НБА Ол-стар натпревар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

НБА игра со сите везди ( англиски: NBA All-Star Game ) е специјален натпревар кој се игра секоја година за време на Ол-стар викендот во НБА и е нејзин врв. На овој натпревар најдобрите играчи на Источната конференција и Западната конференција ја ги одмеруваат своите сили. За време на овој натпревар се носат специјални дресови и е вистински спектакл и лек за сите љубители на кошарката . Играта се одржала за првпат на 2 март 1951 година во Бостон Гарден ( Бостон, Масачусетс ) и од тогаш не се играла само во сезоната 1998/99.

Учество и формат[уреди | уреди извор]

Учеството во натпреварот се определува со гласање на навивачите и гласовите на главните тренери на секој тим од лигата. Гласањето на навивачите ги одредува почетните постави на двата тима. Играчите кои имаат најмногу гласови за својата позиција добиваат место во почетната петорка, додека резервите се определуваат со гласовите на тренерите на сите екипи од конференцијата во која игра тимот. На тренерите не им е дозволено да гласаат за своите играчи. Доколку некој играч е повреден и не е во можност да учествува во мечот, комесарот определува замена.

Други интересни работи[уреди | уреди извор]

  • На пет натпревари се играле дополнителни 5 минути (1954, 1980, 1984, 1987 и 1993 година), а во еден дури 10 минути (2003).
  • 39 различни градови биле домаќини на Ол стар викендот.
  • Домаќини биле 24 различни земји, најчесто Калифорнија (9 пати).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]