Торонто Репторс
Торонто Репторс | ||||||
Конференција | Источна Конференција | |||||
Дивизија | Атланска дивизија | |||||
Основан | 1995 | |||||
Историја | Торонто Репторс (1995-сѐ уште) | |||||
Арена | Ер Кенада Центар | |||||
Град | Торонто, Канада | |||||
Тимски бои | ||||||
Сопственик/ци | Maple Leaf Sports & Entertainment | |||||
Генерален менаџер | Брајан Коланџело | |||||
Тренер | Двејн Кејси | |||||
Шампиони | Никогаш | |||||
Конференциски титули | 0 | |||||
Дивизиски титули | 1 (2007) | |||||
Мрежно место | raptors.com | |||||
|
Торонто Репторс (англиски: Toronto Raptors) е единствениот канадски тим во Националната Кошаркарска Асоцијација, позициониран во Торонто, Онтарио, во југоисточна Канада. Тимот беше формиран во 1994 како дел од проширувањето на НБА во Канадските градови Торонто и Ванкувер. Во 2001, Ванкувер Гризлис се преселија во Мемфис, Тенеси, оставајќи го Торонто единствен канадски тим во НБА. Најголемо достигнување на тимот беше стигнувањето во полуфиналето на Источната конференција во 2001. Прва звезда на тимот беше Винс Картер, познат за неговите воздишнувачки забивања. Во сезоната 2006-2007 главен тренер беше Сем Мичел, а најголема ѕвезда во екипата беше Крис Бош.
Сезона 2006/2007[уреди | уреди извор]
Сезоната 2006/2007 беше стандардна бајка-сезона, започнувајки со слаби играчи во пред-сезоната, земање на многу нови играчи од страна на менаџерот Брајан Коланџело, кој го драфтува и младиот Италијанец Андреа Барњани.[1] „Репторси“ во оваа сезона го изедначија победничкиот рекорд на тимот на сите времиња со 47 победи и 35 порази. На чело со Крис Бош, поддржан од Т.Џ. Форд, Хорхе Гарбахоса, Ентони Паркер и Андреа Барњани.[2] За првпат во 5 години, Рапторс го освоија 3. место во Источната конференција, а играа во разигрувањето на НБА, каде што беа поразени од Њу Џерси Нетс 4-2 во серија до 4 добиени, во првата рунда на разигрувањето.
Сезона 2007/2008[уреди | уреди извор]
„Рапторси“ во оваа сезона станаа послаби наместо подобри, и собраа биланс на 41 победа и 41 пораз. Ова се атрибуираше на неиграњето на Хорхе Гарбахоза и слабата сезона на првиот пик на драфтот Андреа Барњани. Сепак, се изборија за 6то место во истокот, и играа во разигрувањето на НБА, каде што пак беа поразени во првата рунда на разигрувањето, од Орландо Меџик со 4-1 во серија до 4 добиени.
Составот во 2007/2008[уреди | уреди извор]
Име | Роден | Држава | Височина | Позиција |
---|---|---|---|---|
Андреа Барњани | 1985 | ![]() |
213 cm | крило/центар |
Масео Бастон | 1975 | ![]() |
208 cm | крило |
Крис Бош | 1984 | ![]() |
208 cm | крило/центар |
Примож Брезец | 1979 | ![]() |
216 cm | бек |
Хорхе Гарбахоса | 1977 | ![]() |
206 cm | крило |
Џои Грахам | 1982 | ![]() |
201 cm | крило |
Карлос Делфино | 1982 | ![]() |
198 cm | крило |
Хосе Калдерон | 1981 | ![]() |
191 cm | бек |
Џејсон Капоно | 1981 | ![]() |
203 cm | крило |
Дерек Мартин | 1971 | ![]() |
180 cm | бек |
Џамарио Мун | 1980 | ![]() |
203 cm | крило |
Радослав Нестеровиќ | 1976 | ![]() |
213 cm | центар |
Ентони Паркер | 1975 | ![]() |
198 cm | крило |
Т.Џ. Форд | 1983 | ![]() |
177 cm | бек |
Крис Хамфрис | 1985 | ![]() |
206 cm | крило/центар |
Сезона 2008/2009[уреди | уреди извор]
Летото 2008, така-наречена оф-сезона, започна со голема размена со Индијана Пејсерс. Торонто ги доби Џермејн О'Нил и младиот Австралијанец Нејтан Џовеј, а ги даде Т.Џ. Форд, Рашо Нестеровиќ, Матео Бастон и младиот Рој Хиберт. Карлос Делфино го напушти тимот како слободен агент, и покрај многу гласини дека се сели во Грција, Ентони Перкер остана во Торонто. Исто така, Примож Брезец и Дерик Мартин заминаа како „слободни агенти“.
Составот во 2008/2009[уреди | уреди извор]
Име | Роден | Држава | Височина | Позиција |
---|---|---|---|---|
Хасан Адамс | 1984 | ![]() |
193 cm | бек/крило |
Андреа Барњани | 1985 | ![]() |
213 cm | крилен центар |
Крис Бош | 1984 | ![]() |
208 cm | крилен центар |
Џои Греам | 1982 | ![]() |
201 cm | крило |
Хосе Калдерон | 1981 | ![]() |
191 cm | бек |
Џејсон Капоно | 1981 | ![]() |
203 cm | крило |
Џамарио Мун | 1980 | ![]() |
203 cm | крило |
Џермејн О'Нил | 1978 | ![]() |
211 cm | центар |
Антони Паркер | 1975 | ![]() |
198 cm | крило |
Вил Соломон | 1978 | ![]() |
188 cm | бек |
Роко Укиќ | 1985 | ![]() |
198 cm | плејмејкер |
Крис Хамфрис | 1985 | ![]() |
206 cm | крилен центар |
Нејтан Џовеј | 1986 | ![]() |
208 cm | центар |
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Raptors re-sign star forward Chris Bosh to contract extension“, nba.com, 14 јули 2006, проверено на 9 мај 2011.
- ↑ „Raptors Name Gherardini To Basketball Staff“, nba.com/raptors, 22 јуни 2006, проверено на 17 јуни 2007.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Торонто Репторс“ на Ризницата ? |
- Официјалната страница на екипата
- Торонто Репторс на basketball-reference.com Архивирано на 28 јули 2012 г.
- Блог на Торонто Репторс
Ајзеја Томас • Глен Грунвалд • Јек Меклоски (вршител) • Роб Бабкок • Вејн Ембри (вршител) • Брајан Коланџело