Беверли Хилс, 90210
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Беверли Хилс, 90210 (Beverly Hills, 90210) е американска драмска серија која е емитувана од 4 октомври 1990 до 17 мај 2000 на Фокс во Сад, и последователно на многу тв мрежи нив светот. Тоа е прва под лиценца на Беверли Хилс, 90210. Шоуто го следи животот на група тинејџери, кои учат во измислената West Beverly High School, а по матурирање се запишуваат на Калифорнискиот Универзитет. Шоуто е создадено од Дарен Стар а произведено од Пол Робинсон. 90210 во насловот се однесува на градскиот зип код. Воведниот дел на шоуто е засновано на прилагодување и возбуда која близнаците Брендон (игран од Џејсон Присли) и Бренда Волш (играна од Шенон Доерти) ја преживуваат кога тие и нивни родители, Џим (игран од Џејмс Екхаус) и Синди (играна од Керол Потер) се селат од Минеаполис, Минесота во Беверли Хилс. Покрај пријателство и романтични врски на група тинејџери, во шоуто има многубројни теми, вклучувајќи ги силување на состанок, алкохолизам, домашно насилство, права на хомосексуалци, хомосексуално одгледување, тинејџерски самоубиства, сида, тинејџерска бременост, булимија и абортус. Серијата стана популарна во лето 1991 година, кога Фокс најави специјална летна сезона на шоуто додека други серии се репризираа. Гледаноста драстично порасна, а учесниците посебно Џејсон Присли и Лук Пери станаа тинејџерски идоли, додека серијата ќе ги направи глумиците Шенон Доерти, Џени Гарт и Тори Спелинг домаќински имиња во Сад.
Серијата започна со претставување на фамилијата Волш-Џим, Синди, Брендон и Бренда-кои неодамна се преселија од Минесота во Беверли Хилс, Калифорнија како резултат на работното унапредување на Џим. Во првата епизода Брендон и Бренда почнуваат да го посетуваат West Beverly High School каде се запознаваат со неколку пријатели: Кели Тејлор, Стив Сандерс, Андреа Зукерман, Дилан Меккеј, Дејвид Силвер, Скот Сканлон и Дона Мартин. Шоуто ги прати личните и професионални занимања на своите ликови низ полнолетсво, додека се внесени и неколку додатни одлики за напредокот на сезоната.
Заминувања
[уреди | уреди извор]Шенон Доерти го напушти шоуто на крајот на четвртата сезона. Нејзиниот лик, Бренда Волш беше напишано во шоуто како заминува во Лондон да се запише на академија за драмски уметности. Иако беше опишано дека отсутноста на овој лик ќе биде една година, таа никогаш не се врати, иако е спомнувана од време на време во преостанатите сезони. Беше сменета со бившата ѕвезда на Saved by the Bell-Тифани Амбер Тисен, која играше лик на лошата девојка Валери Мелоун.
- Габриел Картерис
Нејзиниот лик, Андреа Зукермен темелно се смени од средно училиште до колеџ. Во средно учулиште, Андреа беше паметен уредник на West Beverly Blaze, се заљубува во Брендон и тајно живее надвор од областа. За време на четвртата сезона, Андреа го напушта колеџот (подоцна пак продолжува за да стане лекар), станува бремена, и се мажи за некој што едвај го знае (Џес Васкес) пред крајот на годината. Додека бременоста била напишана по барање на Картерис за да ја влушат нејзината вистинска бременост, ова беше голема промена на нејзиниот лик, што прдеизвика изолираност од останатите ликови. Андреа Зукермен го напушта шоуто на крајот од петтата сезона затоа што конечно решава да оди на Јел. По завршување на вистински петгодишен договор, Картерис доброволно го напушта 90210 и прави самостојно шоу, кое трае една сезона. Картерис се враќа во 90210 како гостин за време на шеста, седма и десетта сезона.
- Џејмс Екхаус и Керол Потер
Двајцата глумци го напуштаат шоуто по петтата сезона на крајот од нивниот петгодишен договор. За време на средношколските денови во шоуто, Џим и Синди Волш играа споредни улоги, нудејќи совети на Бренда и Брендон, покрај нивните пријатели, но малку беа прикажувани сами (исклучок беше една епизода). Генерално го поминуваа времето на многуте работи што Бренда, Брендон и подоцна Валери ги правеа. Како шоуто влегуваше во деновите на колеџ а ликовите пораснаа, Џим и Синди беа ставени далеку во позадина, сведувајќи ги нивните потреби за родителски пропусти. Следени од петтата сезона, двата лика го напуштаат Беверли Хилс и заминуваат во Хонгконг, повремено појавувајќи се како гости во шеста, седма и осма сезона. Иако се мислеше дека сите Волшови го напуштија шоуто, нивниот дом продолжи да игра главна улога во серијата. Ова се објасни откако Брендон му кажа на Стив дека неговите родители му дадоа зелено светло за Стив да продолжи да живее во нивната куќа.
- Лук Пери
Лук Пери го напушти Беверли Хилс кон почетокот на шестата сезона. Ликот на Лук Пери, Дилан Меккеј планира да се ожени со Антониа Маршет (Ребека Гејхарт) ќерка на шеф на банда (Стенли Камел) кој го нарачува убиството на таткото на Дилан во третата сезона. На почетокот Дилан сакаше да ја искористи Антониа за да стигне до нејзиниот татко, но се заљубува во неа. Бидејќи нејзиниот татко не е задоволен од идејата неговата ќерка да се омажи за Дилан, нарачува и тој да биде убиен. Изнајмува платен убиец да го убие Дилан, но не сакајќи ја убива Антониа која ја вози колата на Дилан за време кога убиството било испланирано. Дилан е скршен и решава да го напушти градот. За време на сезоната каде Пери е отсутен, објаснето е дека Дилан се смирил со Бренда и заминува со неа во Лондон. Пери се враќа во деветтата сезона на шоуто, но како специјален гостин. На плажа и признава на Кели дека се вратил бидејќи му фалеле пријателите, но најмногу бидејќи му фалела таа.
- Џејсон Присли
Џејсон Присли го напушта шоуто на почеток на деветтата сезона. Но останува како извршен продуцент за 90210 до крајот на серијата. Во шоуто, Брендон сè уште закрепнува од прекинатата венчавка со Кели кога му е понудена работа во Вашингтон која ја прифаќа. Брендон беше последен член на фамилијата Волш кој го напушта Беверли Хилс, и единствена друга појава во серијата е видео за време на венчавката на Дона и Дејвид.
- Тифани-Амбер Тисен
Тифани Тисен ја замени Шенон Доерти по нејзино напуштање во четвртата сезона. Тиесен ја играше Велери Мелон, стара пријателка на фамилијата Волш од Бафало, Њујорк која се сели во старата соба на Бренда. Додека Валери е назначена како замена за Бренда, карактерите им се многу различни, па поради тоа Валери има лоша врска со повеќе учесници за време на нејзиниот престој во шоуто. Валери го напушта Беверли Хилс брзо по Брендон, кажувајќи дека ќе се врати во Бафало. Се враќа на крајот на серијата за свадбата на Дона и Дејвид.
Развој
[уреди | уреди извор]Пробните наслови за шоуто вклучувајќи го и Класот од Беверли Хилс и Потомак 20854, со ѕвезди во вистинско средно училиште, средно училиште Винстон Черчил во Потомак, Монтгомери, Мариленд-училиште со слична демографија на средното Беверли Хилс. Епизодите на шоуто се оригинални теми, сè додека продуцентот не одлучи шоуто да стане тинејџерска сапунска опера. Џени Гарт била на аудиција пет пати за улогата на Кели Тејлор и прва која беше сместена во шоуто. Габриел Картерис чувствувала дека е премногу стара да игра средношколски студент. Прво се пријавила за Бренда бидејќи мислела дека вистинскиот живот како близначка ќе и помогне, но продуцентот сметал дека подобра ќе биде во ликот на Андреа. Кога Тори Спелинг се пријави за шоуто, го користеше името Тори Мичел и се прија за улогата на Кели, но беше препознаена и ја доби улогата на Дона Мартин. Лимен Вард на почетокот го играше Џим Волш во пилотската епизода, но беше сменет со Џејмс Екхаус, и сцените беа исечени и преснимувани со Екхаус. Кристин Датило исто така се пријави за ликот на Бренда, но беше одбиена. Подоцна ќе гостува како Мелиса Кулиџ во епизода од првата сезона. Лук Пери се пријавил за улогата на Стив Сандерс, но веќе била дадена на Ијан Зиеринг. Имал намера да се појави само во една или две епизоди. Фокс на почетокот сакал да го вклучи во редовни, но Арон Спелинг чувствувал ралично и му доделил поголема улога за време на првите две години. Во првата сезона, кога Дона пробува да стане училиштен диџеј, наведена е како Дона Морган. Низ целата серија, нејзино име е Дона Мартин. Поради ова, мајката на Дона се викаше Ненси Мартин а ја играше глумицата Џордана Капра. Кога таа повторно беше воведена во втората сезона, се викаше Фелис мартин а ја играше глумицата Ен Гилспи до крајот на серијата. Теренс Форд и Артур Брукс го претставуваа таткото на Дилан, Џек Меккеј, во две епизоди пред Џош Тејлор да ја преземе улогата.
Снимање
[уреди | уреди извор]Серијата е направена во Van Nuys, Калифорнија. Во текот на 10 години додека серијата се правеше беше снимано комплекс на куќи во Van Nuys, надворешноста и внатрешноста на Пич Пит, паркингот и П.П.А.Д влезот на клубот сите беа сместени на блокот 15000 на улица Calvert во Van Nuys, Калифорнија. Необележан студиски влез сега се наоѓа на оваа адреса, но надворешноста циглена фасада на П.П.А.Д е сè уште видлива во сокакот. Студискиот зграден комплекс од тогаш е дом на различни проекти вклучувајќи ја сетијата Јерико, каде како гост се појави Џејмс Екхаус во една епизода. До февруари, 2010 серијата Melrose Place исто така е снимена во оригинално 90210 Калверт студио. Пост-продукциски услуги за Беверли Хилс 90210 беа под LaserPacific за сите сезони. Многу промени беа направени по пилотската епизода. Продуцентите прво користеа локација која беше користена само еднаш во пилотска епизода за куќата на Волш која се наоѓаше во Брентвуд, Калифорнија. По пилотската епизода куќата на Болш беше преместена во Алтадена, Калифорнија. Куќата користена како дом на Дилан во шоуто исто така се наоѓаше на Алтадена, Калифорнија, во исто соседство со домот на Волш. Три различни локации се искористени за предниот дел на Пич Пит во десетгодишната историја на шоуто. Оригинална локација беше користена само во првите неколку епизоди во првата сезона, булеварот Пико во Лос Ангелес. Беше сменетп на различна локација за останата прва сезона. Кога Пич Пит измислено беше демолиран во втората сезона, продуцентот го искористи Rose City Diner во Пасадена, Калифорнија да ја сними надворешноста за мафијашките состаноци, кое останува понатаму. Клубот Беверли Хилс на плажа се наоѓаше во Санта Моника, Калифорнија. Клубот на плажа искористен во шоуто беше исто место кое беше користено за една летна сезона на Saved by the Bell. Средното училиште Беверли Хилс всушност е сместено во поштенскиот код 90210. Има три поштенски кода во Беверли Хилс и најбогати домови се наоѓаат во 90210, но средното учулиште не беше. Како и да е, ликовите посетуваа целосно измислено Западен Беверли средно училиште, кое би можело да се наоѓа во било кој поштенски код. Снимањето на Западен Беверли средно училиште беше во Торенс, Калифорнија и Торенс средно училиште сместено во поштенски код 90501. Средното училиште Торенс исто така може да биде видено и во други шоуа како Buffy the Vampire Slayer. Ликовите подоцна почнаа да го посетуваат измислениот универзитет Калифорнија во четвртата сезона, и сцените околу универзитетскиот двор всушност беа снимени на Оксидентал колеџ во Егл Рок, Калифорнија. Куќата на плажа на Кели и Дона користена во шоуто е сместена на плажата Хермоса, Калифорнија. Ранчот Golden Oak надвор од Санта Кларита, Калифорнија исто така беше искористен за снимање
Навигатор
[уреди | уреди извор]Навигаторската епизода покажува како Брендон и Бренда возат кон Западен Беверли на нивниот прв училиштен ден. Насловната карта се покажува на екранот како повеќе видеа од Беверли Хилс се покажани. Во оваа епизода недостасува само Лук Пери, кој првото појавување го има во следната епизода „Зелена соба„. Користената музика подоцна е употребена во 2 и 3 сезона, и беше составена од Џон Д.Дејвис.
1 сезона
[уреди | уреди извор]Почетокот започнува со поштар кој оди кон домот на Волш во Минесота. Поштарот пишува да се препрати писмото на 953 HillCrest Drive, Беверли Хилс, Калифорнија (по неколку епизоди ова писмо е отстрането). Тогаш, снимка од серијата за секој учесник заедно со нивните имиња. Последни неколку сцени се фамилијата Волш заедно. Темата е составена од Џон Е. Дејвис а дизајнирано од Кети Бројлс. Членови во оваа верзија се Џејсон Присли, Шенон Доерти, Џени Гарт, Ијан Зиеринг, Габриел Картерис, Лук Пери, Брајан Остин Грин, Даглас Емерсон, Тори Спелинг, Керол Потер и Џејмс Екхаус.
2-4 сезона
[уреди | уреди извор]Отворање започнува со младиници, соберени околу бела позадина (поголем дел се играат наоколу со се она што мислат дека е забавно). Играта завршува со неподвижна слика и започнува насловна картичка. Снимки од серијата (летни епизоди, филмска лента сликана во 1991) е прикажана со зборот „учесвуваат„ Следува видео од снимки (од првата и четврта сезона на серијата) со учество на секој член посебно заедно со неговото име. Недостасува Даглас Емерсон, чиј лик Скот Сканлон, беше периодичен а потоа убиен на средината на втората сезона. Со ова мораше да се исфрлат снимките од снимањата на кои тој учествуваше, и да се сменат со нови сцени. Четиринаесетта епизода од втората сезона во која тој е убиен е насловена како „Следните 50 години„. На крајот, учесниците тресат со рацете и потоа си заминуваат од камерата. Во 4 сезона, снимката е заменета со сцена од крајот на третата сезона „Отпочнување„. Беше дизајнирана од Луиза Холовел. Користената тема е ремиксувана верзија од темата на 1 сезона од Џон. Д. Дејвис, како и во навигаторската епизода „Класот од Беверли Хилс„. Темата подоцна е ремиксувана уште еднаш од Џон. Д. Дејвис во 4 сезона. Учесници во оваа верзија се: Џејсон Присли, Шенон Доерти, Џини Гарт, Ијан Зиеринг, Габриел Картерис, Лук Пери, Брајан Остин Грин, Тори Спелинг, Керол Потер и Џејмс Екхаус.
5 сезона
[уреди | уреди извор]Со заминување на Бренда, најавната шпица помина низ реконструкција. Најавната песна беше скратена за 58 секунди. И новите членови Тифани-Амбер Тисен и Марк Дејмон Еспињоза беа додадени. Исто така нов заштитен знак и ефект на текст. Џени Гарт стана главна глумица на отворањето. Отворањето оригинално содржи сцени од шоуто, но ова подоцна беше сменето со повеќе фото ленти од фотографирање. По напуштање на Андреа (Фабриел картерис) и Џес (Марк Дејмон Еспиноза) во последните епизоди на сезоната, нивни снимки беа отстранети на почетокот за следните епизоди. Почетокот беше дизајниран од непознат човек, чие име не е на листата во оваа сезона. Учесници во оваа верзија се: Џејсон Присли, Џени Гарт, Ијан Зиеринг, Габриел Картерис, Лук Пери, Брајан Остин Грин, Тори Спелинг, Марк Дајмон Еспиноза, Тифани-Амбер Тисен, Керол Потер и Џејмс Екхаус.
6-7 сезона
[уреди | уреди извор]Со нов извршен продуцент, почетокот уште еднаш помина низ големи промени, во кои се Кејтлин Робертсон (Клер Арнолд), Џими Волтерс (Реј Пруит), и за првпат Џои Е.Тата (Нет Бусичио). Новиот заштитен знак беше претставен, како и друг текстуален ефект (кој беше сличен на оној од 5 сезона). Почетокот беше дизајниран од Вилијам Браун. Учесници прикажани во оваа верзија се Џејсон Присли, Џени Гарт, Ијан Зиеринг, Лук Пери (6 сезона, само во 1-10 епозода), Брајан Остин Грин, Тори Спелинг, Тифани Тисен, Џои Е.Тата, Џејми Волтерс(6 сезона, само во 1-13 епизода) и Кејтлин Робертсон.
8-9 сезона
[уреди | уреди извор]Со нов извршен продуцент, заминувањето на Кејтлин Робертсон, и ликовите надвор од училиште, почетокот уште еднаш е преправан. Новите учесници Хилари Свонк (Карлу Рејнолдс) и Винсент Јанг ( Ноа Хантер) беа додадени (подоцна и Даниел Косгрув и Линдзи Прајс во 9 сезона). Снимањето на учесниците заедно на филмска лента доби сина боја. Почетокот беше дизајниран од Брајан Доленмајер. Учесници во оваа верзија се Џејсон Присли, Џени Гарт, Ијан Зиеринг, Брајан Остин Грин, Тори Спелинг, Тифани Тисен, Џои Е.Тата, Хилари Свенк (8 сезона, само од 1-19 епизода), Винсент Јанг, Линдзи Прајс и Даниел Косгроув.
9-10 сезона
[уреди | уреди извор]Со заминување на Џејсон Присли (9 сезона, 5 епизода), почетокот беше уште еднаш преправен, започнувајќи во 6 епизода од 9 сезона. Овој пат беа карактеристични исти ефекти од претходните сезони. Во 9 сезона исто беше и заминувањето на Тифани-Амбер Тисен (9 сезона, 7 епизода). Имаа и двајца нови учесници: Ванеса Марсил и враќање на Лук Пери (како специјален гост). Во 9 и 10 сезона учесници беа: Џени Гарт, иан Зиеринг, Барај Остин Грин, Тори Спелинг, Тифани Амбер Тисен, Винсент Јанг, Ванеса Марсил, Линдси Прајс, Даниел Косгроув, Јои Е.Тата и Лук Пери.
Додатни забелешки
[уреди | уреди извор]Торанд продукција беше користена за неколку сезони на серијата. Торанд продукција доаѓа од првите три букви на Арон Спелинг првото дете, Тори и првите четири букви од неговото второ дете, Ранди. Entertainment Weekly го назначи серијата за 20 на неговата топ 100 листа за телевизиски серии во последните 25 години. Списанието исто така и насловната тема ја назначи за 15-та на листата топ 25 телевизиски насловни теми. Заминување на Шенон Доерти од серија ќе биде најдолга континуираност која се има видено без главен лик и без друг гост по нејзино заминување. Почетната вечера во Пич Пит во првите епизоди во серијата е всушност е Ејплплан, вистинска институција во Лос Анџелес. Сместена во западен Лос Анџелес, неколку блока од Беверли Хилс. Пич Пит беше модерен по овој ресторан. Во мај 2003, мнозинството од членовите дадоа посебна телевизиска ретроспектива, Беверли Хилс 90210: повторна средношколска средба по 10 години. Средбата ги соедини: Џејсон Присли (Брендон Волш), Шенон Доерти (Бренда Волш), Џени Гарт (Кели Тејлор), Ијан Зиеринг (Стив Сандерс), Габриел Картерис (Андреа Зукермен) и Лук Пери (Дилан Меккеј). Џејмс Екхаус (Џим Болш), Керол Потер (Синди Волш) и Џо Е.Тата се приклучија на средбата на последниот дел. Даглас Емерсон (Скот Сканлон), Брајан Остин Грин (Дејвид Силвер) и Тори Спелинг (Дона Мартин) не се појавија. Ова ја обележи првата стедба на фамилијата Волш по заминувањето на Доерти пред девет години, во 1994. Средбата се одржа во дневната соба на фамилијата Волш, дури имаше и нивна заедничка слика на маса.
Прикажување
[уреди | уреди извор]Беверли Хилс 90210 започна да се прикажува од 4 октомври 1990 до 17 мај 2000 на Фокс во Сад. Неколку тв мрежи низ светот ја прикажуваа Беверли Хилс 90210. Во Обединето Кралство ИТВ ги прикажа првите две сезони додека сателитскиот канал Sky 1 стекна право на останатите сезони од 3-9. 10 сезона никогаш не беше прикажана. Подоцна Five стекна право да ги репризира сезоните од 1-4. Австралија го прикажуваше шоуто на Network Ten, Fox8 I Fox Kids. Во Канада крајните сезони се прикажуваа на Global. Исто така беше пуштено и на TVA (во Франција). Пуштено е и во Данска на TV2. Во Шпанија, шоуто беше пуштено на Tele 5 од 1991 до 2005. Во Индонезија беше пуштено на RCTI и Indosiar. Во Малезија, серијата се прикажува сега на 8TV почнувајќи од 14 јуни секоја сабота во 11:45. Во Италија, Беверли Хилс ззапочна со прикажување во ноември 1992 на најпознат канал и брзо стана најгледано шоу за тинејџери и адолесценти. Гледаноста беше голема сè до првите единаесет епизоди од шестата сезона. Тогаш серијата беше префрлена доцна попладне (каде имаше добра гледаност повторно). Финалето се прикажуваше во декември 2000. Репризите успешно се прикажуваа на Italia Uno и It! Italia Teen television. Моментално серијата се репризира во различни сезони на Rai 4 и SkyUno попладне и на ItaliaUno рано наутро. Словенија ги прикашуваше сите сезони секој ден од 4:10 попладне до 9 април 2009 (кога последната епизода ќе се дава). POP TV, како и да е беше прва Словенска телевизиска станица која емитува серии во 1990. На Филипини, мрежно место го прикажува шоуто преку Super 40 кое оди од 7:48 до 8:30 навечер.
Откажувања
[уреди | уреди извор]Кога Беверли Хилс, 90210 започна, шоуто беше силна тема-насочена кој близнаците Волш соочувајки се со различни тинејџерски прашања секоја недела за содржина на епизодите. Како шоуто напредуваше, стануваше се по лично-водени со различни карактери кои влегуваат во љубовни триаголници, додека се справуваат со основни адолесцентни прашања. Гледаност за десетта сезона заврши со просечни 10 милиони гледачи по епизода. Гледаноста беше мала во однос на претходинте сезони. Слабата гледаност, покрај високи трошоци поврзани со секкоја телевизија, шоуто во негова последна сезона водеа Fox да ја откаже серијата во јануари 2000. Во мај 2000, 25 милиони луѓе вклучија да ја гледат последната епизода. Сите основни учесници, не вклучувајќи ги Шенон Доерти и Даглас Емерсон, се појавија во финалето. Денис Доусен и Тифани-Амбер Тисен исто така се врати.
|