Финикс Санс
| Финикс Санс | ||||||
|
| ||||||
| Конференција | Западна Конференција | |||||
| Дивизија | Тихоокеанска дивизија | |||||
| Основан | 1968 | |||||
| Историја | Финикс Санс (1968–) | |||||
| Арена | Центар „УС Ервејс“ | |||||
| Град | Финикс (Аризона), САД | |||||
| Тимски бои | ||||||
| Сопственик/ци | Роберт Сарвер | |||||
| Генерален менаџер | Џејмс Џонс | |||||
| Тренер | Монти Вилијамс | |||||
| Шампиони | Никогаш | |||||
| Конференциски титули | 2 (1976, 1993) | |||||
| Дивизиски титули | 6 (1981, 1993, 1995, 2005, 2006, 2007) | |||||
| Мрежно место | suns.com | |||||
| ||||||


Финикс санс (англиски: Phoenix Suns) се професионален кошаркарски тим сместен во Финикс, Аризона. Тие се членови на Тихоокеанската дивизија (Западна конференција) во НБА. центарот „УС Ервејс“ (англиски: US Airways Center) го користат како домашен стадион од 1992. Санс биле особено успешни откако почнале да играат како нов тим во 1968. За четириесет и една година играње тие успеале да влезат осум пати во полуфиналето на НБА плејофот. И покрај тоа што играат успешно четири децении, тие немаат освоено ниту една НБА титула.[1]
Санс биле едни од два тима што влегле во НБА на стартот на сезоната во 1968-69, заедно со Милвоки Бакс. Финикс Санс бил првиот професионален тим од прва лига од државата Аризона.[2]
Во 1992, Санс се преместиле во новата арена, во која се и ден денес. Истата година во Финикс не била само арената ново нешто, туку го земале и Чарлс Баркли од Филаделфија. Тој со Финикс во 1993, ја освоил неговата прва и единствена МВП титула.
Под водството на Пол Вестфал, со помош на Баркли, Мејирли, Џонсон и Ејнџи победија на 62 натпревари. Во плејофот стигнале до финалето, и изгубиле од Чикаго Булс, со Мајкл Џордан и Скоти Пипен.
За сезоната 2000-01, Финикс Санс претставиле три нови аблеми. Два од овие биле само малку сменети од претходните, со помодерен дизајн и додавање на сивата боја.
Состав
[уреди | уреди извор]| Име | Години | Држава | Височина | Позиција |
|---|---|---|---|---|
| Диандре Ејтон | 23 | 2.11м | Центар | |
| Бизмек Бијомбо | 29 | 2.03м | Центар | |
| Девин Букер | 25 | 1.96м | бек | |
| Микал Бриџес | 25 | 1.98м | крило | |
| Тори Крег | 31 | 2.01м | бек/крило | |
| Џеј Краудер | 31 | 1.98м | крило/Крилен Центар | |
| Ерон Холидеј | 25 | 1.83м | плејмејкер | |
| Камерон Џонсон | 25 | 2.03м | крило | |
| Френк Камински | 28 | 2.13м | Крилен Центар/Центар | |
| Џавел Мекги | 34 | 2.13м | Центар | |
| Крис Пол | 36 | 1.83м | плејмејкер | |
| Камерон Пејн | 27 | 1.85м | плејмејкер | |
| Елфрид Пејтон | 27 | 1.91м | плејмејкер | |
| Дарио Шариќ | 27 | 2.08м | Крилен Центар | |
| Ландру Шемет | 24 | 1.93м | бек | |
| Ишмаил Вeјнрајт | 27 | 1.98м | Крилен Центар |
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Финикс Санс на ЕСПН
- Историјат на НБА финалиња
- Suns.com (официјално мрежно место)
- Финикс Санс на Basketball-Reference.com Архивирано на 19 јуни 2012 г.
