Марсовец: Спасувачка мисија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Марсовец: Спасувачка мисија – американски филм, во режија на Ридли Скот. Главните улоги ги толкуваат Мет Дејмон, Џесика Честејн, Кристен Виг и Џеф Даниелс.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

За време на една мисија на Марс, сите мислат дека астронаутот Марк Вотни е мртов по една силна бура, кога екипажот морал да го остави. Но, Марк успева да преживее и, оставен сам на себе, мора да го користи умот да остане жив и да им се јави на колегите на Земјата.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Марсовец – спасувачка мисија“, Антена, број 952, 23.9.2016, стр. 27.