Прејди на содржината

Хјустон Рокетс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хјустон Рокетс
Хјустон Рокетс лого
Хјустон Рокетс лого
КонференцијаЗападна Конференција
ДивизијаЈугозападна дивизија
Основан1967
ИсторијаСан Диего Рокетс (1967–1971)
Хјустон Рокетс (1971-сѐ уште)
АренаТојота Центар
ГрадХјустон (Тексас), САД
Тимски бои                   
Сопственик/циТилман Фертита
Генерален менаџерРафаел Стоун
ТренерСтивен Силас
Шампиони2 (1994, 1995)
Конференциски титули4 (1981, 1986, 1994, 1995)
Дивизиски титули4 (1977, 1986, 1993, 1994)
Пензионирани броеви6 (22, 23, 24, 34, 45, CD)
Мрежно местоrockets.com
Дома jersey
Team colours
Дома
Гости jersey
Team colours
Гости


Тојота центар
Хјустон Рокетс против Јута Џез

Хјустон Рокетс (англиски: Houston Rockets) се американски професионален кошаркарски тим од градот Хјустон, Тексас. Тимот се натпреварува во Западна Конференција во Националната Кошаркарска Асоцијација (НБА). Тимот бил основан во 1967 година под името Сан Диего Хјустон, и под ова име се задржал до 1971 година, кога го добил денешното име.[1]

Рокетс биле формирани во 1967 во Сан Диего, а потоа биле откупени од Роберт Брејтбард за 1,75 милиони долари. Името Рокетс го добиле по програмата за ракети на General Dynamics-Атлас.[2] Џек Мек Махон бил наменет за тренер на Рокетс, а првиот пик од драфтот во 1967 бил следниот член на куќата на славните-тренерот Пет Рајли. Како и да е, следно нешто за Рокетс било губење на 67 натпревари, што за тоа време бил рекорден број на порази во една НБА сезона.

Во првата сезона тимот има победено само на 15 натпревари. Но по драфтот на Елвин Хејс во 1969, тимот ги игра првите плеј-оф натпревари. Кога Хејс си заминал од тимот, на негово место доаѓа Мозес Малоун за да го замени. Малоун за тоа време освоил 2 МВП награди за најдобар играч во сезоната и го одвел тимот на првото финале во конференцијата. Тој исто така го одвел Хјусон во неговото прво финале во 1981 година, каде што изгубиле во 6 натпревари од тимот на Бостон Селтикс

Во 1984, Рокетс го драфтувале идниот член на НБА Куќата на славните Хаким Олајџувон кој ги однел во финале во 1986, каде изгубиле повторно од тимот на Бостон. Во следните 7 сезони, тимот губел во првата рунда во плеј-офот 5 пати.[3] Тие не го освоиле своето прво првенство сѐ до 1994. Тие ја повторуваат шампионската сезона и во 1995. Но, Рокетс отсуствуваат од плеј-оф натпревари од 1993-2003. Тие не стигнале до плеј-офот, сѐ додека не го драфтувале кинескиот центар Јао Минг, и не поминуваат во првата рунда во плеј-офот сè до 2009.

Име Години Држава Височина Позиција
Џош Кристофер20 САД1.91мбек
Бруно Фернандо23Ангола Ангола2.06мКрилен Центар/Центар
Усман Гаруба19 Шпанија2.03мКрилен Центар
Ерик Гордон33 САД1.91мбек/крило
Џејлен Грин20 САД1.93мбек
Кењон Мартин Jr.21 САД1.98Мкрило/Крилен Центар
Гарисон Метјувс25 САД1.96мбек
Даишен Никс20 САД1.93мплејмејкер
Давид Нваба29 САД1.96мбек/крило
Кевин Портер Jr.21 САД1.93мбек/крило
Тревелин Квин24 САД1.98мбек
Денис Шрудер28 Германија1.85мплејмејкер/бек
Алперен Шенгјун19 Турција2.08мЦентар
Џеј'Шон Тејт26 САД1.96мкрило/Крилен Центар
Џон Вол31 САД1.91плејмејкер/бек
Кристијан Вуд 26  САД 2.11 Крилен Центар/Центар
  1. „Owners, fans waited years before Rockets took off“. Houston Chronicle. 20 септември 2001. Посетено на 13 мај 2008.
  2. „Going Retro: Houston Rockets are better than the lakers“. NBA.com. Посетено на 13 мај 2008.
  3. „1989 NBA Playoff Summary“. Basketball-Reference.com. Архивирано од изворникот на 2015-11-26. Посетено на 19 февруари 2009.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]