Најкорисен играч во НБА
Најкорисен играч на НБА (англиски: NBA Most Valuable Player Award или скратено NBA MVP) или МВП е годишна награда во НБА лигата која се додеделува секоја сезона почнувајќи од сезоната 1955-1956 на најдобриот играч во регуларниот дел од сезоната. Наградата е наречена „Морис Подолоф трофеј“, именувана по првиот комесар на НБА (од 1946 до 1963 година). До сезоната 1979-1980, МВП играчот бил избран со гласање на НБА играчите, а од сезоната 1980-1981 добитникот на наградата го одлучува панел на спортски новинари и радиодифузери низ САД и Канада.
Секој член на гласачкиот панел бира 5 играчи кој ги рангира од прво до петто место. Секој глас за прво место вреди 10 бода; секое гласање за второто место вреди седум; гласот за трето место вреди пет бода, четвртото место вреди три, а петтото место вреди само еден бод. Почнувајќи од 2010 година, вклучено е и едно гласачко ливче од страна на навивачите преку гласање на интернет. Играчот со најголем број бодови ја освојува наградата.[1] Актуелен носител на наградата е Јанис Адетокунбо од Милвоки Бакс.
Карим Абдул Џабар ја има освоено оваа награда 6 пати, а Бил Расел и Мајкл Џордан се веднаш зад него со по 5 награди. Германецот Дирк Новицки е првиот Европеец кој ја има добиено наградата и заедно со Јанис Адетокунбо се единствените Европејци досега. Покрај нив, од странските играчи само уште Хаким Олајџувон од Нигерија и Стив Неш од Канада ја имаат добиено оваа награда. Досега само двајца руки играчи ја освоиле наградата: Вилт Чемберлен во 1959-1960 и Вес Анселд во 1968-1969.
Победници
[уреди | уреди извор]







| ^ | Означува играчи кој се сè уште активни и играат во НБА |
| * | Вклучен во Кошаркарската Куќа на славните |
| Означува играч чиј тим го освоил првенството таа година | |
| Играч (X) | Означува број на пати по кој играчот ја добил наградата за МВП |
| Тим (X) | Означува број на пати по кој играч од тој тим ја добил наградата за МВП |
Повеќекратни добитници
[уреди | уреди извор]| Место | Играч | Тим(ови) | Бр. | Години |
|---|---|---|---|---|
| 1 | Карим Абдул-Џабар | 6 | 1971, 1972, 1974, 1976, 1977, 1980 | |
| 2 | Бил Расел | 5 | 1958, 1961, 1962, 1963, 1965 | |
| Мајкл Џордан | 1988, 1991, 1992, 1996, 1998 | |||
| 4 | Вилт Чемберлен | 4 | 1960, 1966, 1967, 1968 | |
| Леброн Џејмс | 2009, 2010, 2012, 2013 | |||
| 6 | Моузес Малоун | 3 | 1979, 1982, 1983 | |
| Лари Берд | 1984, 1985, 1986 | |||
| Меџико Џонсон | 1987, 1989, 1990 | |||
| 9 | Боб Петит | 2 | 1956, 1959 | |
| Карл Малоун | 1997, 1999 | |||
| Тим Данкан | 2002, 2003 | |||
| Стив Неш | 2005, 2006 | |||
| Стефен Кари | 2015, 2016 | |||
Нотес
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 5 6 Пред почетокот на сезона 1971-1972, Луј Алсиндор го сменил своето име во Карим Абдул-Џабар.[3]
- ↑ Хаким Олајџувон е роден во Нигерија, но земал американско државјанство во 1993 година. Тој бил првиот странски играч кој ја добил наградата.[4]
- ↑ Карл Малоун, на возраст од 35 години и 284 дена на крајот на регуларниот дел од сезоната, тој е најстариот МВП во историјата на НБА.[5]
- 1 2 Тим Данкан е роден на Девствените острови и има американско државјанство,[6] сепак НБА го смета за странски играч.[7]
- 1 2 Стивен Неш е роден во Јужноафриканската република, но израснал во Канада.[8]
- ↑ Дерик Роуз, на возраст од 22 години и 191 ден на крајот на регуларниот дел од сезоната, е најмладиот МВП во историјата на НБА лигата.[9]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „LeBron receives 116 first-place votes“. ESPN.com. May 2, 2010. Посетено на May 2, 2010.
- ↑ „Stephen Curry wins MVP for second straight season“. ESPN.com. May 11, 2016. Посетено на May 30, 2018.
- ↑ „Kareem Abdul-Jabbar Bio“. NBA.com. Turner Sports Interactive, Inc. Посетено на August 4, 2008.
- ↑ „Hakeem Olajuwon Bio: 1992-93“. NBA.com. Turner Sports Interactive, Inc. Архивирано од изворникот на May 16, 2008. Посетено на June 15, 2008.
- ↑ „Karl Malone 1998-99 game log“. basketball-reference.com. Архивирано од изворникот на 2017-07-14. Посетено на October 2, 2016.
- ↑ „Virgin Islands“. CIA World Factbook. Архивирано од изворникот на 2020-04-26. Посетено на August 12, 2008.
- ↑ „NBA Players from around the world: 2005-2006 Season“. NBA.com. Turner Sports Interactive, Inc. Посетено на March 13, 2011.
- ↑ McPeek, Jeramie. „The Canadian Kid“. NBA.com (from Fastbreak Magazine of Sept./Oct. 1996). Turner Sports Interactive, Inc. Посетено на April 22, 2009.
- ↑ „Derrick Rose 2010-11 game log“. basketball-reference.com. Архивирано од изворникот на 2018-03-17. Посетено на October 2, 2016.