Ева Лонгорија
Ева Лонгорија | |
---|---|
Ева Лонгорија | |
Роден(а) | Ева Жаклин Лонгорија |
Активен | 2000-денес |
Сопружник | Тајлер Кристофер (2002-2004) Тони Паркер (2007-2010) |
Мреж. место | Официјално мрежно место |
Ева Жаклин Лонгорија (англиски: Eva Jacqueline Longoria; родена на 15 март 1975) е американска филмска и телевизиска глумица. Таа ја игра улогата на Габриел Солис во серијата на телевизијата ABC - „Очајни домаќинки“. Позната е и на меѓународно ниво како модел, појавувјќи се на насловните страници на бројни машки списанија. Лонгорија е исто така позната и по нејзината врска со кошаркарската НБА ѕвезда, плејмејкерот Тони Паркер со кого се омажи во 2007 година.
Животопис
[уреди | уреди извор]Младост и семејство
[уреди | уреди извор]Ева Лонгорија (полно име: Ева Жаклин Лонгорија), родена во Корпус Кристи, Тексас е ќерка на мексиканско-американско католичко семејство. Нејзините родители се Енрике Лонгорија Џуниор (роден во Брукс Каунти, Тексас) и Ела Ева Миралес. Ева потекнува од Јужно-мексиканските краеви, нејзините предци имигрирале во САД. Таа има три постари сестри: Елизабет Јудина, Емили Џенет и Есмералда Џосефина. Нејзиното семејство живеело и работело на мала фарма која ја наследиле од претходните генерации, и често имало финансиски проблеми. Ева им покажа на гледачите со какви тешкотии се соочувала кога растела во сиромашни услови во „Шоуто на Опра Винфри“ во 2006: таа однесе камери на локацијата на нејзината семејна фарма и покажа како тие живееле. Лонгорија призна дека семејството закрепнало финансиски кога таа се вклучила во шоу бизнисот.
Во едно интервју за списанието „Стоун Филипс“ (Stone Phillips) Лонгорија откри дека нејзините роднини ја нарекувале 'la prieta fea' што значи „грдата“. Основно училиште завршила во Marvin P. Baker Middle School. Средното училиште го завршила во Roy Miller High School, а титулата инженер по кинезиологија ја стекнала на Универзитетот Texas A&M University-Kingsville. Во текот на тој период ја стекнала титулата Мис Корпус Кристи, САД во 1998. По завршувањето на колеџот, Лонгорија учествуваше на талент-натпревар кој ја однесе во Лос Анџелес, Калифорнија. Кратко време потоа, беше забележана од „ловец на таленти“ (агент), по што нејзината кариера се движеше по нагорна линија. Денес, некои од нејзините роднини сѐ уште живеат во Корпус Кристи и таа сѐ уште се враќа дома да ги посети.
Личен живот
[уреди | уреди извор]Ева Лонгорија била мажена за ѕвездата од серијата „Генерална болница“ (General Hospital) Тајлер Кристофер (англиски: Tyler Christopher) во периодот од 20 јануари 2002 до 19 јануари 2004. Исто така љубовно била поврзувана со писателот Милан Гресанин, Бенџамин Дудаш (танчер за групата N'SYNC), глумецот Моусир Саид и со ѕвездата од серијата „Животот каков што го знаеме“ (Life As We Know It) Шон Фарис (иако и Фарис и Лонгорија ја негираа оваа врска).
Како и повеќето Тексашани и Ева е страстен навивач на кошаркарскиот НБА клуб Сан Антонио Спарс и редовно ги следи сите нивни натпревари. На 30 ноември 2006 година Ева се вери со плејмејкерот на Сан Антонио Спарс Тони Паркер. Официјално се венчаа на 6 јули 2007 година во Париз. Засега парот не планира да го прошири семејството, бидејќи како што вели Ева, сака да се сконцентрира на својата кариера и мајчинството може да почека. Во најновата сезона на „Очајни домаќинки“ на најавната шпица се појавува како Ева Лонгорија Паркер.
Во Септември 2007, Ева отвори сопствен ресторан во Лос Анџелес кој се вика Beso (Бакнеж). Прогласена е и за една од „Најсекси сопруги на спортисти во 2007“ од страна на COED Magazine Online.
Кариера
[уреди | уреди извор]Првата телевизиска улога Ева ја добила во 2000 како гостувачка ѕвезда во една епизода од серијата Беверли Хилс 90210. Појавувањето во епизодна улога во серијата „Генерална болница“ (General Hospital) и донесе поголема улога во популарната американска сапуница „Млади и неуморни“, во која ја толкуваше улогата на психотичната Изабела Брања Вилијамс. Во оваа серија глумеше во периодот од 2001 до 2003. Списанието „People en Español“ ја вклучи во списокот на „Најубави луѓе“ за 2003. По напуштањето на „Млади и неуморни“ се вклучи во проектот Dragnet. Иако оваа серија траеше само 2 сезони, сепак и овозможи на Ева да добие главни улоги во други проекти. После Dragnet, Ева учествуваше во две продукции - во „Госпоѓица Правда“ (Señorita Justice) и во телевизискиот филм „Мртвите ќе кажат“ (The Dead Will Tell). Во 2004, Лонгорија доби улога која ја однесе директно на А-листата. Таа ја реализира улогата на Габриел Солис во светскиот хит на ABC, телевизиската серија „Очајни домаќинки“. Како што серијата сè повеќе стануваше популарна, кариерата на Лонгорија одеше по нагорна линија. Но, таа не сметаше дека нејзината кариера штотуку започнала. „Мислам дека е смешно кога луѓето велат дека јас сум прекуноќна сензација, затоа што работам како глумица веќе 10 години“ изјави Лонгорија.
Во 2005 Ева беше номинирана за Златен глобус за „Најдобра глумица во телевизиски серии - Мјузикл или Комедија“. Иако не ја доби оваа награда, сега беше наградена со престижната ALMA AWARD и беше прогласена за глумица на годината. Исто така глумеше и во трилерот „Сентинел“ (The Sentinel) заедно со Мајкл Даглас и Кифер Сатерленд, во кој ја имаше првата поголема улога во сериозен филм. Таа и понатаму беше вклучувана во листите на „Најубавите од Холивуд“ и беше на врвот на листата „Најжешките женски ѕвезди за 2005 и 2006“, на тој начин станувајќи прва жена на врвот од оваа листа во две последователни години. Во нејзиниот најнов филм, Harsh Times, таа ја игра улогата на Силвија а филмски партнери и се Фреди Родригес и Кристијан Бејл.
Во 2006, Лонгорија се појави во спотот на Џесика Симпсон за песната "A Public Affair" заедно со Кристина Милијан, Кристина Аплгејт, Рајан Сикрест, Марија Менонос и Енди Дик. Таа ја доби и наградата People's Choice за најдобра телевизиска глумица. Исто така ја доби и наградата Bambi во Германија за најдобра телевизиска глумица. Во јануари 2007, Ева беше одбрана да биде заштитно лице за Bebe Sport. Таа исто така е и заштитно лице на L'Oreal.
Во 2007 секоја од глумиците од екипата на „Очајни домаќинки“ го продолжи својот договор со ABC на четири години, вреден 40 милиони долари.
Хуманитарна работа
[уреди | уреди извор]Ева Лонгорија ја оформи хуманитарната организација „Хероите на Ева“ (Eva's Heroes), која им помага на децата со пречки во развојот. Лонгорија исто така ја поддржува Фондацијата "Clothes Off Our Back", помага и во Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца, проектот HOME и во истражувачката болница St. Jude Childrens.
Филмографија
[уреди | уреди извор]Година | Наслов |
---|---|
2001 | Телевизиски серии
|
2003 | Телевизиски серии
Нискобуџетни филмови
|
2004 |
Телевизиски серии Телевизиски филмови
Нискобуџетни филмови
|
2005 |
|
2006 |
|
2007 |
|
2008 |
|
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Ева Лонгорија на IMDB на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Официјално мрежно место Архивирано на 15 октомври 2008 г.
- Мрежно место за Ева Лонгорија Архивирано на 11 октомври 2007 г.
- Мрежно место за Ева Лонгорија Архивирано на 22 октомври 2007 г.
|