Робин Вилијамс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Робин Вилијамс
Williams, Robin (USGov) crop.jpg
Вилијамс во 2007 г.
Родено име Робин Меклорин Вилијамс
Роден 21 јули 1951
Чикаго, Илиноис, САД
Починал 11 август 2014
Медиум Stand-up, film, television
Националност американец
Работен век 1972–2014
Жанрови Character comedy, physical comedy, improvisational comedy, satire/political satire, observational comedy, blue comedy
Влијанија од Peter Sellers, Richard Pryor, Jonathan Winters, George Carlin, Chuck Jones
Влијаел врз Conan O'Brien, Frank Caliendo,[1] Dat Phan, Jo Koy, Gabriel Iglesias
Сопружник Valerie Velardi
(1978–1988; 1 child)
Marsha Garces Williams
(1989–2008; 2 children)
Susan Schneider
(2011–present)
Шаблон:Infobox comedian awards

Робин Меклорин Вилијамс (англиски: Robin McLaurin Williams; 21 јули 1951, Чикаго, САД - 11 август 2014, Тибурон, САД) — американски глумец и стендап комичар. Стекнувајќи ја славата со улогата на вонземјанецот Морк во телевизиската серија Морк и Минди (Mork & Mindy), Вилијамс направи успешна кариера и во стендап-комедијата и на филмското платно. Неговата филмска кариера ги вклучува добро прочуените филмовите како што се „Добро утро, Виетнам“ (Good Morning, Vietnam), „Друштвото на мртвите поети“ (Dead Poets Society), „Будења“ (Awakenings), „Кралот на рибарите“ (The Fisher King) и „Добриот Вил Хантинг“ (Good Will Hunting), како и финансиски успешните, како што се „Попај“ (Popeye), „Кука“ (Hook), „Аладин“ (Aladdin), „Госпоѓа Даутфаер“ (Mrs. Doubtfire), „Џуманџи“ (Jumanji), „Кафез“ (The Birdcage'), „Ноќ во музејот“ (Night at the Museum) и „Среќни стапала“ (Happy Feet). Исто така се појави и во видеото на песната “Don’t Worry, Be Happy” од Боби Мекферин (Bobby McFerrin).[2]

Иако бил номиниран трипати за „Оскар“ за најдобар глумец, Вилијамс ја добил оваа награда во категоријата „најдобар спореден глумец“ за остварувањето во филмот „Добриот Вил Хантинг“, во 1997 година. Исто така добил две награди „Еми“ (Emmy Awards), четири златни глубуси, пет награди „Греми“ (Grammy Awards).

Младост[уреди | уреди извор]

Вилијамс е роден во Чикаго, Илиноис. Мајка му, Лора Меклорин (Laura McLaurin) (24 септември 1922 – 4 септември 2001) била поранешен модел од Њу Орлеанс, Луизијана. Татко му, Роберт Фицџералд Вилијамс (Robert Fitzgerald Williams) (10 септември 1906 – 18 октомври 1987) бил главен раководител во компанијата за мотори „Форд“ (Ford Motor Company), на чело на регионот Мидвест (Midwest region). Неговиот прапрадедо од страната на мајка му, Анселм Џеј. Меклорин (Anselm J. McLaurin), бил сенатор и гувернер на Мисисипи. Во потеклото на Вилијамс се вклучува и англиско, велшко, ирско, шкотско, германско и француско. Бил одгледан во епископска црква (мајка му практикувала христијанска наука). Израснал во Блумфиелд Хилс (Bloomfield Hills), Мичиген, каде бил ученик во државното дневно училиште Детроит (Detroit Country Day School), а подоцна се преселил во Вудејкр (Woodacre), Марин Каунти (Marin County), Калифорнија, каде учел во државното средно училиште Редвуд (Redwood High School). Вилијамс студирал во колеџот Клермонт Меккена (Claremont McKenna College) (тогаш познато како колеџот за мажи Клермонт (Claremont Men’s College)) четири години. Има двајца полубраќа: Тод (Todd) (кој умрел на 14 август 2007 година) и Меклорин (McLaurin).

Вилијамс се опишува како мирно дете, кое прв пат ги покажува своите глумечки способности со имитирање баба му пред мајка му. Не успел да ја совлада срамежливоста, додека не се вклучил во одделот за драма во неговото средно училиште.

Во 1973 година Вилијамс бил еден од дваесет ученици кои биле примени како бруцоши во училиштето Џулијард (Juilliard School) и еден од двајца ученици кој ги прифатил Џон Хаусман (John Houseman) во напреднатата програма во училиштетот таа година. Другиот ученик бил Кридтофер Рив (Christopher Reeve). На часовите за дијалекти, Вилијамс брзо и без проблем ги совладал сите дијалекти. Во 1976 Вилијамс го напуштил Џулијард.

Телевизиска кариера[уреди | уреди извор]

По настапувањето во краткотрајното „Шоу на Ричард Прајер“ (The Richard Pryor Show) на „НБЦ“ (NBC), Гери Маршал (Garry Marshall) му ја доделил улогата на Морк во успешната телевизиската серија „Среќни денови“ (Happy Days) откако го импресионирал продуцентот со својот оригинален хумор кога седнал на неговата глава кога го замолиле да седне за аудицијата. Како Морк, Вилијамс импровизирал голем дел од дијалогот и физичката комедија и зборувал со висок, носен глас. Морк станал многу популарен меѓу публиката што довело да создавање на познатата телевизиска комедија „Морк и Минди“, која се прикажувала од 1978 до 1982 година; шоуто го направиле за да му излезат во пресрет на импровизациите на Вилијамс. Иако го играл истиот лик како во Среќни денови, наместо во доцните педесети во Милваки (Milwaukee), шоуто било претставено во денешно време во Булдер, Колорадо (Boulder, Colorado). Морк бил многу популарен лик, кој го имало на постери, на боенки, на кутии за ручек и други производи.

Со стендап комедијата, во која се вклучуваат три кoмедии на ХБО (HBO), „Off The Wall”, “Вечер со Робин Вилијамс“ (An Evening with Robin Williams), “Робин Вилијамс; Во живо во Метрополитан опера“ (Robin Williams:Live at the Met), од крајот на седумдесетите и низ осумдесетите, Вилијамс добил поголема публика. Исто така во 1986 година, Вилијамс бил гостин на 58-то доделување на оскари.

Неговата работа како стендап комичар посојано се провлекува низ неговата кариера, што се забележува и по успехот на шоуто Робин Вилијамс: Во живо на Бродвеј (Robin Williams: Live on Broadway) (2002 година). Во 2004 година на листата „100 најдобри стендап комичари на сите времиња“ на „Комеди Централ“ (Comedy Central), се наоѓал на 13 (тринаесетото) место.

По мало охрабрување од неговата пријателка Вупи Голдберг (Whoopi Goldberg), во 1991 Вилијамс требало да биде гостин во епизодата “A Matter of Time”, од серијата „Ѕвездени патеки: Наредната генерација“ (Star Trek: The Next Generation), но морал да откаже поради неусогласеност на распоредот; на негово место дошол Мет Фруер (Matt Frewer), кој глумел човек кој патувал низ времето, професор Берлингоф Расмусен (Berlingoff Rasmussen). Заедно со Били Кристал (Billy Crystal), се појавуваат на почетокот од една епизода од третата сезона на „Пријатели“ (Friends). Нивните улоги не биле дел од сценариото. Тие биле во зградата каде се снимила серијата и ги замолиле да импровизираат.

Вилијамс се појавил во епизода од американската верзија на “Whose Line Is It Anyway?” (3 сезона, 9 епизода: 16 ноември 2000 година). За време на играта „Сцени од шапка“ (Scenes from a Hat) била вметната сцената „Што мисли Робин Вилијамс во моментот?“ (What Robin Williams is thinking right now), каде Вилијамс изјавил: „Имам кариера. Што по ѓаволите барам овде?“ (I have a career. What the hell am I doing here?). На 4 декември 2010 година заедно со Роберт де Ниро (Robert De Niro) се појавиле во “Сабота навечер во живо“ (Saturday Night Live) во скечот “What Up with That”. Во 2012, се глумел себеси во две серии, Луи (Louie) и Вилфред (Wilfred).

Во февруари 2013, мрежата “ЦБС“ (CBS) изјавила дека откупиле пробна епизода за комедијата на Дејвид И. Кели (David E. Kelley) наречена „Лудите“ (The Crazy Ones) во која глуми Вилијамс. Серијата била официјално откупена на 10 мај 2013 година. Вилијамс глуми Сајмон Робертс (Simon Roberts), татко кој работи со ќерка си (ја глуми Сара Мишел Гелар (Sarah Michelle Gellar) во фирма за реклами. Серијата започна да се прикажува од 26 септември 2013 година, секој четврток од 8/9 ч.

Филмски улоги[уреди | уреди извор]

Поголем дел од неговата кариера е на филмското платно иако имал и настапи на сцена (особено Естрагон (Estragon) во „Чекајќи го Годо“ (Waiting For Godot) заедно со Стив Мартин (Steve Martin)). Негов прв филм е комедијата “Can I Do It ‘Till I Need Glasses?” од 1977. За улогата во „Добро утро, Виетнам“ (1987 година) бил номиниран за оскар. Голем дел од неговите улоги се во комедии со нијанси на ентузијазам.

Неговата улога како духот во анимираниот филм Аладин (1992) бил од помош за да се докаже важноста на глумечката моќ при позајмување на глас. Неговите гласовни способности повторно ги искористил во “Ферн Гали“ (Fern Gully), во фимот „В.И. Вештачка Интелигенција“ (A.I. Artificial Intelligence) (2001 година) каде го позајмува гласот на Др. Ноу (Dr. Know), во анимираниот филм „Роботи“ (Robots) (2005 година), во добитникот на оскар „Среќни стапала“ (2006 година), и неплатената гласовна изведба во филмот „Everyone’s Hero”. Исто така, бил и гласот на “The Timekeeper” поранешна атракција на ресортот на Вол Дизни Ворлд (Walt Disney World), робот кој патува низ времето, се среќава со Жил Верн (Jules Verne) и го враќа во иднината.

Улогите во драматични филмови му обезбедија оскар за најдобар спореден глумец за улогата на психологот во „Добриот Вил Хантинг“, како и две номинации за оскар, за улогата на професор по англиски во „Друштвото на мртвите поети“ (1989 година) и за улогата на нестабилен скитник во „Кралот на рибарите“(1991 година). Во истата година глуми возрасен Петар Пан во филмот „Кука“. Други познати драматични филмови се „Будења“ (1990 година) и „Сонувам буден“ (What Dreams May Come) (1998 година). Во 2002 година во филмот „Инсомнија“ (Insomnia) Вилијамс глуми писател/убиец кој бега во рурална Алјаска од полицаец (Ал Пачино (Al Pacino)) од Лос Анџелес, кој има несоница. Исто така во 2002 година, во психолошкиот трилер „Фотографии за еден час“ (One Hour Photo), Вилијамс глуми емоционално нестабилен техничар кој развива фотографии, и станува опседнат со фамилија на која им развивал фотографии долго време.

Во 2006 година Вилијамс глуми во “Ноќниот слушач“ (The Night Listener), трилер за гостин во радио емисија, кој сфаќа дека започнал пријателство со дете кое можеби не постои; во 2006 година глуми во пет филма, вклучувајќи „Човек на годината“ (Man of the Year), бил неочекуван гостин на наградите по избор на деца „Никелодион“ (Nickelodeon Kids’ Choice Awards), се појавил и во епизода на “Extreme Makeover: Home Edition”, која била прикажана на 30 јануари 2006 година.

Вилијамс е познат по неговите импровизациски способности и имитирање, а неговите настапи често вклучуваат импровизиран хумор, кој го прави и пренесува моментално на сцената. Според коментарите од Аладин, поголем дел од дијалогот на духот бил импровизиран.

Во еден момент, Вилијамс бил еден од глумците што би го играле “The Riddler” во “Бетмен засекогаш“ (Batman Forever), но режисерот Тим Бартон (Tim Burton) го откажал проектот. Претходно, Вилијамс бил сигурен кандидат за улогата за Џокерот (The Joker) во “Бетмен“ (Batman). Бил заинтересиран за улогата во „Темниот Витез“ (The Dark Knight), продолжението на „Бетмен почнува“ (Batman Begins) (2005), но Хит Леџер (Heath Ledger) ја добил улогата на Џокерот, кој подоцна посмртно добил и оскар за најдобар спореден глумец.

Стендап кариера[уреди | уреди извор]

Од почетокот на седумдесетите, Вилијамс направил неколку турнеи како стендап комичар. Некои од најзначајните турнеи се “Вечер со Робин Вилијамс” (1982 година), “Робин Вилијамс: Во живо во Метрополитан опера” (1986 година) и “Робин Вилијамс: Во живо на Бродвеј” (2002 година). Последниот сруши многу рекорди за хумуристична емисија. Во некои случаи, билетите биле распродадени за само триесет минути отакако биле пуштени во продажба.

По шест години пауза, во август 2008 година Вилијамс најавил нова турнеја низ 26 градови, која ја нарекол “Оружја за самоуништување“ (Weapons of Self Destruction). Рекол дека ова е негова последна шанса да се нашали на сметка на раководството на Буш, но кога емисијата започнала, оваа тема била опфатена во само неколку минути. Турнејата започнала на крајот од септември 2009 година и завршила во Њукорк на 3 декември.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Бракови и деца[уреди | уреди извор]

Домот на Робин Вилијамс Robi во Си Клиф (Sea Cliff) во Сан Франциско

Првата жена на Робин Вилијамс е Валери Веларди (Valerie Velardi) и со неа стапил во брак на 4 јуни 1978 година. Имаат едно дете, Зекари Пим (Зек) (Zachary Pym) (роден на 11 април 1983 година). За време на првиот брак, имал афера со Мишел Тиш Картер (Michelle Tish Carter), келнерка која ја запознал во 1984. Го тужила во 1986, притоа тврдејќи дека тој не и кажал дека е инфициран со вирусот „херпес симплекс“ (herpes simplex) пред да се впуштат во сексуална врска, така што и го пренел вирус. Случајот бил решен надвор од судот. Вилијамс и Веларди се равеле во 1988 година.

На 30 април 1989 година Вилијамс се оженил со Марша Гарсес (Marsha Garses), дадилката на син му, која веќе била неколку месеци била трудна со негово дете. Тие имаат две деца, Зелда Реј (Zelda Rae) (родена на 31 јули 1989 година) и Коди Алан (Cody Alan) (роден на 25 декември 1991 година). Но, во март 2008 Гарсес поднела барање за развод поради непомирливите разлики.

На 23 октомври 2011 година Вилијамс се оженил со неговата трета жена, графички дизајнер Сузан Шнајдер (Susan Schneider) во Св. Хелена, Калифорнија (St. Helena, California). Моментално живеат во куќата на Вилијамс во Си Клиф (Sea Cliff), во близина на Сан Франциско, Калифорнија.

Фамилија и деца[уреди | уреди извор]

Додека студирал на Џулијард, Вилијамс се спријателил со Кристофер Рив. Тие имале неколку предавања заедно во кои биле единствени студенти. Тие останале добри пријатели сè до смртта на Рив. Вилијамс го посетил Рив по несрќата од јавањето на коњ, од која останал квадриплегичар. Успеал да го развесели така што се преправал дека е ексцентричен руски доктор (слично на улогата во „Девет месеци“ (Nine Months)). Вилијамс велел дека дошол да направи колоноскопија. Тогаш Рив за прв пат се насмеал по несреќата и знаел дека животот ќе биде во ред.

На 14 август 2007 година, постариот брат на Вилијамс, Роберт Тод Вилијамс починал од компликации на операцијата на срце, која била извршена месец претходно.

Зависност и здравствени проблеми[уреди | уреди извор]

Кон крајот на седумдесетите и почетокот на осумдесетите Вилијамс бил зависен од кокаин; изјавил дека оттогаш се откажал. Вилијамс бил близок пријател и често се забавувал со Џон Белуши (John Belushi). Вилијамс вели дека смртта на неговиот пријател и раѓањето на син му помогнале да се откаже од дрогата: „Дали тоа беше време за освестување? О да, и тоа на виско ниво. Исто така помогна и поротата.“

На 9 август 2006 година Вилијамс се пријавил во центар за рехабилитација од зависност (во Њуберг, Орегон), подоцна признал дека е алкохоличар. Неговиот новинар ја пренел изјавата.

По 20 години трезност, Робин Вилијамс повторно почува да пие и одлучил да преземе ригорозни мерки за да се справи со ова, не само за негово добро, туку и за доброто на неговата фамилија.

Поради проблеми со срцето, Вилијамс во март 2009 година бил хоспитализиран. Ја одложил турнејата за да направи операција со која ќе му ја заменат аортната валвула. Операцијата успешно завршила на 30 март 2009 година, во клиниката во Кливленд (Cleveland Clinic). Во шоуто на „Грахам Нортон“ (The Graham Norton Show) Вилијамс дебатирал за лекот пропофол (Propofol) кој го користеле за време на операцијата и лек кој е вклучен во смртта на Мајкл Џексон (Michael Jackson). Вилијамс искоментирал дека Џексон го земал лекот за спиење, што е исто како „да одиш на кемотерапија бидејќи си изморен да ја ибричеш главата“. Овој коментар ја насмеал публиката и другите гости во емисијата, но Вилијамс го потенцирал фактот дека пропофолот е разорувачко силен лек кој го даваат само во болница, а Џексон го користел дома.

Вилијамс настапува на „ Camp Victory“ за „УСО“ (USO) на 30 декември 2010 година

Добротворна работа[уреди | уреди извор]

Вилијам и неговата поранешна жена Марша ја основале фондацијата „Виндфол“ (Windfall Foundation), организација која собирала пари за различни добротворни цели. Поголем дел од својата енергија ја користи за добротворна работа, вклучувајќи го настанот за собирање на средства „Комик Рилив“ (Comic Relief) (програмата спроведена од него, Били Кристал и Вупи Голдберг). Во декември 1999 пеел на француски на музичко видео на меѓународни ѕвезди поддржано од „ББЦ“ (BBC). Направил преработка на песната „It’s Only Rock & Roll” од Ролинг Стоунс (Rolling Stones) за добротворната организација „Чилдренс Промис“ (Children’s Promise).

По земјотресот во Кантербери (Canterbury) во 2010, Вилијамс го донирал целиот приход од неговиот настап „Оружја за самоуништување“ за обновување на градот во Нов Зеланд. Половина од приходот бил дониран во „Црвен Крст“ (Red Cross), а половина во фондот на градоначалникот, притоа изговарајќи ги зборовите „Се надевам дека оваа донација на некој начин ќе помогне во побрзо обновување на градот. Вилијамс настапил со “УСО“ (USO) за тупите во Ирак и Авганистан.

Исто така, Вилијамс неколку години постојано финансиски ја поддржувал болницата за истражување „St. Jude Children”.

Вилијамс извршил самоубиство во својот дом во Тибурон, во Калифорнија, на 11 август 2014 година, откако долги години се борел со тешка депресија.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Free Time | Caliendo hopes 'Frank TV' makes good first impression“. Pantagraph.com. http://www.pantagraph.com/articles/2007/11/24/freetime/doc47471a3d6fc50366297886.txt. конс. 1 јули 2012 г. 
  2. Наташа Спирова, „Филмаџиите жалат за Вилијамс, а музичарите - за Кокер“, Антена, број 862, 2.1.2015, стр. 12-13.
  3. Наташа Спирова, „Филмаџиите жалат за Вилијамс, а музичарите - за Кокер“, Антена, број 862, 2.1.2015, стр. 12-13.