Прејди на содржината

Тетовирање

Од Википедија — слободната енциклопедија

Тетовирање — трајно исцртување на телото со мастило, со цел да се смени пигментот од декоративни и други причини. Тетоважите кај човекот се вид на декоративно менување на телото, додека тетовирањето кај животните најчесто е сè со цел за идентификација. Тетовирањето се врши насекаде низ светот. Јапонските домородци Ајни се тетовирале на лице. Денес со тетоважа на лице може да се видат племињата Бербери од Тамаска (Северна Африка), Маорите од Нов Зеланд и Атајланите од Тајван. Тетовирањето било широко распространето меѓу луѓето од Океанија и некои племиња од Тајван, Филипините, Борнео, Малајскиот архипелаг, Африка, Северна Америка, Јужна Америка, Средна Америка, Европа, Јапонија, Камбоџа, Нов Зеланд и Микронезија. И покрај некои табуа за тетовирање, оваа уметност е популарна во многу делови на светот.

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]

Оксфордско-англискиот речник (OED -Oxford English Dictionary) ја дава етимологијата на тетоважа, во 18век tattaow, tattow. Од Полинезија tatau. На тахитски, tatu." Зборот tatau во Англија беше позајмен, со менување на изговорот за да се прилагоди на англиската фонологија како “tattoo”. Подоцна морепловците го воведоа зборот и вратија концептот за тетовирање во Европа.

Љубителите на тетоважи за овој поим користат „мастило“, „тет“, „уметност“, „дело“, “изработка“ a за тату мајсторите - уметници. Со одржување на изложби во уметнички галерии за општо признати и тетоважи по нарачка, се одеше кон добивање поголема поддршка. Авторските тетоважи кои се масовно распространети кај тату-мајсторите се нарекуваат флешови,а значаен пример се индустриските модели. Каталози за тетоважи се истакнати во тату студијата со цел да ги инспирираат и помогнат во неодлучноста на клиентите. Јапонскиот збор ирезуми значи вметнување на мастило и може да означува тебори тетоважа со употреба на традиционалниот јапонски рачен метод, машинка од запад, или било кој метод со употреба на мастило.Најчесто употребуван збор за традиционалните јапонски тетоважи е Хоримоно. Јапонците го користат зборот тетоважа кога сакаат да нагласат дека станува збор за тетоважа од страно потекло. Во Тајван,тетоважите на лице на племето Атајал се наречени "Бадасун"; тие ја покажуваат способноста на мажот да се бори за својата земја,а способноста на жената за плетење и извршување на домашните обврски.

Во 1900 г. антропологот Линг Рот опишал четири методи за исцртување на лицето и предложил да се наерчат тату,моко,цитатрикс, и келоид.

Историја

[уреди | уреди извор]

Тетовирањето е Евроазиска практика уште од неолитскиот период. Ледениот човек Отзи,кој датира од 4-5 милениум п.н.е., пронајден во алпската долина Ötz и има приближно 57 јаглени тетоважи со едноставни точки и линии во долниот дел на грбот,позади левото колено, и на десниот зглоб. Откриени се и други мумии кои имаат тетоважи а потекнуваат од крајот на вториот милениум п.н.е.како Мумијата Амунет од Стар Египет и многу други.

Претхристијанските германски, келтски и други централно и северноевропски племиња биле обилно тетовирани, за полесно да се вклопат со околината и преживеат. Пиктите биле тетовирани (или скарификувани ) со усовршени темно сини српици (или бакар да се добие сината боја) дизајни.Јулиј Цезар ги опишал овие тетоважи во Книга V од неговите Галички Војни (54 п.н.е). Се верува дека тетовирањето во Јапонија започнало уште од врмето на палеолитот ,пред некои десет илјади години. Многу други култури имале свои традиции на тетовирање,од исечоци и други белези од горење, до рачно боцкање по кожата за да се нанаесе бојата.

Тетовирањето во западниот свет своите почетоци ги има во Полинезија, а во откривањето на тетоважа tatau од истражувачите во 18век. Оваа постапка на мештаните од Океанија првин стаана популарни кај Европските морепловци, па потоа и кај Западните општества.

Декоративни и религиски цели

[уреди | уреди извор]

Тетоважите служеле како ритуал на духовен премин ,обележје на ранг или статус, религиозни симболи и верски посветувања, показатели за храброст, сексуална привлечност, и ознаки за плодност, љубовни заклетви,казни, амајлии и талисмани,заштита и означување за изгнаник, робови и осуденици.Симболизмот и нападот на тетоважите варира во различни култури и места. Тетоважите може да покажат што одредена личност чувствува за роднина (обично мајка/татко или ќерка/син) или за некоја трета личност.

Денес луѓето се тетовираат од козметички причини ,емоционални спомени, религиски, и магични причини, одбележување на своето потекло или поистоветување со одредена група, вклучувајќи ги тука криминалните групи но, исто така и одредена етничка група или покорни подкултури. Некои Маори сѐ уште имаат испреплетени моко (вдлабнати) тетоважи на нивните лица. Во Лаос, Камбоџа и Тајланд, Јантра тетоважите се исцртуваат за заштита од зло и поголема среќа.На Филипините некои племиња веруваат дека тетоважите имаат моќ, и ги заштитуваат нивните носители.Тетовирањето на Филипините е поврзано со достигнувањата или статусот во животот на носителот.

Големи издолжени тетоважи се чести кај припадниците на традиционалните поворки на изроди и изведувачите кои ја следат оваа традиција.

Идентификација

[уреди | уреди извор]

Низ времето луѓето биле насилно тетовирани. Добро познат пример е идентификациониот систем челад во Нацистичките концентрациони логори за време на холокаустот. Сепак, тетоважите се поврзуваат со идентификација и на позитивен начин. На пример, при првите контакти на Маорите и Европејците, понекогаш ги цртале своите моко тетоважи на место на потпис во документи. Понекогаш тетоважите им помагаат на форензичарите да ги идентиификуваат изгорените, изгниени или масакрирани тела. Бојата од тетоважите е толку длабоко во кожата што дури и тешки изгореници неможат да ја уништат. Уште одамна морепловците се тетовирале во случај да потонат да може да бидат идентификувани. Па така телата на починатите ќе може да се вратат на семејствто пред да бидат погребани. Затоа тату-мајсторите работеле на маста каде имало поголем број на муштерии. Овој обичај продолжува и денес во Британската (кралска) морнарица(Велика Британија)и многу други.

Иако многу ретко од украсни причини, тетоважи се ставаат и на животни. Домашни миленичиња, расни коњи и стока понекогаш се тетовирани за полесна идентификација. Домашните кучиња и мачки често се тетовирани со сериски број (најчесто во уво или во внатрешноста на бутовите) со што нивните сопственици може да ги препознаваат. Понекогаш пак животните се тетовирани за да се спречат изгореници од сонце (на пр. на носот) Ваквите тетоважи се прават од страна на ветеринари и во најголем дел од случаите животните се под анестезија за време на постапката. Со иста цел е и жигосувањето но најчесто се врши без анестезија, бидејќи процесот не вклучува илга или боја.

Козметички цели

[уреди | уреди извор]

Кога тетоважите се ставаат од козметички цели, тие вклучуваат трајна шминка и покривање или неутрализирање на нееднаквоста на кожата. Трајна шминка се употребува кога се нагласуваат веѓи , усни( линија или кармин), очи (линија), па дури и цртање бемки, најчесто со природни бои бидејќи дизајните се наменети да наликуваат на шминка.

Mедицински цели

[уреди | уреди извор]

Медицинските тетоважи се прават со цел да се осигура дека инструментите се точно неместени за повторна радиотерапија и во случаи кога се прави операција на гради. Тетовирањето исто така давало информации дури за клиентот (пр. крвни групи)

Превласт

[уреди | уреди извор]

Тетовирањето повторно ја дожива својата популарност во многу делови од светот, особено во Северна и Јужна Америка, Јапонија и Европа. Со развитокот на културата за тетовирање, се појавија голем број нови уметници од оваа област, од кои многу имаат техничка и обука во областа на ликовната уметност. Со напредокот во тетовирањето и унапредување на опремата за тетовирање, се дојде до усовршување на тетоважите.

Во првата декада на 21век, тетоважите сè повеќе беа присутни во поп културата, инспирирајки телевизиски емисии како “мастило” на A&E, Мајами тату на TLC и Л.А тату. Тетовирањето на блуз пејачката Џенис Џоплин нараквицаи мало срце на левата града, од Лил Татл ,тату-мајстор од Сан Франциско беше пресуден момент за повторно прифаќање на тетоважите како уметност. Тетоважите општо се сметаат за важен дел од културата на руската мафија.

Големиот интерес за уметноста на тетовирањето стана очигледен во 1990 г. и почетокот на 21век. Современите уметнички изложби и визуелните уметнички институции ги претставија тетоважите како уметност преку примери, со испитување на работата на тату-мајсторите, и собирање примери од уметност на тело,на mainstream изложби. Една од овие изложби во Чикаго 2009 г. Freaks & Flash ги покажа примерите од тетовирање во минатото и уметниците кои ги изработиле

Во многу традиционални култури тетовирањето доживеало повторно популаризирање, делумно и од почитување на културното наследство. Пад во традиционалното племенско тетовирање се случило со ширење на христијанството.Сепак,некои христијански групи како што се Витезите од Св.Џон од Малта ,се тетовирале за да ја покажат својата верност.Истото се случува кај другите култури кои ги следат Европските напори да ги пренасочат првобитните луѓе кон Западните религии и културни дејствувања кои го сметале тетовирањето за паганско. Помеѓу некои првобитни култури, тетовирањето се смета за премин од адолесцент во возрасен.

Направени се многу истражувања на тетовирани луѓе и поглед на општеството во однос на тетоважите. Во јуни 2006година, Весникот на Американската дерматолошка агенција ги објави резултатите од телефонска анкета од 2004 г.Произлезе дека 36% од американците на возраст од 18-29, 24% од 30-40 г. и 15% од 41-51год имаат тетоважи. Во септември, истражниот центар Пев, спроведе телефонска анкета од која произлезе дека 36% од Американците на возраст од 18-25 г., 40% од нив меѓу 26-40 год и 10 % од нив меѓу 41-64 имаат тетоважи. Во јануари 2008 год, онлајн анкета од страна на Харис Интерактив процени дека 14% од возрасните во САД имаат тетоважи, со пад од 2003 г. кога 16% имале тетоважи. Најголем дел од тетовирани луѓе има кај хомосексуалната популација, лезбејки и бисексуалци (25%) и луѓето кои живеат на запад(20%). Кај возрасните групи, 9% помеѓу 18-24 г. ,32% меѓу 25-29год, и 25% меѓу 30-39 г. и 12% меѓу 40-49 г. имаат тетоважи, како и 8% на возраст од 50 -64 г. Само мал процент повеќе мажи имаат тетоважи од жените(15% vs 13%)

Негативни мислења

[уреди | уреди извор]

Во Јапонија, тетоважите се поврзуваат со јакузите, особено тетоважите низ целото тело направени на традиционален Јапонски начин (Тебон). Некои јавни јапонски бањи и гимназии често ги забрануваат оние кои се обемно тетеовирани или пирсани во обид да се спречи навлегувањето на Јакуза.

Во САД голем број на затвореници и криминални групи ставаат различни тетоважи да одбележат факти за нивното криминално однесување , затворски казни, и организациони припадништва. На пример, тетоважа во вид на солза, може да биде симбол за убиство, и секоја солза претставува смрт на пријател.Така, војниците во САД имаат добро позната историја на тетовирање со која се означуваат војни единици, битки, убиства итн, асоцијации кои остануваат распространети кај постарите Американци.Тетовирањето е често и кај Британските воени сили.

Иако досега оваа култура или подкултура ја покажува широката популарност на тетоважите кај популацијата, тие сепак сѐ уште се поврзувани со криминалност. И иако прифатеноста на тетоважите е во пораст кај западните општества, сепак кај одредени групи сѐ уште се срам.Порастот на жени во индустријата за тетовирање, се чини ги намалува негативини погледи. Преку истражувањето "ризик" адолесцентни девојки ја покажуваат позитивната врска на украсување на телото и негативните мислења во врска со телото и самодоверата. Сепак,се покажува и голема желба за украсување на телото и потрагата по самоконтрола и обиди за самовладеење на телото во време на зголемено душевно пореметување”.

Религиозни погледи

[уреди | уреди извор]

Христијанство

[уреди | уреди извор]
Full back Christian tattoo

Христијаните немаат доследни погледи во врска со тетоважите. Поголемиот дел од христијаните немаат предрасуди за тетоважите, додека дел од малцинството го поддржуваат негативното еврејското гледиште (види подолу) засновано на Библијата 19:28. Чести се тетоважи со христијански симболи.

Хрватите и Босанците се тетовирале, а особено ги тетовирале своите деца,за заштита против присилното менување на вера (ислам) за време на турското ропство во Босна и Херцеговина(1463-1878). Овој вид тетовирање продолжил и по исполнување на основната цел, иако било забрането за време на комунизмот во Југославија.Тетовирањето се вршело во пролет и за време на некои релииски празници како што е Св. Јосиф, а најбројни биле христијанските крстови на раце, прсти, подлактица, под вратот и на гради. Коптските христијани кои живеат во Египет се тетовираат со симболи на коптски крстови на нивните зглобови.

Се смета дека тетоважите се забранети во суфизмот. Според книгата на суфиската традицијата, Сахил Бухари, „Пророкот забранува менување (или осакатување) на телото“. Суфиите веруваат дека тетовирањето е забрането бидејќи ја менува создавањето на Алах, и бидејќи Пророкот ги колне оние кои се тетовираат но и оние кои ги прават тетоважите. Сепак, има и различно мислење од учењето на суфиите за тоа зошто тетоважите се забранети. Употребата на привремени тетоважи направени со к’на се многу чести кај муслиманите во северна Африка. Дозволата за тетовирање е дебатирана во Шиитите со некои Шиитски припадници кои укажуваат на фатва од Ајатола Систани наведувајки дека истите се халал (дозволени).

Според Тората (Библијата19:28) тетоважите се забранети во Јудизмот "Не смеете да се сечете во име на смртта или да правте засекотини на себе: Јас сум вашиот Господар. Оваа забрана подоцна е објаснета од современите рабини како дел од општите забрани за измени на телото кои не се со медицинска цел(како исправка на деформитети). Водечкиот Мајмонид, учител на еврејското право во 12век,ја објаснува забраната за тетоважи како еврејски одговор на паганството.Откако стана практика следбениците на паганите да се тетовираат со религиозни иконографии имиња на богови, јудизмот во целост го забрани тетовирањето со цел да се оддели од другите религии.Во денешно време, асоцијациите на тетоважи со нацистичките концентрациони логори и Холокаустот предизвика дополнителна револуција на праксата за тетовирање, дури и кај секуларни Евреи.

Постапка

[уреди | уреди извор]

Тетовирањето претставува внесување на боја во на кожата, слојот на кожното ткивото под епидермот. По вбризнувањето на иглата, бојата се шири низ хомогени слоеви сè до епидермот и долниот слој на кожата, но и во двата слоја каде присуството на страни тела, ќе го активира фагоцитозниот одбранбен систем ќе ја прифати бојата.Како што оди заздравувањето, оштетениот епидерим се обновува(го отстранува површниот пигмент) додека подлабоко во кожата се формира зрнасто ткиво ,кое подоцна се претвора во сврзувачко ткиво со порастот на колаген. Ова го опоравува долниот слој на кожата каде бојата останува заробена помеѓу кожните влакна, стремејки се кон слоевите на границата кај кожа/ епидермот.Неговото присуство таму е сигурно, но на долг период (декади) бојата се стреми да премине подлабоко во кожата, и се смета за показател за стара тетоважа.

Некои племенски традиции ги правеле тетоважите со засекување во кожата и ја триеле исекотината со мастило, пепел, и други слични средства, некои култури ја продолжиле оваа постапка, која може да претставува птичина за белези.Некои култури ги правеле тетоважите со рачно внесување на мастилото во кожата со заострени стапчиња или коски од животни(во вид на игли) со справи направени од глина, во денешно време игли. Традиционалните јапонски тетоважи сè уште се “рачни”,односно мастилото се испушта во кожата со употреба на мануални, рачно изработени и кои се рачно користат со игли или заострен бамбус или челик.Овој метод е познат како тебори.

Во денешно време најчест метод за тетовирање е со електрична тату-машинка, која се вбризнува во кожата преку група на игли кои се споени во буренце и се приврзани за осцилантни единици. Па така брзо и повторувачки ги пушта иглите во и надвор од кожата, обично 80 -150 пати во секунда. Оваа современа постапка е хигиенска. Иглите се за еднократна употреба и секое пакетче е посебно. Тату-мајсторот не само што треба да ги мие своите раце, туку треба да го измие и месотото кое ќе го тетовира. За време на постапката цело врме мора да се носат ракавици а повредите треба добро да се покријат со некој вид влажно марамче.

Цените за ваков зафат варираат глобално, локално, и во зависност од тежината на тетоважата, вештината и експертноста на уметникот, однесувањето на клиентот, расходите на бизнисот, и профитот од побарувачката и понудата итн. Времетраењето за да се направи една тетоважа зависи од големината и тежината Мала тетоважа со еноставнен дизајн може да се направи за 15 мин, додека пак изработена тетоважа на цела рака или грб може да одземе и неколку етапи од по неколку саати.

Современата електрична тату машинка е далеку усовршена од машинката која ја направи Самуел о Рајли во 1891 г. Машинката на Рајли се засноваше на вртечка технологија на електричната пробивена справа изумена од Томас Едисон.Современата тату машинка е заснована на електромагнетни навои , машинска патентирана од Томас Рајли во Лондон, 1891врз база на еден навој.Првата машинка со двоен навој, претходникот на современата, е направена од уште еден англичанец Алфред Чарлс Саут од Лондон во 1899година.

Боја и пигмент

[уреди | уреди извор]

Првобитните бои се добивале директно од природата и биле ограничени за различни нијанси на пигменти. Денес се произведуваат скоро неограничен број на бои и нијанси и се продаваат низ салоните во целиот свет. Тату-мајсторите често ги мешаат овие бои за да добијат свои единствени нијанси. Голем број на бои и нијанси може да се употребат за тетовирање, од неоргански материјали како титан диоксид, и ираниум оксид до јаглено црни и азотни бои,и акридни, кинолони,фталоцијанин, нафтетени деривати,бои добиени од пепел, и други мешавини, ираниум оксидните нијанси се употребуваат во широки размри во козметичкото тетовирање.

Соврменото тетовирање со бои засновани на јаглен се употребуваат и пошироко од комерцијалното тетовирање. Во 2005 г. на Универзитетот во северна Аризона, во едно проучување го дефинираше шминкањето со тату бои ,Финли-Јонс и Вагнер. Се чека само на локалните власти да ги одобрат и тестираат тату пигментите кои се создадени со цел за трајна шминка.Во Калифорнија, државата забранува одредени состојки и гони компании кои заборавиле да го известат купувачот за содржината на тату пигментот.

Постоеше одреден степен на загриженост во врска со поврзаноста на произведувачите на магнетни резонанции (МР) и тату пигментите, а некои содржат метали за следење.Наводно, магнетните полиња проиведени од МР машини може да се поврзат со метални партикули, и предизвикуваат печење и уништување на сликата.

Телевизиското шоу MythBusters ги тестираше хипотезите и не пронајде никаква врска меѓу тату боите и МР.

Професионалните тату мајстори се насочуваат кон истата пигментска основа истакната од козметичарите.Аматерите пак често користат слабо познати бои како индиска боја,но овие бои често содржат токсини и не се здрави за телото што може да доведе до болести или инфекции.

Хигиена во салоните за тетовирање

[уреди | уреди извор]

Соодветно опремените тату салони би користеле заштитни кутии за предмети кои биле во допир со крв или телесни течности, и заштитни кутии за употребени игли, стерилизатор за стерилни предмети. Некои законодавста наложуваат салоните да имаат топла и ладна вода во работната околина во секое време.

За хигиената да биде на бараното ниво,потребно е тату-мајсторот да ги мие своите раце пред да почне да го подготвува клиентот за тетовирање, помеѓу еден и друг клиент и во секое време кога е можно да дојде до опасност од инфекции.Исто така задолжителни се ракавици за еднкратна употреба.Во некои држави незаконски е да се тетовираат малолетни лица иако родителот тоа го одобрува, и обично забрането е тетовирање на лица со ослабено здравје,и лица со проблеми со кожата, бремени или доилки, ментално неспособни лица, или пијани и дрогирани лица (освен во случаи на медицински зафати).

Пред да почне зафатот од клиентот се бара да го потврди местото каде сака да биде тетовиран. По ова, тату-мајсторот отвора ново,стерилно пакетче игли пред клиентот, и секогаш користи нови стерилни или стерилизирани инструменти и свежи бои за секој период(наполнети во посебни шишенца кои се менуваат после секој клиент). Исто така сите места кои може да бидат допрени со инфектирани ракавици ќе бидат прекриени со пластични кеси за да се сперчи ширењето на заразите. Опремата која не може да се дезинфицира( како каса,машини и намештај) ќе биде покриена со одобрен дезинфекант.

Членство во професионлни организации, или сертификати за достигнувања генерално им помагаат на уметниците за последните случувања и трендови. Сепак , голем број од познати тату-мајстори не се членови на овие организации. Додека во одредени законодавства се потребни посебни обуки, на многу места е доволено да има поминато обичен курс за прва помош и заразни болести. Локалните здравствени власти ги регулираат тату-студиата со своите законодава.

На пример, според здравствената организација во Орегон и Хаваите,во овие држави од тату-мајсторите се бара да поминат тест со кој ќе го потврдат своето знаење за здравјето и безбедносни мерки, како и постоечките закони. Тетовирањето во Орегон без соодветна лиценца или неодобрени услови се смета за прекршок. Во Њујорк тетовирањето се легализира во 1997 г. а во Масачусетс и Оклахома помеѓу 2002 и 2006година.

Посттетовирачки третман

[уреди | уреди извор]

Тату-мајсторите и тетовираните луѓе на разни начини ги третираат своите нови тетоважи. Некои тату-мајстори препорачуваат свежите тетоважи да се чуваат преврзани во првите 24часа, додека други препорачуваат отстранување на завоите по два и помалку часа. Голем број пак советуваат тетовираните да се држат понастрана од топли бањи и базени, или седење во када во првите две недели. Со ова се спречува бојата да се одмие или пак да избледи од прехидрираност, но и со изложување на бактерии и хлор за да се избегнат инфекции.Но за разлика од нив, други пак препорачуваат новите тетоважи веднаш и често да се мијат со топла вода.

Општиот консензус за заштита , советува против отстрануавње на кожичката која се формира околу новата тетоважа, и да се држат настрана од сонце во одреден период, бидејќи и двете може да доведат до избледување на тетоважата. Понатаму, јасно е дека новата тетоважа треба да биде на завидно хигиенско ниво. Постојат разни препарати за нанесување на кожата, од оние кои се користат за исекотини, изгореници, огреботини до путер од кокос, мелеми, и ланолин.Помадите на маслена база скоро секогаш се препорачува да се нанесуваат во мали количини поради нивната неспособност за испарување и премногу ја хидрираат и онака веќе отворената кожа. Во последните години, се произведуваат посебни комерцијални производи за посттетоважна грижа. Иако мислењата се поделени, сепак скоро сите се согласуваат дека сапун и млака вода делуваат добро за одржување на хигиената на тетоважата и заштита од инфекции. Крајно ,количината на боја која останува во кожата за време на процесот на лечење одредува, во голем дел,колку јасна ќе биде тетоважата. Ако пак дојде до инфекција (невообичаено но можно ако не се одржува потребното ниво на хигиена) или ако заштитниот слој отпадне многу рано( пр. ако апсорбира многу вода и се разводени или ако се иструже )тогаш бојата нема да биде соодветно распоредена во кожата и крајната слика нема да биде она што е посакувано.

Во Велика Британија, повеќето тату-мајстори го препорачуваат Бипантен како најдобар производ за пост-тату грижа.

Здравствени ризици

[уреди | уреди извор]

Бидејќи со тетовирање се навлегува во ткивото на кожата, може да има опасност по здравјето на човекот,како инфекции и алергиски реакции. Современите таму-мајстори ги редуцираат таквите опасности со универзални превентиви, како употреба на препарати за еднократна употреба, и стерилизирање на опремата по секоја употреба. Многу законодавства налагаат тату-мајсторите да имаат обука за прва помош, како што е понудена во Црвен Крст.

Појавата на инфекции во модерните тату-салони, каде се користат игли за еднократна употреба е многу ретка.Сепак во аматерски салони, како што се затворските, постои високо ниво од можност за инфекции. Инфекции кои теоретски може да се пренесат со употреба на нестерилизирана тату опрема или заразни бои вклучуваат површинска инфекција на кожата ХПС,тетанус, бактерични инфекции, некои форми на хепатит, туберкулоза, и Хив. Во САД досега немало случаи на пренесување на ХИВ со тетовирање.

Тату- боите се опишани како -историско особено нереакциски".Меѓутоа, има случаи мадицински записи на алергиски реакции на боите. Понекогаш, кога крвниот сад ќе се пробие за време на тетовирање, може да дојде до појава на модрици/ хематоми.

Отстранување на тетоважа

[уреди | уреди извор]

Иако тетоважите се сметаат за трајни, понекогаш е можно да се оттргнат со ласерски третман,целосно или делумно. Обично црните или потемни бои може полесно да се отстранат. Со ознаката, трајна боја, се означува дека истата може да се отстрани со едноставен ласерски третман. Болаката за отстранување на тетоважата е поголема од онаа кога се става истата. Некои законодавства сами плаќаат за отстранување на криминални тетоважи. Методите за предласерско отстранување на тетоважите вклучуваат стерилизирање,стругање на кожата со сол, крајохирургија итн.

Привремени тетоважи

[уреди | уреди извор]

Привремените тетоважи се популарни кај модели и деца, бидејќи не предизвикуваат трајни промени на кожата а имаат слично дејство и може да траат од неколку дена до неколку недели. Најчест начин е транспарентна налепница, која се пренесува на кожата со помош на вода. Иако се водоотпорни, лесно може да се отстранат со креми на маслена база. Во почетокот се појавија како награди во пакетчиња на гуми за џвакање,беа со слабо квалитетен пренос на бои и лесно се бришеа со вода и гребење. Денешните растителни бои изгледаат многу реално и може да издржат и до 3 недели благодарение на лепливиот слој слишен на оној пронајден на лепливите траки.

Тетоважите од к’на и сребрен нитрат бои кои се видливи на ултравиолетова светлина издржуваат и до две недели пред да избледат од кожата. Привремените фарбани тетоважи (TATs) се нанесуваат со прекривање на кожата со копирање и прскање на кожата со боја. Во минатото овие тетоважи траеле по само недела дена. Но, со новите бои, може да стојат и по две недели.

Видови тетоважи

[уреди | уреди извор]

Американската дерматолошка акаденија разликува 5 вида тетоважи.Трауматски или природни тетоважи , кои се последица на повреди, особено од асфалт на патиштата или од пенкало ;Аматерски тетоважи, професионални тетоважи, и двете добиени преку традиционален метод на модерни тату машинки, Медицински тетоважи; Козметички тетоважи познати како трајни шминки.

Трауматски тетоважи

[уреди | уреди извор]

Според Џорџ Орвел, јаглено-работниците може да развијат карактеристични тетоважи поради јаглената прашина која може да се навлече во раните. Ист случај може да се случи со барут.Слично ,треуматски тетоважи се случуваат кога материите како што се асфалт навлезат во кожата преку некоја исекотина или повреда од несреќа или траума. Ваквите тетоважи се тешки за отстранување бидејќи имаат тендениција на ширење низ неколку слоеви на кожата, и нивното отстранување е скоро неизбежно но сепак зависи од местото. Понатаму, тетовирањето на вилицата со ставање и отстранување на пломба за време на дентално местење е возможно и многу често. Пример за вакви несреќни тетоважи се намерни или ненадејни бодежи од пенкало со што останува некој графит или боја во кожата.

Тетовирањето како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]
  • „Тетоважа“ — краток расказ на македонската писателка Анета Попова.[1]
  • „Тетоважа - вампир“ (англиски: Tattoo Vampire) — песна на американската рок-група Blue Oyster Cult од 1976 година.[2]
  • „Тетовирани љубовници“ (англиски: Tattooed Love Boys) — песна на британската рок-група Притендерс (Pretenders) од 1979 година.[3]
  • „Тетоважите на кралицата“ (англиски: Queen's Tattoos) — песна на британската рок-група Ацтек камера (Aztec Camera) од 1983 година.[4]
  • „Тетоважа“ (англиски: Tattoo) — песна на српската и југословенска рок-група Екатарина Велика од 1985 година.[5]
  • „Тетовирани апатетични момчиња“ (англиски: Tattooed Apathetic Boys) — песна на американската хард-кор група The New Bomb Turks од 1993 година.[6]
  • Тетовирање — македонски филм во режија на Столе Попов.[7]