Прејди на содржината

Сан Антонио Спарс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сан Антонио Спарс
Сан Антонио Спарс лого
Сан Антонио Спарс лого
КонференцијаЗападна Конференција
ДивизијаЈугозападна дивизија
Основан1967
ИсторијаСан Антонио Спарс (1976-сѐ уште)
АренаАТ&Т Центар
ГрадСан Антонио
Тимски бои              
Сопственик/циПитер Холт
Генерален менаџерР. С. Бафорд
ТренерГрег Попович
Шампиони4 (1999, 2003, 2005, 2007,2014)
Конференциски титули5 (1999, 2003, 2005, 2007, 2013)
Дивизиски титули19 (1978, 1979, 1981, 1982, 1983, 1990, 1991, 1995, 1996, 1999, 2001, 2002, 2003, 2005, 2006, 2009, 2011, 2012, 2013)
Пензионирани броеви7 (00, 6, 12, 13, 32, 44, 50)
Мрежно местоspurs.com
Дома jersey
Team colours
Дома
Гости jersey
Team colours
Гости


Сан Антонио Спарс (англиски: San Antonio Spurs) е професионален кошаркарски тим со седиште во градот Сан Антонио, Тексас. Тие се членови на Југозападната дивизија од Западната Конференција во НБА. Клубот бил основан во Далас, но во 1973 година се преселил во Сан Антонио, а од 1976 настапува во НБА лигата.

Оваа организација има освоено пет шампионски пехари,[1] со што е четвртата најуспешна франшиза на сите времиња во американската професионална кошарка. Во нивното повеќедецениско учество во елитната кошаркарска лига, само четири пати се немаат пласирано во плеј-оф завршницата. Тие ја држат најдолгата низа на последователни плејоф учества (16), како и најдолгата низа на сезони со преку 50 победи во регуларниот дел (14).[2]

Тимот од клупата го предводи Грег Попович. Спарс имаат долга играчка традиција, но можеби најпознато дуо во нивната историја е центарскиот двоец Дејвид Робинсон и Тим Данкан, познат и како „кулите Близначки“. По пензионирањето на Робинсон, на сцена стапила „големата тројка“ сочинета од Данкан, Тони Паркер и Ману Џинобили. Овие тројца играчи биле носечкиот столб на екипата во изминатата деценија, во која четири пати играле во големото финале.

Низ текот на годините, Спарс израснале во силни конкуренти на Лос Анџелес Лејкерс и Далас Маверикс за доминација на Западот. Во новиот милениум, само овие три екипи ја претставувале Западната Конференција во Битката за шампионскиот прстен.[3]

Име Години Држава Височина Позиција
Бејтс-Диоп Кеита26 САД 2.03мкрило
Девонте Ккок25 САД2.01 мкрило
Зек Колинс24 САД2.08 мКрилен центар/Центар
Горан Драгиќ35 Словенија1,91плејмејкер
Келдон Џонсон22 САД2.03 мбек/крило
Тре Џонс22 САД1.91мбек
Џок Лендејл26Австралија Австралија2.11мЦентар
Ромео Лангфорд22 САД1.93мбек/крило
Даг МекДрмот30 САД2,01мкрило
Дежонтеј Мари25 САД1.93мплејмејкер
Јакоб Пртл26 Австрија2.16мЦентар
Џошуа Примо19 Канада1.98мбек
Џош Ричардсон28 САД1.96мбек/крило
Томас Саторански30 Чешка2.01мбек
Девин Весел21 САД1.96мбек/крило
Лоние Вокер 23  САД 1.93м бек/крило
Џо Вискамп 22  САД 1.98м бек/крило
  1. „Спарси шампиони на НБА“. Он Нет. 15 јуни 2007. Посетено на 30 мај 2013.[мртва врска]
  2. Lee, Michael (15 јуни 2007). „For Spurs, a Familiar Ring“. The Washington Post. стр. E01. Посетено на 17 јули 2009.
  3. „Сан Антионио Спарс шампиони во НБА“. Дојче Веле. 15 јуни 2007. Посетено на 30 мај 2013.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]