Џејмс Камерон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џејмс Камерон
Џејмс Камерон со својата ѕвезда на плоштадот на славните во Холивуд 2009
Роден(а) Џејмс Френсис Камерон
август 16 1954 (1954-08-16) (64 г.)
Капускејсинг
Живеалиште Лос Анџелес, Калифорнија, САД;
Нов Зеланд
Националност Канаѓанец, Американец
Државјанство Канада, САД
Образование средното училиште „Бреа Олинда“
Алма матер колеџот на Фулертон
Занимање филмски режисер, продуцент, рецензент, сценарист, поборник за заштита на животната средина, истражувач
Активен период 1976–денес
Значајни дела Титаник, Аватар, Терминатор, Терминатор 2: Судниот ден, Вонземјани, Вистинити лаги, Бездната
Влијаел(а) врз Џош Видон, Кетрин Бигелоу, Мајкл Беј
Родно место Чипава, (Онтарио)
Богатство $700 милиони (est.)[1]
Награди Види Награди

Џејмс Френсис Камерон (роден 16 август, 1954) е канадски режисер, филмски продуцент, морски истражувач, сценарист, визуелен уметник и уредник. Неговото пишување и работа како режисер ги вклучува : „Терминатор“ (1984), „Вонземјани“ (1986), „Бездната“ (1989), „Терминатор 2: Судниот ден“ (1991), „Вистинити лаги“ (1994), „Титаник“ (1997), „Темниот ангел“ (2000-02), и „Аватар“ (2009).

Во времето помеѓу изработката на „Титаник“ и „Аватар“, Камерон поминал неколку години создавајќи многу документарни филмови (конкретно подводни документарни филмови) и разви дигитален 3Д камерен систем. Опишан од страна на еден биограф како дел-научник и дел-уметник, Камерон исто така придонел за подводни снимки и технологиите со возило на далечинско управување.На 26 март, 2012, Камерон го достигнал дното на ровот Мариана, најдлабокиот дел на океанот. Тој беше првиот човек кој го стори тоа самостојно, и третиот човек кој воопшто го направил тоа.

Тој бил номиниран за шест Оскари во повеќе категории, а освоил три награди за „Титаник“. Од неговите вкупни режисерски напори, Камерон заработил околу 2 милијарди долари во кино салите од Северна Америка и 6 милијарди долари на светско ниво. Неприлагодени за претстојната инфлација, „Титаник“ и „Аватар“ на Камерон се двете филмски остварувања кои највисоко котираат на списокот на филмови со најголем остварен профит на сите времиња со 2,19 милијарди долари и 2,78 милијарди долари поединечно. Во март 2011 година тој бил сместен на врвот на листата на најбогати луѓе во Холивуд, со проценета заработка од 257 милиони долари во 2010.

Потекло[уреди | уреди извор]

Камерон е роден во Капукасинг (Онтарио), Канада, во 1954 година, син на Ширли (уметник и сестра) и Филип Камерон. Неговиот пра-прадедо од таткова страна емигрирал од Балкуидер, Шкотска во 1825 година. Така, тој потекнува од лозата Камерон. Камерон израснал во Чипава (Онтарио), со неговите браќа Мајк и Џон Дејвид Камерон и тие подоцна биле запишани на универзитетот Стенфорд близу Нијагарините Водопади, а неговото семејство се преселило во Бреа, Калифорнија во 1971 година, кога имал 17 години. Камерон се префрлил во колеџот Фулертон, да студира физика каде за 2 години завршил, во 1973 година. По дипломирањето, тој работел на неколку работни места, возел камион и пишувал кога имал време. Во овој период тој се обучувал за специјалните ефекти.

По гледањето на оригиналниот филм од играниот серијал Војна на ѕвездите во 1977 година, Камерон се откажал од својата работа како возач на камион за да влезе во филмската индустрија. Кога Камерон го читал сценариото на книгата „Полето на Сид“, му текнало дека науката и уметноста можат меѓусебно да се надополнуваат, и тој напишал сценарио за десет минутен филм со научно-фантастична тематика, заедно со уште двајца пријатели, насловена Ксеногенеза. Тие собираале пари и изнајмиле камера, леќи, филмска лента и студио, и го снимиле во 35мм. За да разберат како да управуваат со камерата, тие ја демонтирале и првата половина од денот на снимањето ја поминале во откривање како камерата работи.

Поважни филмови[уреди | уреди извор]

Терминатор (1984)[уреди | уреди извор]

По завршувањето на сценариото за Терминатор, Камерон одлучил да го продаде, за на тој начин тој да може да го режира филмот. Сепак, продукциските компании кои покажале интерес за филмот и со кои тој контактирал, не биле подготвени да остават еден неискусен филмски режисер да го режира филмот. Конечно, Камерон открил компанија наречена Hemdale Pictures, која била подготвена да му дозволи да го режира филмот. Гејл Ен Хард, кој основал своја сопствена продукциска компанија, Продукција Западен Пацифик, претходно работел со Камерон во компанијата Роџер Корман и се согласил да го купи сценариото на Камерон за еден долар, под услов Камерон да го режира филмот. Хард бил потпишан на како продуцент, и Камерон конечно ги доби својот момент на слава како режисер. Orion Pictures го дистрибуирале филмот. Првично, за улогата на Терминатор, Камерон сакал некој кој не бил премногу мускулест, и кој би можел да се вклопи во нормалната толпа. Ленс Хенриксен, кој глумеше во Piranha II: бил во предвид за главната улога, но кога Арнолд Шварценегер и Камерон прв пат се сретнале за време на еден ручек да разговараат за тој да ја игра улогата на Кајл Рис, двајцата дојдоа до заклучок дека киборгот негативец би бил поатрактивна улога за австриски бодибилдер,па Хенриксен добил помала улога на полицидкиот детектив Хал Вукович и улогата на Кајл Рис отиде кај Мајкл Биен. Покрај тоа, Линда Хамилтон за прв пат се појавува во овој филм со нејзиниот запаметена улога на Сара Конор, а подоцна се оженила со Камерон.

Вонземјани (1986)[уреди | уреди извор]

Потоа Камерон започна со режирање на продолжението на Вонземјанин, филмот на Ридли Скот од 1979 година. Камерон го нарекол Вонземјани, и повторно ја остави Сигурни Вивер во главната улога запаметена како Елен Рипли. Според Камерон, екипата на Вонземјани била против него, сметајќи го само како лоша замена за Ридли Скот. Камерон се обидел да им го покаже Терминатор, но поголемиот дел од екипажот одбил да го гледа и останале скептични за неговото режирање додека траело снимањето на филмот. И покрај овој и други проблеми надвор од снимањето Вонземјани станал успешен блокбастер, и добил Оскар номинации за најдобра актерка во главна улога за Сигурни Вивер, најдобра режија, најдобар уредник на филм, најдобра авторска музика, најдобар звук, а освоил награди за најдобро уредување на звучни ефекти и најдобри визуелни ефекти. Покрај тоа, филмот и главната актерка се најдоа на насловната страница на магазинот Time, како резултат на многубројните и обемни сцени на женска борба – што без сомнение ја истакна феминистичката тема на филмот многу силно.

Вистинити лаги (1994)[уреди | уреди извор]

Пред појавувањето на Терминатор 2, Шварценегер му ја предложил на Камерон идејата да направи римејк на француската комедија Ла Totale! Насловена Вистинити Лаги, започнала со снимањето по премиерата на Терминатор 2 , приказната се врти околу таен агент кој води двоен живот како оженет човек и шпион, чија сопруга верува дека тој е компјутерски продавач. Шварценегер го толкувал Хари Таскер, шпион обвинет за уништуваер на планот на терористите да употребат нуклеарно оружје против САД. Џејми Ли Кертис и Елиза Душку ги толкуваат улогите на семејството на ликот, и Том Арнолд толкува споредна улога. Снимен е со буџет од $ 115.000.000 и издаден во 1994 година, филмот заработил $ 146.000.000 во Северна Америка, и $ 232,000,000 во странство. Вистинити Лаги бил номиниран за Оскар за најдобри визуелни ефекти.

Титаник (1997)[уреди | уреди извор]

Камерон покажал интерес за тонењето на познатиот брод Титаник. Тој одлучил неговиот следен проект да се заснова врз овој настан. Во филмот се раскажува за измислена романтична приказна меѓу двајца млади љубовници од различни социјални класи кои се сретнуваат на одборот. Пред да почне со производство, тој нурнал до дното на Атлантикот и обезбедил вистински снимки од бродот под вода, кои биле вметнати во филм. Голем дел од дијалогот на филмот бил напишан за време на овие нуркања.

Потоа, Камерон им ги даде улогите на Леонардо ди Каприо, Кејт Винслет, Били Зен, Кети Бејтс, Френсис Фишер, Глорија Стјуарт, Бернард Хил, Џонатан Хајд, Виктор Гарбер, Дани Нуки, Дејвид Ворнер, Сузи Амис, и Бил Пакстон како протагонисти во филмот. Буџетот за филмот достигнал околу 200 милиони долари, што го прави најскапиот филм направен во тоа време. Пред неговата премиера, филмот бил широко исмејуван за своите трошоци и долготрајното производство.

Објавен во театрите на 19 декември 1997 година, Титаник заработил помалку во својот прв викенд на прикажување (28.600.000 $), отколку на својот втор, (35.400.000 $), што претставува зголемување од 23,8%. Ова е нечуено за широко објавен филм, кој добил толку поплаки и исмевања пред неговата премиера . Ова беше особено забележливо, имајќи предвид дека времетраењето на филмот е повеќе од три часа и со тоа е ограничен бројот на проекции. Тој обезбедил прво место на бокс-офис листите со месеци, и на крајот достигнал вкупна заработувачка од 600.800.000 $ во САД и Канада, а повеќе од 1.840.000.000 $ во светот. Титаник стана највисоко рангиран филм на сите времиња во САД и Канада.

Во март 2010 година, Камерон откри дека Титаник ќе биде повторно издаден во 3D во април 2012 година, во чест на 100-годишнината од потонувањето на вистинскиот брод.Така стана вториот филм со повеќе од $ 2 милијарди гледачи во светот (на првото место е Avatar).

Аватар (2009)[уреди | уреди извор]

Во јуни 2005 година, Камерон најави дека се работи на проект привремено насловен како "Проект 880" (сега познат како Avatar) .Филмот бил планиран да се снима во 3Д.

Буџетот на Avatar бил проценетиот од над 300.000.000 $ и беше објавен на 18 декември 2009. Аватар бил неговиот прв игран филм после Титаник од 1997 година. Тој е составен речиси целосно од компјутерски генерирани анимации, со користење на понапредна верзија на техниката "ефикасно снимање " која се користела од страна на режисерот Роберт Земекис во Поларен Експрес. Џејмс Камерон имаше напишано само 80 страници од сценариото за Avatar во 1995 година и објавил во 1996 година дека ќе го започне филмот по завршувањето на Титаник. Во декември 2006 година, Камерон објасни дека доцнењето во производството на филмот од 1990 година било за да се почека доволно да напредне технологијата која е потребна за да се создаде неговиот проект. Филмот бил првично закажан да биде прикажан во мај 2009 година, но беше поместен до декември 2009 година за да се овозможи повеќе време за пост-продукцијата на комплексните ефекти и да им даде повеќе време за театри низ целиот свет да инсталираат 3D проектори. Камерон првично го намени Avatar да биде само во 3D.

Avatar скрши неколку Box Office рекорди за време на својата прво театарско прикажување. Тој заработи 749.700.000 $ во САД и Канада, а повеќе од 2.740.000.000 $ во светот, и со тоа да стане највисоко рангиран филм на сите времиња во САД и Канада, надминувајќи и Титаник.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]