Тони Паркер
'Вилијам Ентони' " 'Тони' " 'Паркер Јуниор' (роден на 17 мај 1982) е француски професионален кошаркар и играч на Сан Антонио Спарс во Националната кошаркарска асоцијација (НБА). Син на професионален кошаркар, Паркер играше две години во француската национална лига пред да влезе во НБА во 2001 година. Тој беше избран од страна на Сан Антонио Спарс како 28 пик на НБА драфтот и многу брзо стана нивниот клучен играч. Паркер има освоено четири НБА Финалиња во 2003, 2005, 2007 и во 2014 година НБА финале од кои сите беа со Сан Антонио Спарс.
Со својата брзина и висок процент на шут од поле, Паркер е именуван на шест НБА Ол-стар натпревари, три НБА Втори тимови, и еднаш во НБА Третот тим. Тој исто така во 2007 година беше дел од МВП на НБА финалето. Во вториот круг на Плејофот во 2017 година тој доживеа сериозна повреда на левата квадрицепс тетива што тоа беше крај за неговата сезоната.
Настапува за француската кошаркарска репрезентација, Паркер беше прогласен за МВП на Евробаскетот 2013 по победата на неговиот тим над Литванија[1] во мечот за златен медал.Тој го заврши турнирот со 19 поени по натпревар .[2] Во 2015 година, тој стана водечки стрелец во натпреварите на Евробаскетот на сите времиња.
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
| „Тони Паркер“ на Ризницата ? |
- Матична страница
- Статистика и информации за играчот од NBA.com, или Basketball-Reference.com
- FIBA Profile
- Tony Parker Player Profile (InterBasket)
- Тони Паркер на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)