.se/genghis-blues. конс. 2 јануари 2016 г. 
  16. O'Sullivan, Graydon (2013), p. 67.
  17. „Remembering My Brother Dan Eldon: A Journalist Who Died To Tell the Story“. Huffingtonpost. 7 декември 2013. http://www.huffingtonpost.com/amy-eldon-turteltaub/dan-eldon_b_3582633.html. конс. 30 септември 2014 г. 
  18. 18,0 18,1 Tempest, M. "I was there at the 'Inception' of Christopher Nolan's film career", The Guardian, 24 February 2011; retrieved 21 September 2011.
  19. „Wally Pfister ASC on Christopher Nolan's Inception“. thecinematographer.info. 2010. архивирано од оригиналот на 11 април 2012. https://web.archive.org/web/20120411005825/http://www.thecinematographer.info/articles/18-wally-pfister.html. конс. 12 февруари 2013 г. 
  20. „The Filmmakers“. Next Wave Films. 21 ноември 1999. http://www.nextwavefilms.com/following/index.html#background. конс. 23 октомври 2012 г. 
  21. „Christopher Nolan: The Movies. The Memories“. Empire. http://www.empireonline.com/interviews/interview.asp?IID=1052. конс. 12 февруари 2013 г. 
  22. "Interview with Christopher Nolan". Metro; retrieved 10 April 2011.
  23. "Awards for Following". IMDB; retrieved 25 June 2013.
  24. „Criterion – Following“. Criterion. http://www.criterion.com/films/28030-following. конс. 12 февруари 2013 г. 
  25. Mottram, p. 176.
  26. Mottram, p. 177.
  27. Mottram, p. 62–64.
  28. „Film Critics Pick the Best Movies of the Decade“. Metacritic. 3 јануари 2010. http://www.metacritic.com/feature/film-critics-pick-the-best-movies-of-the-decade. конс. 4 септември 2012 г. 
  29. „‘Titanic,’ ‘The Goonies,’ ‘Field of Dreams,’ ‘Memento’ Added to National Film Registry“. Variety. 13 декември 2017. http://variety.com/2017/film/news/the-goonies-titanic-field-of-dreams-die-hard-national-film-registry-1202638298/. конс. 13 декември 2017 г. 
  30. 30,0 30,1 „Christopher Nolan looks back over the Dark Knight trilogy in this extended interview“. Filmcomment. http://filmcomment.com/article/cinematic-faith-christopher-nolan-scott-foundas. конс. 27 јуни 2013 г. 
  31. „Insomnia“. Rotten Tomatoes. http://www.rottentomatoes.com/m/batman_begins/. конс. 18 јануари 2014 г. 
  32. „The Complicated Legacy of Batman Begins“. The Atlantic. https://www.theatlantic.com/entertainment/archive/2015/06/the-complicated-legacy-of-batman-begins/395477/. конс. 10 јуни 2015 г. 
  33. Shawn Adler (14 август 2008). „He-Man' Movie Will Go Realistic: 'We're Not Talking About Putting Nipples On The Trapjaw Suit“. архивирано од оригиналот на 2 септември 2008. https://web.archive.org/web/20080902155525/http://moviesblog.mtv.com/2008/08/14/he-man-movie-will-go-realistic-were-not-talking-about-putting-nipples-on-the-trapjaw-suit. конс. 8 април 2013 г. 
  34. „Christopher Nolan Season at BFI Southbank in July 2012“. British Film Institute. http://www.bfi.org.uk/sites/bfi.org.uk/files/downloads/bfi-press-release-christopher-nolan-season-at-bfi-southbank-in-july-2012-06-06.pdf. конс. 31 март 2014 г. 
  35. „Batman Begins“. IMDb. http://www.imdb.com/title/tt0372784/awards. 
  36. „Batman Begins“. BAFTA-Awards Database. http://www.bafta.org/awards-database.html?sq=batman+begins. конс. 23 октомври 2012 г. 
  37. Garth Franklin (31 јули 2006). „It's Official: "Batman 2" Gets A Title“. DarkHorizons. http://www.darkhorizons.com/news06/060731n.php. конс. 9 март 2007 г. 
  38. „The 50 Best Movies of the Decade (2000–2009)“. Paste. 3 ноември 2009. http://www.pastemagazine.com/blogs/lists/2009/11/50-best-movies-of-the-decade-2000-2009.html?p=4. конс. 14 декември 2011 г. 
  39. „Review of the Decade – Year-By-Year: Empire's Films Of The Decade“. Empire. http://www.empireonline.com/features/reviewofthedecade/films-of-the-decade/9.asp. конс. 4 септември 2012 г. 
  40. „Kevin Smith Reviews The Dark Knight; New Zack and Miri Photo“. Slashfilm. http://www.slashfilm.com/kevin-smith-reviews-the-dark-knight-new-zack-and-miri-photo/. конс. 20 август 2016 г. 
  41. „The Dark Knight (2008)“. Box Office Mojo. http://www.boxofficemojo.com/movies/?id=darkknight.htm. конс. 17 ноември 2012 г. 
  42. „Warner Bros and Christopher Nolan Break New Ground with The Dark Knight“. About. http://movies.about.com/od/thedarkknight/a/darkknight53107.htm. конс. 19 октомври 2013 г. 
  43. "The Oscars 2009". BBC News.
  44. Warner Bros. Keeping INCEPTION in Oscar-voters' Minds with "New" Behind-the-Scenes Featurette“, „Collider.com“ (конс. 15 јуни 2013 г).
  45. Roeper, Richard. Inception Review“. Chicago Sun-Times. http://www.richardroeper.com/reviews/inception.aspx. конс. 21 јули 2010 г. 
  46. „Inception (2010)“. Box Office Mojo. http://www.boxofficemojo.com/movies/?id=inception.htm. конс. 2 ноември 2012 г. 
  47. „2011 Academy Awards Nominations and Winners“. https://www.oscars.org/oscars/ceremonies/2011/I?qt-honorees=1#block-quicktabs-honorees. 
  48. Bettinger, Brendan. „Christopher Nolan Speaks! Updates on Dark Knight Sequel and Superman Man of Steel“, Collider.com, 10 март 2010 (конс. 10 март 2010 г).
  49. Boucher, Geoff. „Christopher Nolan reveals title of third Batman film and that 'it won't be the Riddler'“, „Los Angeles Times“, 27 октомври 2010 (конс. 27 октомври 2010 г).
  50. „"The Dark Knight Rises": Christopher Nolan's evil masterpiece“. 'Salon'. 18 јули 2012. http://www.salon.com/2012/07/18/the_dark_knight_rises_christopher_nolans_evil_masterpiece. конс. 4 јули 2013 г. 
  51. Box Office Mojo: Index Christopher Nolan; retrieved 13 September 2012
  52. McClintock, Pamela. „Box Office Milestone: 'Dark Knight Rises' Crosses $1 Billion Worldwide“, „The Hollywood Reporter“, 2 септември 2012 (конс. 17 ноември 2012 г).
  53. Brown, Jennifer. „12 shot dead, 58 wounded in Aurora movie theater during Batman premier“, „Denver Post“ (конс. 13 јануари 2012 г).
  54. „Christopher Nolan on Theater Shooting: 'I Would Like to Express Our Profound Sorrow'“. http://insidemovies.ew.com/2012/07/20/christopher-nolan-dark-knight-rises-shooting-statement. конс. 13 јануари 2012 г. 
  55. 55,0 55,1 Christopher Nolan on Batman and Superman“, Superhero Hype!, 4 јуни 2010 (конс. 2 декември 2010 г).
  56. Outlaw, Kofi. "Chris Nolan Talks Superman Reboot & Batman 3". screenrant.com. Retrieved 11 June 2013.
  57. Finke, Nikki. „It's A Bird! It's A Plane! It's Chris Nolan! He'll Mentor Superman 3.0 And Prep 3rd Batman“, Deadline, 9 февруари 2010 (конс. 3 декември 2010 г).
  58. Schuker, Lauren A. E.. „Warner Bets on Fewer, Bigger Movies“, „The Wall Street Journal“, 22 август 2008 (конс. 22 октомври 2008 г).
  59. Itzkoff, Dave. „Alien, Yet Familiar“, „The New York Times“, 22 мај 2013 (конс. 22 мај 2013 г).
  60. „Man of Steel Reviews – Metacritic“. Metacritic. http://www.metacritic.com/movie/man-of-steel. конс. 12 јуни 2013 г. 
  61. „Man of Steel score – Critics' Choice“. Broadcast Film Critics Association. http://www.criticschoice.com/search?s=man+of+steel. конс. 25 јуни 2013 г. 
  62. Christopher Nolan's 'Interstellar': 'Dark Knight Rises' Director Lines Up Next Project“, „Huffington Post“, 9 јануари 2013 (конс. 13 јануари 2013 г).
  63. Jagernauth, Kevin (10 јануари 2013). „Christopher Nolan's Merging An Original Idea With Jonah Nolan's Old Screenplay For 'Interstellar'“. The Playlist. http://blogs.indiewire.com/theplaylist/christopher-nolans-merging-an-original-idea-with-jonah-nolans-old-screenplay-for-interstellar-20130110. конс. 13 јануари 2013 г. 
  64. Christopher Nolan's 'Interstellar' To Be Paramount–Warner Bros Co-Production And Joint Distribution
  65. „Interstellar Reviews“. metacritic.com. Metacritic. http://www.metacritic.com/movie/interstellar. конс. 13 ноември 2014 г. 
  66. „Interstellar (2014)“. Box Office Mojo. http://www.boxofficemojo.com/movies/?id=interstellar.htm. конс. 12 јануари 2015 г. 
  67. „WWII on a Grand Scale“. DGA. http://www.dga.org/Craft/DGAQ/All-Articles/1703-Summer-2017/WWII-Dunkirk.aspx. конс. 28 јуни 2017 г. 
  68. Нова Македонија: „Данкирк“ - филмот што ја одбележа 2017 година“, „Daily.MK - Вести“.
  69. Itzkoff, Dave. „A Man and His Dream: Christopher Nolan and Inception“, „The New York Times“, 30 јуни 2010 (конс. 20 декември 2013 г).
  70. „An Evening with Christopher Nolan“. The Film Society of Lincoln Center – descriptions courtesy of The Criterion Collection and Film Society of Lincoln Center. 27 ноември 2012. архивирано од оригиналот на 24 јули 2013. https://web.archive.org/web/20130724221708/http://www.ifccenter.com/films/an-evening-with-christopher-nolan/. конс. 6 јули 2013 г. 
  71. „Film Review: 'Interstellar'“. Variety. https://variety.com/2014/film/reviews/film-review-interstellar-1201338475/. конс. 30 октомври 2014 г. 
  72. „In conversation with Steven Spielberg and Stacey Snider on The Front Row“. YouTube. //www.youtube.com/watch?v=r69N56plrDE. конс. 16 август 2013 г. 
  73. Interview: Steven Spielberg talks movies 'Tintin,' 'War Horse'“, AzCentral, 19 декември 2011 (конс. 26 јануари 2013 г).
  74. Cina, Mark. „James Cameron: 'Inception' Director Christopher Nolan Should Have Been Nominated for an Oscar“, The Hollywood Reporter, 1 февруари 2011 (конс. 26 јануари 2013 г).
  75. Guillermo Del Toro About Producing 'Julia's Eyes' And 'Biutiful'“, Deadline, 13 септември 2010 (конс. 26 јануари 2013 г).
  76. Interview: Steven Soderbergh“, A.V. Club, 5 јануари 2009 (конс. 26 јануари 2013 г).
  77. Sam Mendes Says He Was "Not at All" Interested in Bond at First, Took Direct Inspiration From Nolan's 'Dark Knight' Films“, The Playlist, 18 октомври 2012 (конс. 26 јануари 2013 г).
  78. Werner Herzog: The Hollywood Interview“, Filmonic, 18 ноември 2008 (конс. 26 јануари 2013 г).
  79. Matthew Vaughn interview: X-Men: First Class, Thor, Hollywood, James Bond, Take That and more“, Den of Geek, 25 мај 2011 (конс. 26 јануари 2013 г).
  80. The Dark Knight Effect – How Hollywood fell for – and learned from – the greatest superhero sequel ever made“, Empire, 23 јули 2012 (конс. 26 јануари 2013 г).
  81. Hicks, Chris (20 август 2007). „Greatest Directors Ever–Part 2“. Future Publishing Limited. http://www.totalfilm.com/features/greatest-directors-ever-part-2. конс. 6 февруари 2013 г. 
  82. The 23 best film directors in the world today“, „The Guardian“, 31 август 2012 (конс. 6 февруари 2013 г).
  83. Saturday Soapbox: Christopher Nolan has ruined video games“, „Eurogamer“ (конс. 27 јуни 2013 г).
  84. The 100 most important people in games“, „Xbox 360 magazine“ (конс. 27 јуни 2013 г).
  85. "Christopher Nolan", Time, 16 April 2015; retrieved 16 April 2015.
  86. Beggs, Scott. „No Sleep: Revisiting the Christopher Nolan Movie No One Seems To Remember“, Filmschoolrejects (конс. 9 март 2016 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]