Џесика Частејн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џесика Частејн
Частејн на фестивалот во Торонто во 2015
Роден(а)Џесика Мишел Частејн
24 март 1977 (1977-03-24) (42 г.)[1]
Сакраменто
Калифорнија
, САД
ЗанимањеГлумица
Активен период2004–сеуште

Џесика Мишел Частејн (родена на 24 март 1977 г.)[2][3] — американска глумица.

Частејн ја започнала својата холивудска кариера со гостински улоги во неколку телевизиски серии, остварувајќи го своето филмско деби во драмата Џолин (2008). Во 2011 година, таа се здобила со светска популарност со улогите во филмовите Засолниште, Дрво на животот и Слугинки, а за нејзината изведба во Слугинки таа добила номинациии за наградите Оскар, Златен глобус и БАФТА за најдобра глумица во споредна улога.

Частејн добила светско признание со улогата во акциониот трилер 00:30 – Тајна операција (2012), освојувајќи ја наградата на филмските критичари, како и Златниот глобус за најдобра глумица, а исто така била номинирана за Оскар за најдобра глумица. Таа исто така глумела во Интерстелар (2014), Најнасилна година (2014), за кој добила номинации за Златен глобус и за наградата на критичарите, и во Марсовец: Спасувачка мисија (2015). Во 2012 година, таа била именувана од списанието Тајм на списокот „сто највлијателни луѓе во светот“.[4]

Ран живот[уреди | уреди извор]

Частејн е родена во Сакраменто, Калифорнија. Нејзината мајка Џери Рене се занимава со веганство и е позната веганска готвачка. На нејзиниот извод на родени не е наведен нејзиниот татко. Таа била израсната од нејзината мајка и очув, Мајк Лерој Хасти, кој е пожарникар. Таа е многу блиска со нејзината баба Мерилин, која била нејзина придружба на доделувањето на оскарите во 2012 и 2013 година.[5][6][7]

Таа завршила на средното училиште Ел Камино во Сакраменто во 1995 година,[8][9] а потоа запишала политика на Универзитетот Сакраменто, каде била член на дебатниот тим.[10] Во 1998 година, таа ја добила улогата на Јулија во драмата Ромео и Јулија, која ја продуцирала компанијата TheatreWorks од Сан Франциско.[11] Таа добила стипендија од фондот на Робин Вилијамс за да се школува во њујоршката школа Juilliard School,[12][13] каде била член на одделот за глума. Таа била активен учесник во драмскиот оддел и играла во неколку театарски претстави и во студентски филмски проекти. Таа дипломирала во 2003 година.[14][15]

Личен живот[уреди | уреди извор]

Частејн во Лондон во 2014

Честејн е разделена од нејзиниот биолошки татко и одбива да ги потврди различните вести за неговиот идентитет. Во интервју за Vogue во 2013 година, таа изјавила дека на нејзиниот извод на родени не фигурира нејзиниот татко и дека таа го смета нејзиниот очув Мајкл Хасти, за нејзин татко.[16]

Таа има две помлади сестри и два помлади браќа. Во 2014 година, таа открила дека нејзината вмешаност во непрофитната организација To Write Love on Her Arms била поттикната од самоубиството на една од нејзините сестри.[17]

Џастејн е феминистка[18] и веганка.[19] Од јуни 2015 година, таа живее во стан во Њујорк.[20][21]

Таа била во долга љубовна врска со режисерот Нед Бенсон пред да се разделат во 2010 година.[22] Од 2012 година, таа е во врска со италијанецот Џанлука Паси де Пропосуло кој е извршен директор на италијанскиот моден бренд Монклер.[23]

Филмографија[уреди | уреди извор]

Филм[уреди | уреди извор]

Наслов Година Улога Белешки
Џолин 2008 Џолин
Украдени животи 2009 Сали Ен
Западњак 2010 Мајката на Даниел Краткометражен филм; исто така продуцент
Долг 2010 Рејчел Сингер (млада)
Засолниште 2011 Саманта
Кориолан 2011 Виргилија
Дрво на животот 2011 Г-ѓа О'Брајан
Слугинки 2011 Силија Фут
Салома 2011 Салома Документарен филм
Тексашки полиња на смртта 2011 Детектив Пем Стал
Мадагаскар 3: Најбараните во Европа 2012 Џија (глас)
Без закон 2012 Меги Бауфорд
Боја на времето 2012 Г-ѓа Вилијамс
00:30 – Тајна операција 2012 Маја
Мама 2013 Анабел
Исчезнувањето на Елеонор Ригби 2013 Елеонор Ригби Колективно име на три филма; Исто така продуцент
Госпоѓица Јулија 2014 Госпоѓица Јулија
Интерстелар 2014 Марфи Купер
Најнасилна година 2014 Ана Моралес
Единство 2015 Раскажувач Документарен филм
Марсовец: Спасувачка мисија 2015 Мелиса Луис
Пурпурен врв 2015 леди Лусил Шарп
Ловецот 2016 Пост продукција
Сопругата на чуварот на животни 2016 Антонина Жабинска Се снима

Телевизија[уреди | уреди извор]

Наслов Година Улога Белешки
Ургентен центар 2004 Дахила Таслиц Епизода: „Forgive and Forget“
Вероника Марс 2004 Сара Вилијамс Епизода: „The Girl Next Door“
Закон и ред: Судење пред порота 2005–06 Сигрун Борг Епизоди: „41 Shots“, „Vigilante“, „Eros in the Upper Eighties“
Близу дома 2006 Кејси Вирт Епизода: „The Rapist Next Door“
Доказ 2006 Лаура Грин Епизода: „Pilot“
Црна брада 2006 Шарлот телевизиска мини-серија
Патешественик 2007 Тана Блум Епизода: „Friendly Skies“
Поаро 2010 Мери Дебенхам Епизода: „Murder on the Orient Express“

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Monitor. „Entertainment Weekly“ (1252): 30. 29 март 2013 г. 
  2. Derakhshani, Tirdad (November 17, 2012). „Sideshow: Jessica Chastain, uneasy star“. Philadelphia Daily News. конс. January 17, 2013. 
  3. Peretz, Evgenia (September 2012). „Jessica Chastain on Her Rise in Hollywood“. Vanity Fair. конс. January 17, 2013. 
  4. Oldman, Gary. „Jessica Chastain – 2012 TIME 100: The Most Influential People in the World“, „Time“, 18 април 2012 (посет. 17 јануари 2013 г).
  5. Palmer, Martyn. „Jessica Chastain: Meet the actress who's firing up the A-list“, „Daily Mail“, 21 ноември 2011 (посет. 2 декември 2011 г).
  6. Wheat, Alynda (June 13, 2011). „Picks and Pans Main: Movies“. People. конс. January 25, 2012. 
  7. „EXCLUSIVE: Revealed, the three secret sisters of Oscar nominee Jessica Chastain - and the suicide that broke her real father's heart“. Daily Mail UK. February 15, 2013. конс. February 14, 2015. 
  8. Bradshaw, Jennifer (26. 1. 2012.). „The Help Cast Before They Were Stars: Jessica Chastain as Essie in You Can’t Take It With You, Senior Yearbook Photo, 1995“. Snakkle.com. 
  9. „Oscar-Nominated Actress Started On Path To Stardom At El Camino High“. CBS. 11-1-2013. конс. 28-7-2014. 
  10. Hall, Joseph (26-10-2011). „Debating greatness: City College Speech and Debate team scores a winning streak“. Sac City Express. Sacramento City College. 
  11. Zimmerman, Heather. „Bard's Pair as Dublin Duo: TheatreWorks updates 'Romeo and Juliet' to strife-torn Ireland“, Metro Newspapers, 30. 4. 1998. (посет. 28 јули 2014 г). „Travis Engle and Jessica Chastain as Romeo and Juliet ... Engle and Chastain, themselves 17 and 21“
  12. „Robin Williams changed my life. He was a great actor and a generous person. Through a scholarship, he made it possib…“. Twitter. August 11, 2014. 
  13. Iredale, Jessica (November 11, 2013). „Possible Conversations: Karl Lagerfeld and Jessica Chastain“. WWD. конс. November 12, 2013. 
  14. „Juilliard School Newsletter“. September 6, 2011. конс. April 6, 2012. 
  15. „Jessica Chastain: Robin Williams Put Her Through College“. WebProNews.com. August 18, 2014. конс. February 14, 2015. 
  16. Jessica Chastain lands first Vogue cover, breaks silence about biological father's death“, 12 ноември 2013 (посет. 30 септември 2014 г).
  17. Jessica Chastain Talks About Getting Through a Painful Year — and How 'Interstellar' Made Matthew McConaughey Cry“, 17 септември 2014 (посет. 30 септември 2014 г).
  18. Smith, Nigel M. (December 16, 2014). „Jessica Chastain on 'A Most Violent Year' and Hollywood's Woman Problem“. Indiewire. конс. December 16, 2014. 
  19. „Jessica Chastain: Gaining 15 Pounds for The Help Was "Torture". Us Weekly. August 11, 2011. конс. October 15, 2011. 
  20. David, Mark (12 March 2015). „Jessica Chastain Picks Up Showbiz Pedigreed Pad in NYC“. Variety. конс. 18 October 2015. 
  21. „DP/30: Crimson Peak (and The Martian), Jessica Chastain“. YouTube. 18 October 2015. конс. 18 October 2015. 
  22. Yuan, Jada (May 22, 2014). „Jessica Chastain on Cannes, Her Wonderful Facebook Page, and Having to Keep Interstellar Secrets“. Vulture. конс. September 14, 2014. 
  23. Ravitz, Justin (February 22, 2013). „Jessica Chastain, Boyfriend Gian Luca Passi de Preposulo Getting Serious“. US Weekly. конс. March 11, 2013. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]