Мајами Хит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мајами Хит
Мајами Хит лого
Конференција Источна Конференција
Дивизија Југоисточна дивизија
Основан 1988
Историја Мајами Хит (1988-сѐ уште)
Арена Американ Ерлајнс Арена
Град Мајами (Флорида)
Тимски бои                    
Сопственик/ци Мики Арисон
Генерален менаџер Енди Елсибург
Тренер Ерик Споелстра
Шампиони 2 (2006, 2012)
Конференциски титули 3 (2006, 2011, 2012)
Дивизиски титули 10 (1997, 1998, 1999, 2000, 2005, 2006, 2007, 2011, 2012, 2013)
Пензионирани броеви 3 (10, 23, 33)
Мрежно место heat.com
Kit body basketball.png
Дома jersey
Team colours
Дома
Kit body basketball.png
Гости jersey
Team colours
Гости


Мајами Хит (англиски: Miami Heat) е професионален кошаркарски тим од Мајами (Флорида). Тие се членови на Југоисточна дивизија од Источната Конференција на НБА лигата. Нивен генерален менаџер е Пет Рајли, додека на кормилото седи Ерик Споелстра.

Организацијата била основана во 1988 и истата година се приклучила во најсилната американска лига. Тие важат за една од поуспешните екипи на Истокот, освојувајќи две шампионски титули во 2006 и 2012.[1][2] Нивната вредност е проценета на 625 милиони долари, што ги прави шестата најскапа кошаркарска екипа во САД.[3] Сезоната 2012/2013 Хит забележале победничка серија од 27 натпревари, втора најдолга победничка низа по онаа на ЛА Лејкерс од 33 добиени натпревари.[4]

Пресвртен момент во нивното постоење бил преодниот рок 2010, кога Леброн Џејмс и Крис Бош му се придружиле на Двејн Вејд да го формираат ударното трио на составот. По големите трансфери Мајами двапати се пласирале во големото финале, од кои еднаш го освоиле златниот прстен.[5]

Состав[уреди | уреди извор]

Име Години Држава Височина Позиција
Бем Адебајо 24  САД 2.06м Центар/Крилен Центар
Џими Батлер 32  САД 2.01м крило
Дивејн Дедмон 32  САД 2.13м Центар
Кајл Гај 24  САД 1.85м бек
Удонис Хаслем 41  САД 2.03м Крилен Центар
Тајлер Хиро 22  САД 1.96м бек
Хејвуд Хајсмит 25  САД 1.93м крило
Кајл Лаури 35  САД 1.83м плејмејкер
Кејлеб Мартин 26  САД 1.96м крило
Маркиф Морис 32  САД 2.06м Крилен Центар
Виктор Оладипо 29  САД 1.93м бек
Данкан Робинсон 27  САД 2.01м бек/крило
Џавонте Смарт 22  САД 1.93м плејмејкер
Мах Струс 25  САД 1.98м бек/крило
Пи.Џеј. Такер 36  САД 1.96м крило/Крилен Центар
Гејб Винсент 25 Нигер Нигер 1.91м плејмејкер
Омер Јуртсевен 23  Турција 2.13м Центар

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]