Прејди на содржината

Кристијан Бејл

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кристијан Бејл
Кристијан Бејл
Кристијан Бејл во јуни 2009
Роден(а)Кристијан Чарлс Филип Бејл
30 јануари 1974(1974-01-30)(50 г.)
Хеверфордвест, Пембрукшир, Велс, Обединето Кралство
Занимањеглумец
Активен период1982–до денес
СопружникСандра Блажиќ (2000–до денес; 1 ќерка)

Кристијан Чарлс Филип Бејл (англиски: Christian Charles Philip Bale; 30 јануари 1974) е англиски глумец. За своите улоги има добиено многу признанија, а покрај другите награди добил Оскар и две награди Златен глобус. Магазинот Форбс, во 2014 година го рангирал како еден од глумците со највисока заработка. Најпознат e според неговите улоги во американските филмови, Бејл глумел и во високобуџетни холивудски филмови и во помали проекти од независни продуценти и уметнички филмови.[1]

Публиката првпат го забележува Бејл на возраст од 13 години, кога тој беше избран да ја глуми главната улога во Империја на сонцето на Стивен Спилберг. Тој глумеше англиско момче кое е одвоено од своите родители, а подоцна е изгубен во јапонски логор за време на Втората светска војна. Познат е и по улогата на Брус Вејн во филмовите за Бетмен: Бетмен почнува и Темниот витез, како и серискиот јапи убиец Патрик Бејтмен во Американски психо.

Бејл, покрај во Бетмен, бил во главна улога во низа филмови, како драма филмот Престиж (2006), акциониот филм Терминатор: Спас (2009), криминалистичката драма Државни непријатели (2009), епскиот филм Егзодус: Богови и Кралеви (2014) и суперхеројскиот филм Тор: Љубов и грмотевица (2022). За улогата на боксерот Дики Еклунд во биографскиот филм „Борец“ од 2010 година, освоил Оскар и награда Златен глобус. Номинации за Оскар и Златен глобус и за неговата улога во комедијата Американски измамници (2013) и биографските драми Обложување на столетието (The Big Short) (2015) и Човек од сенка (Vice) (2018). За неговата улога како политичарот Дик Чејни во Човек од сенка ја добил втората награда Златен Глобус, а за улогата на Кен Мајлс во спортската драма Ле Ман '66: Славни 24 часа (Ford v Ferrari) (2019) ја добил петтата номинација за наградите Златен глобус.

Ран живот

[уреди | уреди извор]

Бејл е роден на 30 Јануари 1974 година во Хаверфордвест, Пемброкшир, Велс во семејство од англиско потекло.[2][3][4] Неговиот татко Дејвид Бејл ,по потекло од Јужна Африка, бил претприемач, комерцијален пилот, и менаџер за млади таленти, а неговата мајка Џени Џејмс била артист. Тој е најмлад од четирите деца. По напуштањето на Велика Британија во 1976 година, Бејл го поминува детството во неколку земји, вклучувајќи ги Португалија и САД.[5]

Живеејќи четири години во Борнемут и Хенли на Темза, Бејл се школува во основно училиште во Англија ; приватното училиште Делфин Беркшир, и во училиштето Борнемут. Тој тренира рагби. Своето детство во врска со својата мајка која работела во циркус, Бејл го опишува како "интересно". Тој се потсети на својот прв бакнеж кој бил со акробатка по име Барта.

Како дете, вежбал балет[6] и гитара. Работата на неговата сестра Луиза во театарот, исто така, влијаела на неговата одлука да стане глумец. Таткото на Бејл го поддржувал својот син за глума и поднесол оставка од својата работа како комерцијален пилот за да патуваат и да управува со кариерата на Бејл. Постариот Бејл подоцна се жени со феминистичката икона Глорија Стајнем.На 30 декември 2003 година, тој почина од мозочен лимфон на возраст од 62 години.

Првиот обид на Бејл во глумечките води е реклама за средство за омекнување Ленор во 1982 година, кога тој имал 8 години.[7] Една година подоцна, тој се појавува во рекламата за житарици каде глуми детска рок-ѕвезда.[8] Во 1984 година, тој го направи своето деби на сцена во Шутрак, заедно со Роуан Еткинсон.[7][9]

Бејл го направи своето филмско деби како Царевич Алексеј Николаевич во телевизискиот филм Анастасија: Тајната на Ана од 1986 година, а по тоа следеа главни улоги во минисеријата Срцето на земјата и авантурата Мио во далечната земја, во која тој се појави со Кристофер Ли и Ник Пикард.

Во 1987 година, Ејми Ирвинг, неговата партнерка од Анастасија во Тајната на Ана, го препорачува Бејл на нејзиниот тогашен сопруг Стивен Спилберг, за улогата во Империја на сонцето,[10] адаптирана од полуавтобиографиски роман на Џ.Г.Балард. Глумата на Бејл како Џим Греам му донесе голема слава и пофалби и прва награда за "најдобра изведба на малолетен глумец" од Државниот одбор за рецензија на филмови.[11] Новинарството и неговите соученици кои го засипуваа со внимание, го доведоа до размислување да се откаже од глумецството сè додека Кенет Брана не стапи во контакт со него и го убеди да се појави во Хенри V, во 1989 година. Во 1990, тој ја глуми улогата на Џим Хокинс заедно со Чарлтон Хестон (како Лонг Џон Силвер) во Островот на богатството, адаптација на класична книга на Роберт Луис Стивенсон.[12]

Во 1992 година, Бејл го играше Џек Кели во мјузиклот на Дизни Newsies, и по тоа во 1993 година игра во Деца на свингот, филм за тинејџери кои тајно слушаат џез-музика за време на подемот на нацистичка Германија.[13] Бејл беше препорачан од глумицата Винона Рајдер да глуми во филмот Мали жени од Џилијан Армстронг од 1994.[11] Бејл го позајми гласот за Томас, млад сонародник на капетан Џон Смит, во Покахонтас на Дизни (1995)[14][15] и во 1997 година го играше Артур Стјуарт во Велвет голдмајн, филм на Тод Хејнс посветен на глам-рок-музиката.[16] Во 1999 година, Бејл учествува во ѕвезден тим, вклучувајќи ги Кевин Клајн, Мишел Фајфер, Стенли Тучи, и Руперт Еверет, глумејќи го Димитриј во модерната верзија на Сон на летната ноќ на Вилијам Шекспир.[17]

Во 1999 година, Бејл го глуми серискиот убиец Патрик Бејтмен во Американски психо, адаптација на контрозерниот роман на Брет Истон Елис во режија на Мери Херон. За краток период, Бејл го напушти проектот во корист на Леонардо ди Каприо, но на крајот Леонардо го напушти проектот за да глуми во Плажа, а на Бејл повторно му беше доделена улогата. Тој го истражуваше неговиот лик со проучување на романот и физички се подготви за улогата со сончање и вежбање со цел да ја постигне "олимписката телесна градба" на ликот опишан во романот. Тој дури се оддалечи од глумечкиот тим за да ја одржи мрачната страна на карактерот на Бејтмен. Премиерата на Американски психо премиерно се одржи на Санденс филмски фестивал во 2000 г. и заработи многу контроверзии. Роџер Еберт првин го осуди филмот нарекувајќи го порнографија и "најодвратниот филм на Санденс", но потоа даде позитивна критика, пишувајќи дека Херон "го преобразила романот за крволочност во филм за суета на мажи. " За глумата на Бејл, тој напиша: "Кристијан Бејл на херојски начин му овозможува на карактерот весело да премине во презир; тука не постои инстинкт за самоодржување, а тоа е белег на добар глумец" .

На 14 април 2000 година, Лајонс Гејт Филмс го прикажа Американски психо во театрите. Подоцна, на Бејл му беше понудено да направи кратко појавување во Правила на заведување,друга адаптација на Брет Истон Елис, филм не многу поврзан со Американски психо, но тој одби од лојалноста кон визијата на Херон за Бејтмен, бидејќи мислеше дека не може да биде верно прикажана од страна на некој друг. Во 2000 година, тој повторно глуми богат убиец, овој пат во филмот Шафт на Џон Синглтон.

Од 2001,Бејл глуми различни карактери . Неговата прва улога по Американски психо беше во адаптацијата на Џон Меден на бестселерот Мандолината на капетанот Корели. Бејл го глуми Мандрас, грчки рибар кој се натпреварува со ликот на Николас Кејџ за наклонетоста на Пелагија (Пенелопе Круз). Мандолината на капетанот Корели на Бејл му донесе втора соработка со Џон Хурт,откако глумеа заедно во филмот Сите мали животни.

Од 2002 до 2003 година, Бејл глуми во три играни филма.Лорел Кањон (2002), кој општо земено, беше добро прифатен од критичарите. Овој филм, исто така, ја одбележа втората соработка со глумицата Кејт Бекинсејл, неговата партнерка од Принцот од Јитланд (1994). Критичарите генерално се насочија кон перформансот на Френсис Мекдорманд од остатокот на глумецската екипа.

Кралство на пожар беше првата акција која Бејл ја сними и заработи огромен буџет што достигна 95.000.000 американски долари. Бејл воздржано преговараше за главната улога во филмот, но режисерот Роб Бауман го убеди да ја прифати главната улога. Бејл го играше Квин Аберкромби заедно со Дентон ван Зан на Метју Меконахи. Бејл и Меконахи тренираа бокс за нивните улоги.

Еквилибриум е трет филм на Бејл во 2002 година, и за продукцијата на овој филм се потрошија 20 милиони американски долари, но заработи само околу 5 милиони американски долари низ целиот свет. Во Еквилибриум, Бејл го глуми Џон Престон, елитен спроведувач на законот во дистописко општество. Во Еквилибриум се прикажува измислена боречка вештина наречена ган-ката, која комбинира престрелка со борење со раце. Според moviebodycounts.com, ликот на Џон Престон го има третиот најголем број убиства на големото платно во еден филм со 118, половина од вкупниот број на филмот кој изнесува 236.

По пауза од една година, во 2004 год, Бејл се врати да го глуми Тревор Резник, карактер во психолошкиот трилер Машинист. Бејл се здоби со внимание за неговата посветеност кон улогата и за крајноста во која отиде за да го постигне исцрпениот, скелетен изглед на Резник. Подолг период, тој нема соодветен одмор и се става себеси на ригорозна диета на кафе и јаболка, која ја намали неговата тежина за 31,5 килограми за само неколку месеци. До крајот на снимањето Бејл имаше само 60 килограми, трансформација која тој ја опиша како “ментално смирувачка" и која донесе споредби со изгледот на Роберт де Ниро за неговата улога на Џејк Ламота во филмот Разбеснетиот бик од 1980. Бејл тврдеше дека не работел ништо одреден временски период, пред да му биде доделена улогата.. "... Не наоѓав сценарија што навистина би ми го свртиле интересот. Навистина посакував да се појави нешто. Потоа, кога ова се појави, јас едноставно не сакав да го испуштам. Го завршив и како откритие кое го добивате на крајот, јас посакав веднаш да се вратам и повторно да го разгледам, да погледнам какви заклучоци сум можел да добијам во текот на снимањето". Машинист беше од нискобуџетна продукција и чинеше околу 5 милиони американски долари за продукција, а имаше ограничено прикажување во САД. Критиките беа добри, и мрежното место Ротен томејтос извести дека 75% од коментарите на регистрираните критичари се позитивни.

Бејл, обожавател на Авантурите на малечката Чихиро на Хајао Мијазаки го позајми гласот на насловниот лик Хоул во англиската синхронизација на анимираната авантуристичка фантазија Подвижниот замок на Хоул на јапонскиот режисер,адаптација на романот за деца на Дијана Вејн Џонс .Заработката во САД изнесуваше 4.711.09 американски долари, дел од својата светска бруто заработка која изнесуваше 235.184.110 милиони американски долари.

Бетмен: 2005-до денес

[уреди | уреди извор]

Се известуваше дека Бејл претходно бил на аудиција за улогата на Робин во Бетмен засекогаш (1995), а подоцна и за Бетмен и Робин (1997), но тогаш Крис О'Донел ја добил улогата. Сепак, оваа гласина подоцна беше отфрлена од самиот Бејл во едно интервју за списание во 2008 година. Во 2004 година, по завршувањето со снимањето за Машинист, Бејл ја освои посакуваната улога на Бетмен и неговото алтер его Брус Вејн во филмот Бетмен почнува на Кристофер Нолан, што претставуваше ребутирање на серијата за Бетмен. Бејл го победи Џејк Гиленхал кој му беше конкуренција за улогата.

Сè уште под влијание на Машинист, Бејл требаше да се поправи за да се совпадне со мускулната телесна градба на Бетмен. Му беше даден рок од шест месеци за да го направи ова. Бејл тоа го нарече тешко остварување”…кога требаше да се вежба, јас бев бескорисен.Првиот ден, не можев да направам ништо.Ги немаше мускулите и навистина имав тежок период за да ги повратам”. Со помош на личен тренер,Бејл успеа во тоа до крајот на рокот, добивајќи вкупно 45 килограми за 6 месеци. Тој потоа откри дека се поправил повеќе од посакуваната желба на режисерот и потоа малку ја намали својата тежина.

На почетокот, Бејл беше загрижен за портретирањето на Бетмен, бидејќи се чувствуваше повеќе смешно од непријатно во костимот на Бетмен. Тој се справи со ова прикажувајќи го Бетмен како див ѕвер. За да постигне подлабоко разбирање на ликот, Бејл читаше разни стрипови за Бетмен. Тој го објасни неговото толкување на младото момче: "Бетмен е неговата скриена, демонска страна исполнета со бес. Суштеството Бетмен кое го создава е потполно искрено суштество и треба да го контролира, но на многу неорганизиран начин. Тој е способен да донесе.. насилство ..и да убива - па постојано мора да се зауздува ". За Бејл, најисцрпувачки дел за улогата на Бетмен беше костумот."Ти се прилепува, ти станува жешко, почнуваш да се потиш и добиваш главоболка на маската". рече тој. "Но, јас нема да се жалам за тоа, бидејќи јас сум тој што го глуми Бетмен". Додека траеше промоција на филмот во интервјуа и јавни настани, Бејл го задржа американскиот акцент за да не дојде до забуна.

Бетмен започнува е прикажан на 15 јуни 2005 година во САД и беше американски и меѓународен триумф на Ворнер Брос, чија продукција чинеше околу 135,000,000 американски долари, а заработи над 370,000,000 американски долари низ целиот свет. Во 2006, Бејл ја освои наградата за најдобар херој на Филмски награди на МТВ за неговиот перформанс.

Бејл ја повтори неговата улога како Бетмен во продолжението на Бетмен започнува, филмот Темниот витез.

Тој се обучуваше во борење и изведе многу од своите акробации. Црниот витез се прикажа на 18 јули 2008 во САД и ги потресе благајните ,со рекордни 158,4 милиони американски долари само во првата недела. Во текот на 10 дена,заработката се искачи на 300 милиони американски долари, 400 милиони американски долари во следните 18 дена и 500 милиони долари за 43 дена, три нови филмски рекорди на благајните во САД. Филмот заработи над 1 милијарда американски долари на благајните ширум светот и со тоа стана четврт филм со највисоки заработки на сите времиња во светот. Потврдено е дека Бејл ќе ја има главната улога во третиот проектиран филм на франшизата, Издигнувањето на црниот витез, кој би требало да биде прикажан на 20 јули 2012, со што Бејл ќе стане единствениот глумец кој го глумел Бетмен повеќепати отколку кој било друг глумец во играниот филм. Бејл го искажа истото мислење како и Нолан дека, доколку треба да се вметне Робин во филмовите,никогаш повторно не би го глумел Бетмен, иако една од неговите омилени приказни за Бетмен, Бетмен: Темната победа се фокусира на потеклото на Робин.

По Бетмен започнува, Бејл се враќа на независни филмови. Му беше доделена улога во криминалистичка драма Тешки времиња на Дејвид Ајер,каде партнери му беа Фреди Родригес и Ева Лонгорија. Бејл го глуми Џим Дејвис Лутер, груб воен ветеран од Авганистан, кој страда од состојба на шок и е предложен од страна на Одделот за домашна безбедност и ангажиран како федерален агент. Тешки времиња премиерно се прикажа на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто во 2005 година,а ширум светот имаше прикажување на 10 ноември 2006 година.

Во Новиот Свет,во режија на Теренс Малик, филм од историско значење инспириран од приказните за Покахонтас, Бејл ја глуми улогата на Џон Ролф. Тој го споделуваше филмското платно со Колин Фарел и Кворијанка Килхер, кои ги глумеа улогите на Џон Смит и Покахонтас. Во поголемиот дел од филмот глумеа Фарел и Килхер,додека Бејл беше спореден лик и се појави само во текот на последната третина на филмот. Филмот претставуваше неуспех на благајните во САД и вкупната заработка од 29.506.437 американски долари не успеа да го поврати профитот (буџетот за продукција кој изнесуваше 30.000.000 американски долари).

Во 2006 година, Бејл се нафати на четири проекти. Во Спасение во мугрите на германскиот режисер Вернер Херцог, Бејл глуми американски борбен пилот Дитер Денглер, кој треба да се бори за својот живот откако е застрелан на мисија за време на Виетнамската војна. Бејл остави силен впечаток на Херцог, така што режисерот му честита за неговите глумечки способности: ".. Според мене, тој е еден од најпрекрасните таленти на неговата генерација. Ние се одлучивме за него уште пред тој да го глуми Бетмен" .

Во Престиж, адаптација на романот на Кристофер Прист за соперништво помеѓу два викторијански магионичари, Бејл повторно се обедини со Мајкл Кејн и режисерот Кристофер Нолан од Бетмен започнува. Тимот на Престиж беше составен од: Хју Џекмен,Скарлет Јохансон,Пајпер Перабо и Дејвид Боуви. Ме нема, филм во кој Бејл повторно работи со Тод Хејнс и Хит Леџер (кој го глуми Џокер во Црниот витез) е уметнички приказ на животот на Боб Дилан. Тој глуми заедно со Расел Кроу во филмот 3:10 за Јумакој имаше позитивни критики.

Првично, Бејл требаше да го глуми Џорџ Буш во филмот В на Оливер Стоун, но се откажа поради потребната протетика. Бејл го глуми Џон Конор во Терминатор-спасение и агентот на ФБИ Мелвин Пурвис во Државни непријатели во режија на Мајкл Ман.

Инцидентот на Терминатор-спасение

[уреди | уреди извор]

Во јули 2008 година, Бејл западна во лута тирада на сетот на снимањето на филмот Терминатор-спасение, за време на снимањето во Ново Мексико. Во февруари 2009 година, аудио снимка од инцидентот беше пуштена во употреба. Тирадата беше насочена кон Шејн Хрлбат, режисер на фотографија на филмот. Според Бејл, Хрлбат двапати ја нарушил неговата концентрација со одење на сетот во текот на снимање сцена. На снимката се забележува дека Бејл е многу изнервиран и упатува вулгарности кон Хрлбат, заканувајќи му се и понижувајќи го,и на крај се заканува дека ќе го напушти снимањето на филмот ако Хрлбат ја повтори својата навреда без да биде отпуштен поради тоа. Беше соопштено дека раководителите на Варнер Брос ја испратиле касетата до осигурително друштво на филмот во случај ако Бејл се откаже од снимањето на филмот. Во интервју за E!Онлајн! помошник-режисер и продуцент на Терминатор-спасение, Брус Френклин кажа дека тоа е инцидент”.Ако снимаш многу напната сцена и некој те вознемири..Тоа е најемотивната сцена во филмот...а тој е попречен во средината на таа сцена. Тој многу е внесен во својот карактер. Тоа не траеше цел ден. Беше миг кој помина”. -изјави Френклин

Глумците Вупи Голдберг и Тери Крувс,режисерите Дарен Ароновски и Рон Хауард, како и основоположникот на мрежното место Ain’t cool news ,јавно застанаа на страната на Бејл, наведувајќи дека членовите на тимот треба да бидат мирни додека камерата се движи. Инцидентот го инспирираше бендот Mae Ши да ја напишат песната Professional, на која се појавуваат примероци од снимката.Стивен Колбер направи пародија на инцидентот во епизодата на Извештајот Колбер на 4 февруари 2009, каде гостинот Стив Мартин многупати помина пред камерата и беше прекоруван од Колбер. Инцидентот беше повторно воведен на Лејт најт со Конан O’Брајан, со домаќинот на Inside the Actor’s Studio, Џејмс Липтон кој ги глумеше Бејл и членот на тимот.

По молк од 6 недели, на 6 февруари во радио станица КРОК, во Лос АнџелесБејл јавно се извини.Тој изјави дека неговиот испад е “неоправдан” и тоа произлегло од интензитетот на снимањето тој ден. Бејл изјави дека се однесувал како хулиган и дека тој и Хрлбат разговарале по инцидентот и целосно ја решиле ситуацијата. Бејл потврди дека двајцата работеле неколку часа по инцидентот и “најмалку еден месец по тоа..видов дел од филмот и тој заврши одлична работа. Изгледаше фантастично”.

2010-до денес

[уреди | уреди извор]

Бејл глуми заедно со Марк Волберг во драмата Борец во режија на Дејвид О' Расел во 2010 година, за која тој ги освои наградата Златен глобус за најдобра споредна улога и Оскар за најдобра споредна улога во 2011 година. Ен-Би-Си одлучи да го избрише крајот на говорот за Златниот глобус на Бејл поради неговото пцуење.

Режисер Џо Карнахан во ноември 2009 потврди дека Бејл е вклучен во претстојниот филм Убивајќи го Пабло во кој тој ќе го глуми мајор Стив Џекоби. Според интервју во списанието Натс, Бејл изјави дека тој ќе сака да ја игра улогата во филмската адаптација на Mетална цврста опрема. Нилс Арден Оплев, режисер на Девојката со тетоважа на змеј, ќе го има Бејл како главен лик во тековниот проект Последна фотографија, за кој Оплев се надева дека ќе започне со снимање во 2011.

Активизам

[уреди | уреди извор]

Кристијан Бејл бил физички нападнат на 15 декември 2011 г. во Кина, при обид да го посети домот на активистот за човекови права Чен Гуангчен кој е држен во куќен притвор.[18]

Приватен живот

[уреди | уреди извор]

На 29 јануари 2000 година, Бејл стапи во брак со Сандра “Сиби” Блажиќ (родена во 1970), поранешен модел, шминкерка и личен асистент на Винона Рајдер; двојката има ќерка, Емелин,која е родена на 27 март 2005 година во Санта Моника, Калифорнија.Од 1992 година, Бејл живее во Лос Анџелес.

Бејл има три постари сестри :Ерин Бејл- музичарка, Шерон Бејл-информатичарка и Луиз Бејл-театарска глумица и режисер.

Семејството Бејл има длабоки корени во шоу-бизнисот, особено театарот. Бејл е далечен роднина на британската глумица Лили Ленгтри,додека неговиот чичко, Рекс Бејл и дедо од мајкина страна исто така биле глумци.

Како и неговиот починат татко, Кристијан Бејл активно ги поддржува еколошките групи како што се "Гринпис" и Светскиот фонд за животински свет. На 3 септември 2000 година Глорија Стејнем стана маќеа на Кристијан Бејл; Тоа е нејзиниот прв брак (на возраст од 66) и двојката беше заедно сè до смртта на Дејвид. За време на интервју во кое го промовираше неговиот филм Државни непријатели од 2009, Бејл изјави дека е обожавател на видео игри, посебно на серијата Mетална цврста опрема. Кога го прашаа за неговото слободно време, Бејл изјави дека повеќе сака да го посвети своето слободно време на креативни нешта и не сака да разговара за неговиот личен живот.

Бејл изјави дека е голем обожавател на починатиот комичар Крис Ферли и на филмот Нинџа од Беверли Хилс.

  1. „Christian Bale: American Psycho“. IMDB News. Архивирано од изворникот на 2011-07-23. Посетено на 2008-07-21. I was born in Wales but I'm not Welsh – I'm English
  2. „Celebrity birthdays for the week of Jan. 24–30“. Associated Press. 19 January 2021. Архивирано од изворникот на 20 January 2021. Посетено на 30 April 2021.
  3. „Christian Bale surprises the world with his British accent“. Harper's Bazaar UK. 7 January 2019. Архивирано од изворникот на 19 May 2021. Посетено на 19 May 2021.
  4. Francis, Damien (22 July 2008). „Batman star Christian Bale arrested“. The Guardian. Архивирано од изворникот на 26 January 2021. Посетено на 8 June 2021.
  5. Blunden, Mark (13 April 2012). „Christian Bale's sister says actor needs help to deal with temper“. Evening Standard. Архивирано од изворникот на 8 June 2021. Посетено на 8 June 2021.
  6. Burns, Judith (3 June 2017). „Sporting plan to boost boys in ballet“. BBC News. Архивирано од изворникот на 21 January 2019. Посетено на 20 May 2021.
  7. 7,0 7,1 Carroll, Rory (5 January 2018). „Christian Bale: 'I was asked to do a romantic comedy. I thought they'd lost their minds'. The Guardian. Архивирано од изворникот на 20 April 2021. Посетено на 30 April 2021.
  8. Yarrow, Andrew L. (16 December 1987). „Boy In 'Empire' Calls Acting 'Really Good Fun'. The New York Times. Архивирано од изворникот на 23 July 2020. Посетено на 1 May 2021.
  9. Riley, Jenelle (26 November 2013). „Christian Bale: Reluctant Movie Star Talks 'Furnace', 'Hustle'. Variety. Архивирано од изворникот на 31 July 2020. Посетено на 5 June 2021.
  10. Lewis, Andy; Anderman, Maya (6 May 2016). „Discovered by Spielberg: How a Lucky Encounter With the Director Launched These 6 Stars“. The Hollywood Reporter. Архивирано од изворникот на 8 June 2021. Посетено на 8 June 2021.
  11. 11,0 11,1 „Christian Bale“. BBC Cymru Wales. Архивирано од изворникот на 13 February 2009. Посетено на 13 April 2009.
  12. Willman, Chris (22 January 1990). „TV Review : Hestons Sail for 'Treasure Island'. Los Angeles Times. Архивирано од изворникот на 30 April 2021. Посетено на 30 April 2021.
  13. Maslin, Janet (5 March 1993). „Review/Film; Jazz in Nazi Germany: Youthful Resistance“. The New York Times. Архивирано од изворникот на 8 March 2021. Посетено на 30 April 2021.
  14. Allen, Kelly; Miller, Gregory E. (20 August 2020). „40 Actors You Completely Forgot Voiced Disney Characters“. Cosmopolitan. Архивирано од изворникот на 3 September 2020. Посетено на 30 April 2021.
  15. Horn, John (30 June 1995). 'Batman Forever' Bloodies 'Pocahontas'. Chicago Tribune. Архивирано од изворникот на 24 May 2015. Посетено на 24 May 2015.
  16. 'Knight's' Bale: Who is that masked man?“. CNN. 28 July 2008. Архивирано од изворникот на 25 March 2021. Посетено на 29 April 2021.
  17. Stack, Peter (14 May 1999). 'Dream' Interpretation / Stellar cast adds comic madness to lush, over-the-top 'Midsummer'. San Francisco Chronicle. Архивирано од изворникот на 24 October 2020. Посетено на 1 May 2021.
  18. „Кина: Глумецот Кристијан Бејл физички нападнат обидувајќи се да го посети Чен Гуангченг“. Global Voices на македонски. 26 февруари 2012. Посетено на 29 март 2012.